Златно млеко или лате од куркума е прекрасен еликсир за здравје! Кокосовото млеко, куркумата и топлите зачини го прават овој рецепт за лате толку пријатен и здрав.
Потребни состојки:
2 чаши кокосово млеко
2 лажици кокосов шеќер
1 лажичка мелена куркума
1/2 лажичка мелен цимет
1/4 лажичка мелен ѓумбир
1/2 лажичка ванила екстракт
прстофат мелено морско оревче
прстофат сол
Инструкции
Додадете ги сите состојки во мал сад за готвење и варете на тивок до среден оган. Континуирано и енергично матете додека не почне да се создава пена.
Во блендер истурете го млекото од куркума и блендирајте додека не стане убаво и пенесто. Најдобро е да се консумира веднаш.
Можете да го замените кокосовото млеко со конзервирано кокосово млеко. Ова ќе му даде покремаста структура на самото лате, но ќе содржи многу повеќе калории и масти!