Ако сè уште не сте пробале златно млеко, верувајте пропуштате многу! Тоа е кремаст (без млечни производи), топол млечен напиток кој изобилува со многу хранливи материи. Спој на супернамирници како што се куркума, кокосово масло, мед, млеко преточени во прекрасен топол напиток претставуваат средство кое го зајакнува имунитетот, ја подобрува дигестијата и врши детоксикација на црниот дроб. Златното млеко е напиток кој во ајурведата и кинеската медицина се користи стотици години наназад, а кај нас постана актуелен изминативе неколку години. Ајурведанската медицина овој напиток особено го препорачува за во состојби кога е потребно ублажување на кашлицата. Куркумата се користи во ајурведската медицина илјадници години за состојби како што се проблеми со дишењето, болки во зглобовите, замор, дигестивни проблеми и многу повеќе. Современите истражувања исто така сугерираат дека куркумата е силен антиоксиданс со антимикробно и антиканцерогено дејство. Кашлицата претставува спазматична мускулна контракција која испушта слуз од телото и е акумулирана во бронхиите на белите дробови. Златното млеко има способност да ја омекне сувата кашлица, да ја разреди слузта и да го стимулира нејзиното исфрлање. Златното млеко има кремаста структура и може да се пие самостално или пак да се додава во други јадења како што се овесните каши и слично. Влијанието му е антисептичко и антиинфламаторно и на тој начин влијае на зајакнување на имунитетот. Есента и променливото време кое го носи со себе се идеален период за консумација на овој благопријатен напиток. 10 придобивки од златното млеко: Може да помогне во намалувањето на воспалението и болката во зглобовите. Клучните состојки се полни со антиоксиданси. Може да ја подобри меморијата и функцијата на мозокот. Може да го подобри расположението. Може да заштити од срцеви заболувања. Може да го намали нивото на шеќер во крвта. Може да го намали ризикот од рак. Има антибактериски, антивирусни и антигабични својства. Ѓумбирот и куркумата може да го подобрат варењето. Калциумот и витаминот Д придонесуваат за посилни коски. За да го подготвиме овој напиток, најнапред потребно е да подготвиме т.н златна мешавина, чија што постапка ви ја приложуваме во продолжение: 100 гр куркума во прав (пожелно е органска). 1 чајно лажиче црн бибер. 1 мало лажиче цимет. 1 мало лажиче ѓумбир во прав. 100 гр кокосово масло. 3 лажички органско какао. 350 мл филтрирана вода. Подготовка; Во соодветно тенџере се загрева куркумата, црниот пипер, циметот, ѓумбирот, какаото кокосовото масло и водата. На умерена температура со често мешање смесата крчка околу десетина минути додека не испари вишокот вода. Се отстранува тенџерето од оган и се остава да се излади 10 до 15 минути. Потоа се додава 1 лажица мед и убаво се меша заедно со смесата. Вака подготвената мешавина се чува во стаклен сад во фрижидер и може да отстои неколку недели до неколку месеци. Кога сакате да направите златно млеко, загрејте 100 -200 милилитри млеко по избор (мој избор е кокосово или бадемово), додадете една до две лажици паста од куркума и убаво се соединете со мешање. Златното млеко можете да го консумирате после есенските прошетки, кога ви е потребно загревање, додека консумирано пред спиење ви гарантира спокоен сон, препорачливо е во состојби на сува кашлица и што е најзначајо можат да го консумираат и децата. Наздравје!
Црното семе или Nigella Sativa Seeds вообичаена состојка која се наоѓа во индискaта кујна. Но, дали знаете дека можат да направат чуда за вашата коса? Семињата од Nigella Sativa се широко користени во подготовката на многу маски за коса и регенератори достапни на пазарот. Овие семиња имаат антиинфламаторни соединенија и хранливи материи кои се неопходни и корисни за вашата коса. За да ги внесете како дел од вашата рутина за нега на коса, можете да ги претворите во масло за коса. Подолу прочитајте како да направите масло од црно семе користејќи само неколку состојки. Црното семе има антиинфламаторни соединенија кои ја намалуваат иритацијата од вашиот скалп. Воспалението на скалпот доведува до првут и други проблеми со косата кои дополнително доведуваат до опаѓање на косата. Преполно со хранливи материи, црното семе е одлично за вашата коса. И ги дава потребните хранливи материи и го зголемува растот на косата. Со подобрување на здравјето на фоликулите на косата, ова масло го зголемува целокупното здравје на вашата коса. Со тоа не само што се зголемува растот на вашата коса, туку и го спречува опаѓањето на косата. Маслото од црно семе има линолеинска киселина која го спречува побелувањето на косата. Маслото од црно семе има омега 3 и тоа помага во зголемување на циркулацијата на крвта што дополнително го поттикнува растот на косата. Како да направите масло од црно семе дома?Потребни ви се: 1 лажица црни семки 1 лажица семки од тилчец/пискавец 200 мл кокосово масло 50 мл рицинусово масло Начин на подготовка:Ставете ги во блендер или мелница за кафе црното семе и семките од тилчец и сомелете ги во прав. Ставете го овој прав во стаклен сад. Додадете го кокосовото и рицинусовото масло и измешајте. Затворете го садот и ставете го на сончева светлина. Чувајте го 2 до 3 недели. Продолжете да го мешате маслото на секои два дена и по 2-3 недели процедете го. Нанесете го ова масло на вашата коса еднаш или двапати неделно за најдобри резултати. Како да користите масло од црно семе за коса:Маслото од црно семе е разновиден производ кој се користи за различни намени. Еве неколку начини на кои можете да го користите маслото од црно семе за коса: За третирање на првут, нанесете неколку капки масло од црно семе на скалпот. Можете исто така да го измешате со неколку капки масло од чајно дрво, за кое е познато дека е соодветно за лекување на првут. За да спречите оштетување на косата од штетните сончеви зраци, нанесете неколку капки масло од црно семе на косата, особено на врвовите. За да ја смирите иритацијата, измешајте неколку капки масло од црно семе и масло од лаванда и нанесете ги на скалпот и косата. Заедно тие можат да обезбедат смирувачки ефект и да спречат иритација. Совети за нанесување масло од црно семе:Еве неколку совети што треба да ги имате на ум кога нанесувате масло од црно семе на вашата коса: • Најдобро е да го користите маслото навечер, бидејќи може да направи вашата коса да изгледа мрсно кога се нанесува во текот на денот.• Ако имате здрава коса, додадете неколку капки масло од црно семе во вашиот регенератор за дополнителни придобивки.• Ако имате густа или груба коса, можете да употребите малку повеќе масло во косата. Погрижете се да не користите премногу, бидејќи тоа може да направи вашата коса да изгледа мрсно.• Друг начин да го користите маслото од црно семе е да го нанесете на вашата влажна коса наместо серум. И кокосовото масло и семките од тилчец се одлични за вашата коса. Тие ги спречуваат проблемите како опаѓање на косата и проретчување на косата. Кога користите масло од црно семе со други масла, може да биде навистина тешко да го отстраните од вашата коса. Користете добар шампон за да ја измиете темелно вашата коса.
Нутритивниот состав на овесот е она што го вбројува во групата на најздрави житарки а со тоа и една од најкомплетните намирници што по многу прифатлива цена може да се најде кај нас на пазарот. Значајно е да се напомене дека оваа житарка се користи како полнозрнеста. Без разлика дали ќе ја подготвите како цело зрно или овесни снегулки, ги внесувате сите хранливи компоненти. Па, што мислите за ароматна топла или ладна овесна каша со овошје, јатки или какао? Не постои подобар начин да го започнете денот. Овесна каша со банана и путер од јаткиСОСТОЈКИ:• 1 cup oвесни снегулки• 1 банана насецкана, оставете неколку парченца за топинг• 1 лажица чиа семе• 1 лажица цимет• 1 лажица ванила екстракт• прстофат сол• 3 cups растително млеко или вода• 2лажици сецкани ореви• 2 лажици путер од кикирики или друг вид јаткаст путер Во мало тенџере додадете ги овесните снегулки, водата или млекото, солта, циметот и ванилата (ако користите) и загрејте ги на умерен оган. Оставете ја смесата да зоврие, намалете ја топлината на тивок оган и продолжете да готвите околу 5-7 минути повремено мешајќи. Овесната каша е готова кога овесот ќе впие поголем дел од течноста и ќе стане кремаст. Префрлете се во сад и додадете ги парчињата банана, тостираните ореви, путерот од кикирики ичиа семето. Парчињата банана можете да ги додадете и за време на процесот на готвење. Бананата ќе додаде еден тон вкус и малку сладост на овесната каша. Oвесна каша со свежо овошјеСОСТОЈКИ:• 1 cup овесни снегулки• 3 лажици растително млеко или вода• 3 големи лажици грчки јогурт• 1 мала лажичка мед• 1⁄2 cup свежо овошје (сезонско)• 2 големи лажици печени јатки – ореви, лешници, бадеми Во стаклена тегличка или сад ставате ги овесните снегулки, млекото, грчкиот јогурт и медот и убаво промешајте.Откако убаво ќе се соединат овие состојки, додадете го свежото овошје кое го преферирате. Одберете сезонско овошје, макар да и замрзнато овошје е опција. На крајот декорирајте со печените јатки и ставете во фрижидер да отстои преку ноќ или барем неколку часа. Oвесна каша со јаболко и циметСОСТОЈКИ:• 1 cup овесни снегулки• 1 cup растително млеко или вода• 2 лажици јаворов сируп/мед/агаве• 1лажичка цимет• 1/2 лажичка ванила екстракт• прстофат сол• 2 лажици сецкани јатки по желба• 1/2 cup сецкани јаболка Во мало тенџере измешајте јаболка исечкана на коцки, јаворов сируп/мед/агаве и цимет и пржете неколку минути додека јаболката не омекнат и не изгледаат слично на печените јаболка. Ставете на страна. Додадете овес, вода, јаворов сируп, цимет, ванила и сол во тенџере на средно-силен оган. Оставете ја смесата да зоврие, намалете ја топлината на тивок оган и продолжете да готвите околу 5-7 минути повремено мешајќи. Овесната каша е готова кога овесот ќе впие поголем дел од течноста и ќе стане кремаст. Префрлете го во сад и одозгора наредете ги претходно подготвените јаболка од цимет, јатките и посипете со цимет и дополнителен засладувач доколку е потребно. Oвесна каша со како и мед – чоколадна овесна кашаСОСТОЈКИ:• 1 cup овесни снегулки• 200 мл растително млеко или вода• 3 мали лажички какао• 1 голема лажичка мед/јаворов сируп/сируп од урми/агаве• 30 грама мелени јаткиореви/лешници/бадеми • јатки, кокосов чипс или овошје по желба за декорација Овесните снегулки заедно со млекото или водата ставете ги во сад за готвење и гответе на средна температура се додека не добиете густа каша. Пред целосно да зоврие водата, додадете го какаото и промешајте убаво. Тргнете го садот од оган и додадете го медот и претходно измелените јатки. Мешате се заедно. Добиената каша декорирајте ја по желба со овошје, путер или кокосов чипс. За кој и рецепт да се одлучите да го пробате, нема да згрешите,
Tие се ВОЗДУШЕСТИ. Тие се МЕКИ. Тие се АРОМАТНИ. Тие се ПРЕВКУСНИ. Тие се ШВЕДСКИ ЦИМЕТ РОЛНИЧКИ. Еве како да ги приготвите: За тестото: 100 гр путер 360 мл млеко кесичка квасец 640 гр брашно тип 400 50 гр кафеав шеќер прстофат сол За преливот: 100 гр путер на собна температура 100 гр кафеав шеќер 3-4 лажички мелен цимет 2 лажички мелен кардамон За премачкување: јајце шеќерни зрна или листови бадем Подготовка:Стопете го путерот, додадете го млекото и загрејте да биде топло. Одвоете неколку лажици млеко и додадете квасец. Во сад измешајте ги брашното, шеќерот, кардамонот и солта.Додадете квасец, млеко и путер, па замесете тесто. Префрлете се на подлога, месете 3-5 минути и оставете да отстои околу еден час. Обложете ја тавата за печење со хартија за печење. За филот измешајте го омекнатиот путер со шеќерот и зачините. Поделете го тестото на два дела.Дел од тестото префрлете го на основата, измешајте, па развлечете го во правоаголник 28 x 43 cm. Премачкајте со половина од филот, размачкајќи до рабовите. Се тркала во ролат и се сечат прстени со дебелина од околу 1,5 см.Наредете ги во плех со пресекот нагоре. Повторете со другата половина од тестото и филот. Вклучете ја рерната на 225 степени. Оставете го пецивото на оган околу 45 минути, премачкајте го со јајцето, па посипете со шеќерни зрна или ливчиња бадеми. Печете 10 минути.
Хумусот е намаз, традиционален за земјите од Блискиот Исток. Во современиот свет неговата популарност расте во светски рамки, заради специфичниот, богат вкус, мазната текстура, а се смета и за еден од најздравите намази не само за вегетаријанската исхрана, туку и за сите љубители на ориенталската храна. Зошто хумусот е исклучително хранлив и корисен?1. ДијабетесХумусот помага во регулација на нивото на шеќер во крвта, поради нискиот гликемиски индекс на главната состојка на хумусот: наутот. Хранливите влакна во хумусот и сложените јаглехидрати кои ги содржи, го регулираат нивото на шеќер кој се ослободува во крвта и така помагаат во контрола на дијабетесот. Затоа хумусот се препорачува како дел од менито за исхрана кај дијабеичарите.2. Здрав меѓуоброкБидејќи е богат со протеини, може да ви помогне во контрола на апетитот и регулација на нивото на шеќер во крвта. Особено е полезен за намалување на потребата од постојано грицкање. Исто така, железото кое го содржи хумусот помага во зголемување на енергијата, што може да ве направи помотивирани за вежбање.3. Дигестивно здравјеХумусот содржи голем број на хранливи влакна кои помагаат во одржување на дигестивно здравје. Особено се покажал како корисен во борбата против констипација и полесно движење на храната низ дигестивниот систем.4. Здрави мускулиНаутот е извор на амино киселини кои се многу важни во градење на здрави мускулни влакна. Амино киселините телото ги користи во процеси како градење на мускулна маса, обнова на ткива и продукција на енергија.5. Омега-3 масни киселиниУште една намирница на хумусот е маслиновото масло кое е богато со омега-3 масни киселини. Истите имаат многу корисно дејство врз телото особено при воспалителни болести и болести како артритис, хипертензија и рак.6. Кардиоваскуларно здравјеХумусот е одличен за одржување на кардиоваскуларно здравје, повторно како резултат на маслиново масло кое го содржи. Според истражувањата, конзумацијата на маслиновото масло е една од причините за ниска стапка на смртност од кардиоваскуларни болести во медитеранските земји, во кои маслиновото масло се конзумира речиси двојно повеќе отколку во останатите земји. Исто така студиите потврдуваат дека конзумацијата на храна која во себе содржи маслиново масло, како хумусот, помага во борбата против кардиоваскуларни компликации и во одржување на здрав нервен систем. Потребни состојки:• 400 гр варен наут (наутот доколку е сув, се пониснува во вода и се остава да отстои преку ноќ, со тоа значително се намалува времето за готвење; се премива со чиста вода и се вари додека да омекне)• 3 лажици сусамов таан• 100 мл маслиново масло• сок од 1 лимон• 1 лажичка сол• 1 лажичка бибер• 2 чешниња лук• додатоци по желба: семки од тиква, семки од сончоглед, куркума, свеж магдонос… Начин на подготовка:Ставете ги сите намирници во блендер и блендирајте. Додадете малку од водата во која се варел наутот (или водата од конзервата наут ако се одлучите да користите готов), додека не добиете смеса со густина на пире. Добиената смеса ставете ја во еден сад и хумусот е спремен за сервирање. Сервирајте со ливчиња магдонос, една лажица маслиново масло и малку бибер. Намазот може да го јадете намачкан на интегрално лебче, како додаток на домашните сендвичи или во комбинација со зеленчук, како моркови, целер, краставици.
Овој едноставен за подготовка чоколаден пудинг од чиа семе го спојува какаото со ѓумбирот за да создаде навистина неодолив вкус! Не само што е доволно богат за да помине како вкусен десерт, тој е полн со хранливи материи и влакна за да ве држи сити во текот на денот. Направете го со кокосово или бадемово млеко – изборот е ваш! Има само нешто толку добро во оваа комбинација какао-ѓумбир, со тоа што ѓумбирот го дава совршениот зачинет завршеток на горчината на чоколадото. Потребни состојки:• 1/2 чаша чиа семе• 4 лажици висококвалитетносирово какао во прав• 1 лажичка мелен ѓумбир• 3 лажици чист јаворов сируп / мед• 2 чаши млеко по изборбадемово, кокосово, овесно млеко• додатоци по избор: јаткасти плодови,кокосови снегулки, грутки од какао, гранола итн. ИнструкцииДодадете ги чиа семето, какаото во прав и ѓумбирот во голема чинија или тегла. Измешајте ги состојките пред да додадете млеко и јаворов сируп или мед.Добро измешајте ги влажните и сувите состојки, па покријте и чувајте ги во фрижидер минимум 2 часа додека смесата не се зацврсти.Извадете ја од фрижидер и ставете ја смесата во блендер со голема брзина. Мешајте додека не се изедначи (~ 1 минута). Послужете и додадете прелив по желба. Овој пудинг најдобро се ужива ладно! Совети за правење пудинг од чиа семе Треба да предвидите најмалку 2 часа време за да се впие течноста во чиа семето. Ова предизвикува чиа семето да отече и да создаде „гел“, што е она што му дава текстура слична на пудинг. Овој чекор НЕ МОЖЕТЕ да го прескокнете! Чиа пудингот е најдобро да се ужива во изладена форма – чувајте го во фрижидер додека не сте подготвени да го јадете! Слободно направете поголема серија од чиа пудингот за да го чувате во фрижидер цела недела! Едноставно приспособете ги состојките да одговараат на вашите потреби – за секоја 1 чаша млеко, ќе ви требаат 1/4 чаша чиа семе. Ако сметате дека пудингот е премногу течен за ваш вкус – едноставно додадете уште неколку чиа семки. Ако е премногу густо – додадете уште малку млеко. Додадете ги топинзите непосредно пред сервирањето, инаку ризикувате да станат влажни.
Oвие тркалезни лепчиња со црн бибер се воздушести, нечни и меки – одличен додаток кон секое јадење. Со снегулки од црн бибер, овие лепчиња се поинакви од се што сте пробале до сега! Потребни состојки (за околу 20 колачиња): 6 чаши брашно 2 лажица шеќер 1 лажичка сол 8 лажички прашок за пециво 1 лажичка крем сирење 1.5 чаша ладен путер (од фрижидер) 2 јајце 2 чаши млеко 4 лажички свежо мелен црн пипер Инструкции: Извадете го путерот од фрижидер и исечете го на порции големи колку 1 лажица. (По желба можете да гио исечете на уште помали парчиња). Повторно ставете ги во фрижидер. Ладниот путер е императив! Загрејте ја рерната на 220 степени. Измешајте ги сите суви состојки заедно во сад со средна големина. Извадете го путерот од фрижидер и со алатка за сечење на пецива или со нож исечете го уште поситно во сувите состојки. Сечете само додека не видите мали парчиња путер (не поголеми од грашок). Не обидувајте се целосно да го измешате целиот путер додека не исчезне во останатите состојки. Тие мали парчиња путер се важни. Изматете го јајцето со млекото и додадете го во смесата со брашно/путер. Мешајте само додека да се соедини. Не додавајте повеќе брашно и не го мешајте тестото, иако е лепливо. Великодушно набрашнете голема површина (како чиста плотна или голема даска за сечење). Ставете го тестото врз брашното и додадете брашно врз тестото. Месете 10-15 пати. Ако е премногу лепливо, додадете уште малку брашно. Расукајте го или тапкајте го тестото така што ќе биде дебело од 2-2.5 см . Оваа висина е важна. Сè што е помало од ова нема да ви ги даде високите колачи што ги посакувате. Со помош на голема шолја или чаша, исечете ги бисквитите и ставете ги на подмачкано тавче. Продолжете да го расукувате останатото тесто додека не ги напраите сите колачи. Печете 10-15 минути додека не порумени одозгора. По желба, намачкајте ги со путер врелите бисквити. Добар апетит!
Златно млеко или лате од куркума е прекрасен еликсир за здравје! Кокосовото млеко, куркумата и топлите зачини го прават овој рецепт за лате толку пријатен и здрав. Потребни состојки: 2 чаши кокосово млеко 2 лажици кокосов шеќер 1 лажичка мелена куркума 1/2 лажичка мелен цимет 1/4 лажичка мелен ѓумбир 1/2 лажичка ванила екстракт прстофат мелено морско оревче прстофат сол Инструкции Додадете ги сите состојки во мал сад за готвење и варете на тивок до среден оган. Континуирано и енергично матете додека не почне да се создава пена. Во блендер истурете го млекото од куркума и блендирајте додека не стане убаво и пенесто. Најдобро е да се консумира веднаш. Можете да го замените кокосовото млеко со конзервирано кокосово млеко. Ова ќе му даде покремаста структура на самото лате, но ќе содржи многу повеќе калории и масти!
Печена риба положена на свежа постела од спанаќ, прекриена со јаткасти плодови е непогрешлив начин за елегантно готвење. Oва јадење е особено вкусно приготвено со слатка бела риба како треска или камбала. Потребни состојки: кора и сок од 1 лимон ½ чаша сецкани бадеми, крупно сецкани 1 лажица ситно сечкан свеж копар или 1 лажичка сушен 1 лажица плус 2 лажички екстра девствено маслиново масло 1 лажичка хималајска сол свежо мелен пипер по вкус 600 гр треска или камбала, поделена на 4 порции 4 лажички Дижон сенф 2 чешниња лук, исечени 450 гр спанаќ резанки лимон за украсување Начин на приготвување: Загрејте ја рерната на 200 степени. Обложете тавче со хартија за печење и напрскајте го со масло заготвење. Во помал сад измешајте ги кората од лимон, бадемите, копаотр, 1 лажица маслиново масло, 1/2 лажичка сол и бибер. Ставете ја рибата на подготвеното тавче и премачкајте го секое парче со 1 лажичка сенф. Поделете ја смесата со бадеми на 4 порции и распределете ја врз парчињата риба притискајќи врз сенфот. Печете ја рибата додека не стане мека во центарот, околу 10 тина минути, во зависност од дебелината. Во меѓувреме, загрејте ги преостанатите 2 лажички масло на средна топлина. Додадете го лукот и запржете, мешајќи, додека не ја осетите неговата арома. Внимавајте да не го изгорите, пржете околу 30 секунди. Додајте го спанаќот, сокот од лимон и преостанатата 1/2 лажичка сол; зачинете со бибер. Гответе, често мешајќи, додека спанаќот не ја намали количината, 2 до 4 минути. Покријте за да остане топло. Послужете ја рибата со парчиња спанаќ и лимон по желба. Добар апетит! Овој рецепт е совршен како ручек или елегантна вечера за деновите пред Велигденските празници.
Ова домашно темно чоколадо ќе го задоволи и најпретенциозниот љубител на чоколадо.Подготвено е со вистински состојки од какао, исполнето со бразилски ореви и семки од тиква и има посебен слатко-горчлив вкус во кој ќе се заљубите. Вистинскиот рецепт за чоколадо се базира на какао маса и какао путер, со додаден засладувач (тука користевме кокосов шеќер). Вклучивме и малку кокосово масло за да го направиме екстра кремасто, како и ванила и цимет за вкус и арома. Професионален совет: Слободно заменете ги семките од тиква и бразилските ореви со сè штосакате. Оревите, пеканот или семките од сончоглед се одлични алтернативи. Чипсот од кокос или сушените парчиња манго делуваат исто толку добро. И ако сакате да го направите дополнително сладок, можете да додадете 1-2 урми (насецкани). СОСТОЈКИ• 80 грама какао (маса)• 50 грама путер (какао)• 3 лажички кокосов шеќер• 1/2 лажиче ванила во прав• 1/2 лажиче цимет во прав• 3 бразилски ореви• 30 грама кокосово масло• 1 лажица семки од тиква(накиснати во вода преку ноќ) ИНСТРУКЦИИСтавете ги сите состојки, освен оревите и семките во сад за топење на водена пара. Чоколадото нека се стопи полека, без премногу да се зголемува температурата. Откако ќе се стопи додадете ги сецканите бразилски ореви и семки од тиква и измешајте ги вопастата. Истурете го чоколадниот крем во стаклен или керамички сад со рамно дно. Поместете го садот во фрижидер и оставете го да отстои таму додека чоколадото не стане цврсто. Откако ќе зацврсти, извадете го од фрижидер и исечете ги на правоаголници. Уживајте!