Nigella sativa е мало црно семе кое потекнува од цветно растение од семејството Ranunculacea. По потекло од југозападна Азија и Медитеранот, сега расте низ Индија, Блискиот Исток и Европа. Нигела сатива со векови се користи во хербалната медицина за лекување на одредени здравствени состојби, вклучувајќи астма, бронхитис и воспаление. Долго време се користи и како конзерванс за зачини и храна. Во изминатата деценија, американски и арапски научници од реномирани истражувачки институти започнаа, користејќи современи методи, да ја анализираат оваа неверојатна билка. Претходните студии покажаа дека црното семе не делува директно на одделни органи, туку делува на целото тело преку имунолошкиот систем и прочистува преку дебелото црево, па придобивките се повеќекратни. Со зголемен стрес, конзумирање на средства за уживање, недостаток на движење, еднострана или погрешна исхрана, го уништуваме нашиот имунолошки систем. Современото имунолошко истражување потврдува дека редовната употреба на масло од црно семе има превентивно дејство против социјални болести како што се некои видови на рак, затнати артерии, ревматски заболувања, појава на катаракта на очите. Незаситените полномасни киселини, кои се содржани во црното семе, се потребни како градежни блокови за ткивните хормони. Тие го стимулираат метаболизмот и варењето на храната. Покрај тоа, тие го регулираат холестеролот и овозможуваат здрав метаболизам. Значи, тие се од големо значење за кожата и косата. Ефекти и делување Црното семе е безопасно и ефикасно и може да го користи скоро секој. Неговите ефекти се постигнуваат со упорна употреба. Ако се користи правилно и со правилна доза, тоа нема да предизвика никаква иритација или несакани ефекти. Црното семе може да се користи во третманот на Diabetes Mellitusa и дијабетес предизвикан од алергии, но се препорачува третманот да се спроведува под надзор на лекар, бидејќи дериватите на црното семе го намалуваат нивото на шеќер во крвта. Употребата на овој лек не се препорачува за бремени жени, додека на децата им се препорачува да консумираат половина од пропишаната доза. Исто така, пациентите со трансплантација на органи не треба да го користат маслото. Семето помага во спречување на астма, крвен притисок и одредени видови на рак. Се верува дека ова се должи на тимокинонот, активна состојка во екстрактот од масло од Nigella sativa која има антиинфламаторни, анти-тусивни, антихипертензивни, антидијабетични, антибактериски и антиканцерогени својства. Астма и алергии Природната супстанција на маслото од црно семе има потенцијал да ги ублажи симптомите на астма со проширување на бронхиолите за да овозможи проток на воздух во белите дробови. Nigella sativa има влијание и врз алергискиот ринитис. При назална конгестија, течење и чешање на носот и кивање, Nigella sativa помага во намалување на симптомите. Висок крвен притисок Nigella sativa има антихипертензивни својства, кои помагаат во намалување на крвниот притисок. Рак Во некои студии за клетките на ракот на човечките гради, мочниот меур, грлото на матката, простатата и бубрезите кои откриле дека Nigella sativa има потенцијал во борбата против ракот. Истражувањата покажале дека тимокинонот го инхибира размножувањето на клетките на ракот и во некои случаи, ги убива канцерогените клетки. Други болести и тегоби Некои студии сугерираат дека Nigella sativa може да има потенцијал во лекувањето на Алцхајмерова болест и висок холестерол. Други популарни намени вклучуваат: Воспаление Кашлица Дигестивни проблеми Мигрена Ревматичен артритис Поленска треска Подобрени ментални перформанси Егзема Чир на желудникот Метаболичен синдром Хепатит Ц Напади Контрацепција Зголемување на протокот на мајчиното млеко Менструални нарушувања
Кога ќе се спомене просото, поголемиот дел од луѓето помислуваат на храна за птиците, односно за папагали. Сепак, можеби и не е толку познато, но оваа хранлива и вкусна жaитарка која може да живее и на не толку богати почви, се употребувала од луѓето уште од почетоците на човековата цивилизација. Освен што е доста хранлив избор (витамини, минерали итн) просото не содржи глутен што го прави погодна храна и за оние со целијакија. Во зависност од начинот на подготовка, просото може да биде кремасто, како пире од компир, но и со поцврста површина и мека внатрешност, како оризот. Тоа го прави погодно за низа различни рецепти. Постојат повеќе видови од оваа житарка, односно повеќе бои и облици, но по нашите продавници најчесто можеме да го најдеме излупеното просо со жолта боја. Најчесто се користи во земјите во развој низ Африка и Азија, но во последно време и кај нас се користи доста често. Во продолжение, 4 причини зошто јадењето просо треба да биде уште почесто, но и кои лица треба да го избегнуваат. 1) Богат нутритивен, но и антиоксидативен извор Просото е пред сé скробна храна, богата со минерали и витамини. Во 174g просо се содржат: ◦ 207kcal ◦ 41g јаглехидрати ◦ 2,2g растителни влакна ◦ 6g протеини – просото обезбедува најмногу есенцијални аминокиселини од било која друга житарка. Аминокиселините се градбени единици за протеините, а есенцијални се оние кои телото не може само да ги продуцира, па мораат да бидат внесени преку исхраната. ◦ 1,7 масти ◦ 31% од Дневните Потреби за бакар ◦ 25% од ДП за фосфор ◦ 19% од ДП за магнезиум ◦ 24% од ДП за витамин Б2 ◦ 31% од ДП за витамин Б3 ◦ 29% од ДП за витамин Б6 ◦ 17% од ДП за витамин Б5 ◦ 8% од ДП за витамин Б9 ◦ 13% од ДП за калциум – најголема содржина на калциум од сите житарки. ◦ 6% од ДП за железо Просото е богато и со фенолни антиоксиданти, особено ферулична киселина и катехини. Антиоксидантите се прва линија на одбрана од процесите на хронична инфламација во организмот, предизвикани од оксидативниот стрес. Борбата на организмот со оксидативниот стрес, кој е предизвикан од слободните радикали е од особено значење за намалувањето на хроничните воспалителни процеси, кои пак се вбројуваат помеѓу главните ризик-фактори за повеќе хронични заболувања Феруличната киселина повеќето студии ја поврзуваат со побрзото заздравување на раните, со заштитата на здравјето на кожата, но даваат податоци и за нејзините силни антиоксидативните својства. Катехините генерално делуваат на заштитувањето од труењата со тешките метали, преку врзувањето со нив во крвотокот. Сепак, треба да се знае дека концентрацијата на антиоксидантите зависи од бојата на просото, оние потемните имаат поголеми количества. 2) Просото е добра храна за здравјето на срцето Освен што ова својство се должи на антиоксидативниот ефект, просото е од помош за срцевото здравје и на неколку други начини. На пример, тоа е добар извор на магнезиум, минерал кој е значаен во регулирањето на крвниот притисок, а во студиите се покажал и како намалувач на ризикот од срцев удар, особено кај луѓето со некакви срцеви заболувања. Просото е добар извор и на растворливи растителни влакна и одредени протеини, што може да делува на намалување на нивоата на холестерол, но и на маснотиите во крвта. Знаеме дека високиот процент на холестерол и триглицериди во крвта е помеѓу најзначајните ризик-фактори, кога станува збор за кардиоваскуларните заболувања. Дополнително, просото содржи фитонутриенти наречени лигнани, кои од користната цревна микрофлора се трансформираат во соединенија(најголемиот дел ентеролактони), кои освен што можат да имаат антиканцерогено дејство, делуваат заштитувачки и во однос на срцевото здравје. 3) Корисна храна и за дијабетичарите, но и за слабеење, дигестивно здравје Како што веќе споменавме, просото е одличен избор на растворливи растителни влакна и нескробни полисахариди – два типа на недигестибилни јаглехидрати кои ја помагаат контролата на шеќерот во крвта. Растителните влакна го намалуваат гликемискиот индекс на храната, односно брзината на преминување на глукозата во крвта е успорена. Дополнително, се врзуваат со водата во стомакот и промовираат чувство на ситост и се одлична храна за корисната цревна флора. Овие факти се корисни, покрај за процесот на слабеење и здравјето на корисната микрофлората, за луѓето со дијабет. Исто така, споменавме дека просто (како и повеќето полнозрнасти житарки) е богат извор и на магнезиум, минерал кој делува како кофактор за преку 300 ензими, вклучително и ензимите кој имаат улога во метаболизмот на глукозата и инсулинската секреција или лачење. Сé поголем број студии укажуваат дека освен што полнозрнастите житарки го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни заболувања, тие го намалуваат и ризикот од дијабет тип 2. 4) Добра храна за превенирање од создавањето на жолчни камчиња Одредени студии покажуваат резултати според кои просото и останатата храна богата со нерастворливи и растворливи растителни влакна, можат да им помогат на жените да ги избегнат непријатните симптоми, однсно појавувањето на жолчните камчиња. На пример, една студија спроведена на околу 70 илјади жени, вели дека оние кои консумирале храна богата со фибер (било кој вид), имале за 13% намален ризик од развивање на жолчни камчиња, во споредба со оние кои не консумирале храна богата со растителни влакна. Нерастворливите влакна пак, се покажале како намалувачи на ризикот и до 17%. Истражувачите сметаат дека ова дејство на фиберот се должи, не само на неговото дејство во однос на побрзото придвижување на хранта во дигестивниот тракт, односно добрата цревна перистатика, туку и на неговото намалувачко дејство во однос на лачењето жолчни киселини. Плус на тоа, подобрената инсулинска сензитивност и подобрениот вкупен липиден профил, кој исто така е можен со поголема консумација на растителни влакна, игра одредена улога. Кои лица треба да го избегнуваат просото? Просото содржи компоненти наречени гоитрогени кои студиите ги поврзуваат со нарушувањето на нормланата функција на тироидната жлезда. Сепак, според истражувања, потребни се доста големи концентрации од гоитрогените за да се покажат несакани ефекти! Повеќето несакани ефекти се забележани кај пациентите со недостаток на јод. Исто така, готвењето на храната со гоитрогени, значително ги деактивира. Исклучок од ова е просото. За него, истражувачите велат дека може да биде штетно кај луѓето со проблеми со тироидната
Oвесот се вбројува во најздравите житарки. Тој е навистина богат извор на микро и макронутриенти, на растителни влакна и е погоден за консумација кај луѓето кои имаат глутенска интолеранција или целијакија. Доста е значајно што ваквата житарка се користи како полнозрнеста. Тоа значи дека сите можни нејзини хранливи компоненти можат да бидат внесени. Во нашиот асортиман можете да го најдете како цело лупено зрно, овесни снегулки или брашно oвес. Во продолжение неколку од најважните, научно потврдени корисни дејства на овесот врз нашиот организам: 1) Овесот е ,,супер-храна”Хранливот состав на овесот е добро балансиран. Тоа значи дека тој е добар извор на сложени јаглехидрати, но во исто време и на растителни влакна, вклучително можеби најмоќниот фибер, бета-глуканот.Овесот е исто така подобар извор на протеини и масти од повеќето житарки. Исклучително богатиот микронутритивен состав, во само една чаша (oколу 80g) или еден овесен оброк е следен: Манган – 191% од Дневно Препорачаниот Внес Фосфор – 41% од ДПВ Магнезиум – 34% од ДПВ Бакар – 24% од ДПВ Железо – 20% од ДПВ Цинк – 20% од ДПВ Витамин В9 – 11% од ДПВ Витамин В1 – 39% од ДПВ Витамин В5 – 10 од ДПВ помали концентрации на калциум, калиум, витамин В6 и витамин В3. Сето ова доаѓа заедно со квалитетниот макронутритивен состав од 50g jaглехидрати, 13g протеини и 8g растителни влакна. При тоа, калориската или енергетска вредност е само 300Kcal. Oва го прави овесот нутритивно најгусто пакувана храна што воопшто може да се најде на трпезата. 2) Овесот содржи висока концентрација на растителни влакна помеѓу кои и оние со најмоќно дејство – бета-глукан растителни влакна! Овесот содржи високи концентрации на бета-глукан, тип на растворливи растителни влакна. Бета-глуканот делумно се раствора во вода и формира дебел слој во вид на гел во дигестивниот тракт. Помеѓу моќните дејства на бета-глуканот се: Намалувањето на LDL, како и нивото на целокупниот холестерол во крвта Намалување на нивото на глукоза во крвта Зголемување на чувството на ситост Зголемување на нивото на корисна цревна микрофлора 3) Растителните влакна можат да го намалат вкупното ниво на холестерол во крвта и да го заштитат LDL холестеролот од оштетувања. Кардиоваскуларните заболувања се меѓу водечките фактори за смртност на глобално ниво. Еден од ризик факторите за развој на ваквите заболувања е повишениот холестерол во крвта. Како што веќе споменавме, овесот е исклучително добар извор на растителните влакна, особено на бета-глукан кој докажано има ефект на намалување на LDL и целокупниот холестерол во крвта. Оштетувањата на холестеролната молекула најчесто се одвива преку нејзина оксидација со слободните радикали. Знаеме дека ,,борбата” со слободните радикали ја превземаат антиоксидантите. Конткретно за оксидацијата на LDL холестерол молекула, како ефективен се покажал антиоксидативниот витамин С, но во комбинација со антиоксидантите кои се наоѓаат токму во овесот. 4) Овесот може да помогне во оптимизирањето на нивото на глукоза во крвта. Според повеќе студии кој се занимавале со оваа тематика, овесот може да помогне во намалувањето на нивото на шеќер во крвта. Ова особено е случај кај луѓето со прекумерна телесна тежина и оние со дијагностициран дијабетес тип 2. Тој исто така може да помогне во подобрувањето на инсулинската сензитивност. Ова е од особено значење за болните од дијабет тип 2.Ваквото дејство повтороно се поврзува со компонентата бета-глукан. 5) Овесот помага за намалување на телесната тежина!Сите претходно наведени точки силно наведуваат на ваков заклучок. Високата концентрација на растителни влакна, присуството на бета-глуканот и неговото дејство врз глукозата во крвта, па и дејството врз намалувањето на холестеролот во крвта. Потоа, многу важно е да се спомене и богатиот целокупен нутритивен состав од една страна, а не толку високата калориска вредност, од друга страна. Дополнително, бета-глуканот може да поттикне дополнително ослободување на т.н. пептид YY(PYY), кој е хормон продуциран во желудникот како резултат на внесената храна. Овој хормон, уште наречен и хормон на ситоста, во студиите се покажал како најзначаен во намалувањето на потребата од внесување на непотребни калории. Секако, ова претставува прв ризик фактор за развивање на обезност или дебелина. Во процесот на слабеење помеѓу најважните компоненти се јавуваат растителните влакна. Значењето на растителните влакна за здравјето на цревната микрофлора, а со тоа и на целокупно здравје на човекот е големо. Помеѓу најбитните позитивни влијанија на растителните влакна се: одржувањето на здравјето и перлистатиката на цревата (помагаат при констипација), хранењето на корисната микрофлора, обезбедувањето на постепено испуштање на глукозата во крвта и намалувањето на ,,лошиот” холестерол во крвта. Сето ова е од особено значење во процесот на слабеење. Покрај овие повеќе ,,научни фактори”, за слабеењето е значајно е и храната да биде вкусна и полесно да заситува. Овесот ги исполнува и тие услови, особено доколку се јаде со комбинација со вкусно зрело овошје. 6) Овесот е богат со антиоксиданти и може да помогне при намалување на ризикот од астма кај децата. Овесот е богат со антиоксиданти: полифенолни соединенија, ферулична киселина во значителни количини, како и уникатна група на антиоксиданти наречена авенантрамиди. Авенантрамидите речиси и да не се присутни во некоја друга храна. Овие уникатни антиоксиданти можат да помогнат во намалувањето на крвниот притисок преку поттикнување на продукцијата на азотен моноксид. Азотниот моноскид ја помага дилатацијата или ширењето на крвните садови, што води кон подобар проток на крвта. Секако, дополнително авенантрамидите имаат антивоспалителен, па и анти дерматитски ефект. Астмата е најчестото хронично заболување кај децата. Таа претставува воспалително нарушување на дишните патишта. Како ризик фактор од ова заболување и некои други алергиски заболувања се смета прераното воведување на цврста храна кај бебињата. Но, случајот е токму спротивен кај овесот. Имено, една студија укажува дека хранењето на бебињата под 6 месечна возраст е поврзано со намален ризик од детска астма. 7) Овесот може да помогне и за здравјето на кожатаМожеби за некого е изненадувачки, но овесот многу често се наоѓа како составна компонента на повеќе продукти за нега на кожата. Во листата на составни компоненти овесната компонента е означена како колоидален овес.FDA или Американската агенција за храна и лекови во 2003 година го потврдила заштитното дејство на колоидалниот овес во однос на кожата.Продуктите за нега на кожа кои се на база на овес, според некои студии можат да помогнат при
Циметот е зачин кој потекнува од семејството растенија Cinnamomum. Интересен факт за него е тоа што тој не се прави ниту од листовите на растението, а ниту од неговиот плод. Циметот се прави од кората на стеблото и гранките на споменатите дрвја. Ваквите дрвја имаат потреба од високи температури и влажност, па затоа најраширени се околу екваторот, односно јужна Индија, Шри Ланка, Јужна Америка, Карибите итн. Циметот е достапен во прав или стапчиња (како парченца од кората на дрвото), но може да се најде и негово есенцијално масло, како и разни форми на суплементи. Луѓето го користеле уште од далечни времиња и тоа не само како зачин, туку и во природната медицина за третирање на најразлични заболувања, од кашлица до артритис. Денес, циметот е вториот најпопуларен зачин во западниот свет и кај нас, веднаш зад биберот. Може да се најде насекаде, има ниска цена и се користи во најразлични рецепти. Постојат голем број истражувања кои се занимаваат со неговите составни компоненти и нутритивната вредност. 1) Циметот е богат со супстанца со моќни лековити својства Постојат два вида на цимет: цејлонски цимет (вистински цимет) и касија цимет (циметот кој е најчесто користен). Овие два вида имаат различна хранлива вредност. Касија видот содржи компонента наречена кумарин, што може да биде штетна доколку се консумира во поголеми количини. Иако и двата типа на цимет имаат одредени здравствени бенефити, цејлонски цимет се смета многу подобар избор, пред сé поради помалата содржина на кумарин. Циметот се прави со сечење на кората на споменатото дрвенесто растение од кое се добива. Внатрешниот дел на кората се одделува од дрвенастиот дел и потоа така се користи за добивање на зачинот. При сушењето на внатрешниот дел од кората, тој се подвиткува во ролни, наречени циметни стапчиња. Потоа, овие стапчиња можат да бидат и фино сомелени. Специфичниот мирис и вкус на циметот се должат на неговиот масен дел, кој е особено богат со компонентата наречена цинамалдехид. Според научниците, токму оваа супстанца е одговорна за повеќето моќни здравствени и метаболитички позитивни ефекти на циметот. 2) Циметот е извор на антиоксидативни компоненти со моќно антивоспалително дејство Антиоксидантите се клучни компоненти во борбата на организмот со слободните радикални кои постојано се создаваат како метаболитички отпад. Слободните радикали водат кон оксидативен стрес, а преголемиот оксидативен стрес кон хронични воспалителни процеси, една од главните причини за повеќето хронични заболувања. Циметот е особено богат извор на антиоксидативни компоненти, како полифенолите на пример. Во една студија која ја споредувала антиоксидативната активност на 26 различни зачини, циметот покажал најдбора активност и бил апсолутен победник, дури и во конкуренција на лукот и ориганото. Една студија вели дека антиоксидативната моќност на циметот е толку добра, што самиот зачин може да се користи и како конзерванс. 3) Моќно анти-дијабетично дејство Циметот е добро познат по карактеристиката да го намалува шеќерот во крвта. Повеќе сериозни студии укажуваат дека овој зачин може драматично да ја намали инсулинската резистентност, помагајќи му на хормонот инсулин, полесно да си ја врши својата работа, односно да ја внесува глукозата во клетките. Покрај корисното дејство во однос на инсулинската резистентност, циметот може да влијае на намалување на шеќерот во крвта преку неколку други механизми. Прво, студиите покажуваат дека тој го намалува нивото на глукоза која влегува во крвотокот. Тоа го прави преку попречувањето на работата на повеќе дигестивни ензими. Второ, една негова компонента делува на клетките како прикриен инсулин. Ова придонесува кон зголемување на внесената глукоза во клетките. Повеќе спроведени студии го потврдуваат анти-дијабетичниот ефект на циметот, укажувајќи дека може да го намали и шеќерот при гладување, дури за 10-29%. Посочените ефекти циметот може да ги има доколку се внесува често, во количини од 1-6 грами, односно од 0.5-2 кафени лажички дневно. 4) Циметот може да придонесе за подобро кардиоваскуларно здравје Циметот исто така се поврзува и со намалување на ризикот од кардиоваскуларните заболувања, најчестата причина за предвремена смртност во светски рамки. Според една студија, кај луѓето со дијабетес тип 2, користењето 1g или околу половина кафена лажичка цимет дневно, покажало корисен ефект за крвните маркери. Намалено било нивото на ,,лошиот” LDL холестерол и маснотиите во крвта, додека нивото на ,,добриот” HDL холестерол останало исто. Друга, понова студија пак, покажува дека само 120mg цимет дневно, може да дадат ефекти како претходно наведените. Дополнително и да го покачат нивото на добриот холестерол. Во студиите на лабораториски животни, циметот покажал и својство на намалување на високиот крвен притисок. Кога сите овие фактори ќе се искомбинираат, тоа може значително да го намали ризикот од развој на најчестите кардиоваскуларни заболувања. 5) Помош при габични инфекции и бактериски инфекции Есенцијалното масло на циметот може значително да помогне при габични инфекции. Потребни се повеќе истражувања на оваа тематика, но досегашните покажуваат ваков ефект на циметот. Една студија од 2016 покажува дека есенцијалното масло од цимет може да помогне за елиминирање на Кандидата од крвниот систем. Дополнително, циметот се покажал како успешен во спречувањето на растот на одредени патогени бактерии, како што се Listeria и Salmonella. Некои истражувања покажуваат дека антимикробниот ефект на циметот може да помогне во превенцијата и на кариесот и при лош здив. 6) Некои други потврдени корисни дејства на циметот, за кои требаат повеќе истражувања: може да помогне за подобрувања кај невродегенеративни заболувања, како Алцхајмер, Паркинсон итн. голем број на анимални студии укажуваат на заштитен ефект на циметот во однос на различни типови канцер. некои лабораториски студии на клетки, даваат резултати според кои циметот може да ја помогне борбата против ХИВ-1 вирусот, најчестиот тип на ХИВ вирус кај луѓето. Teкстот е превземан од https://drmitov.mk/
Наутот, уште познат и како леблебија или слануток, е полјоделска, но и градинарска култура која често се одгледува и во нашата земја. Растението од кое потекнува оваа мешунка е Cicer arietinum и се смета за една од најрано култивираните култури. На Блискиот Исток, нејзини остатоци се пронајдени уште од пред неколку милениуми. Наутот спаѓа во семејството мешунки, заедно со гравот, грашокот, леќата, боранијата итн. Во последно време, со сè поголемата заинтересираност за здравата храна, оваа мешунка повторно се враќа на голема врата. Причината е пред сè нејзиниот импресивен нутритивен состав: протеини, витамини, минерали, растителни влакна и многу други хранливи материи од кои телото, на најразлични начини има корист. Исто така, една од предностите е ниската цена на леблебијата. Лесно може да се вклучи во исхраната, како здрави грицки, во различни чорби, салати, но во последно време, најпопуларно е подготвувањето на хумус, традиционално јадење од Блискиот Исток, со навистина специфичен вкус. Научно поткрепени причини, зошто почесто треба да го имате оброци кои вклучуваат наут, на вашите трпези: 1) Богат извор на различни хранливи материи Наутот има импресивен нутритивен состав. Има умерена содржина на калории, обезбедувајќи 46kcal на 28g. 67% од калориите доаѓаат од јаглехидратите, а останатите од протеините. Содржината на маснотиите е сосем ниска. Наутот исто така, нè обезбедува со витамини и минерали, но и значителна количина на растителни влакна и протеини. Во само 28g подготвен наут се содржи: 8g јаглехидрати 2g растителни влакна 3g протеини 12% од Дневно Препорачаниот Внес за витамин Б9 4% од ДПВ за железо 5% од ДПВ за фосфор 5% од ДПВ за бакар 14% од ДПВ за манган 2) Богат растителен извор на протеини Ова својство го прави наутот особено погоден за луѓето кои избегнуваат или воопшто не јадат животински продукти, а и во време на постите. Содржината на протеините е слична како кај другите мешунки. Но, некои студии велат дека протеините во наутот се со поголем квалитет од оној кај другите мешунки. Тоа значи дека аминокиселинскиот профил на наутот е на завидно ниво. Имено, речиси сите есенцијални аминокиселини се застапени во оваа храна, со исклучок на метионинот. Протеините од наутот може да помогнат во контролата на апетитот, а со тоа и во намалувањето на телесната тежина. Исто така, некои студии укажуваат и на нивно дејство на здравјето на коските и мускулите. 3) Наутот е добар за дигестијата и одличен избор доколку сакате да ослабете, а да сте сити! Како што веќе споменавме, протеините присутни во наутот можат да помогнат во процесот на слабеење, преку намалување на апетитот. Но, можеби позначајна улога при слабеењто, играат растителните влакна и ниската калориска вредност на наутот. Значењето на растителните влакна за здравјето на цревната микрофлора, а со тоа и на целокупно здравје на човекот е големо. Помеѓу најбитните позитивни влијанија на растителните влакна се: одржувањето на здравјето и движењето на тенкото црево, како и дебелото црево, хранењето на корисната микрофлора, обезбедувањето на постепено испуштање на глукозата во крвта и намалувањето на ,,лошиот” холестерол во крвта. Дополнително, се повеќе студии даваат податоци за улогата на растителните влакна врз оптимизирањето на цревната микрофлора, а преку неа и на целокупното здравје на организмот. На тој начин влијаат на намалувањето на ризикот од развивање на кардиоваскуларни, малигни заболувања (особено цревни), дебелина и дијабет тип 2. Истражувањата покажуваат дека оние кои имаат исхрана богата со растителни влакна имаат значително, во просек, помала телесна тежина, отколку оние кои се на исхрана со слаб внес на растителни влакна. Дополнително, растителните влакна и протеините ја успоруваат дигестијата, што исто така промовира чувство на ситост. Во едно истражување, испитаниците јаделе 100g наут дневно во период од 12 недели. Според резултатите, поголемиот дел од нив чувствувале продолжено чувство на ситост и помала потреба за брза храна, во споредба со периодот во кој не консумирале наут. 4) Помага при регулулирањето на шеќерот во крвта Ова својство на наутот се должи, пред сè, на растителните влакна. Тој има низок гликемиски индекс, односно по консумирањето не прави силни пикови на глукоза во крвта, а следствено, не прави ниту стрмни падови, што би промовирало и глад. Ова значи дека е погоден за луѓето со дијагностициран дијабет. Освен растителните влакна, студиите покажуваат дека во ова корисно дејство своја улога имаат и протеините. На тематика се правени повеќе студии, според кои препорачливо е што почесто да се консумираат оброци во кои е присутен наутот. 5) Наутот може да има превентивно дејство од некои хронични заболувања Наутот поседува неколку карактеристики, кои можат да помогнат во намалувањето на ризикот од неколку хронични заболувања: Кардиоваскуларни заболувања – наутот е добар извор на магнезиум и калиум, многу значајни минерали за здравјето на срцето, кои играат улога во регулирањето на крвниот притисок. Високиот крвен притисок е еден од главните ризик фактори за повеќето кардиоваскуларни заболувања. Дополнително, како што веќе споменавме, растителните влакна можат да помогнат во намалувањето на нивото на вкупниот холестерол во крвта, што е исто така помеѓу главните ризик фактори за срцеви заболувања. Малигни заболувања – редовното консумирање на наутот го промовира продуцирањето на бутиратот, масна киселина која повеќе студии ја поврзуваат со потенцијал да го намали хроничното воспаление на дебелото црево, што е пак, помеѓу главните причини за рак на дебело црево. Понатаму, наутот е добар извор на сапонините, растителни компоненти кои во некои студии покажуваат антиканцерогено дејство(го спречуваат растот на некои малигни ткива). Исто така, некои од повеќето минерали и витамини кои ги содржи наутот, покажуваат одредени превентивни својства во однос на канцерот. Дијабетес – како што веќе наведовме, наутот е погодна храна за дијабетичари. Тоа е случај, бидејќи има низок гликемиски индекс, односно има добро количество на растителни влакна и протеини. Дополнително на ова, микронутритивната содржина на наутот, одосно неговите витамини и минерали, исто така во некои студии покажуваат превентивно дејство во однос на дијабетот тип 2 (магнезиум, Б витамини, цинк итн). Текстот е превземен од https://drmitov.mk/
Kaкао – древна и магична состојка за топли напитоци Какаото се добива од плодовите на дрвенастото растение Theobroma cacao кое потекнува од тропските делови на Америка. Од овие плодови се добива какао масата (прав и какао маснотии) и потоа од неа и чоколадото, што воедно е и главната употреба на какаото. Кај нас, какао правот се користи уште и како топол напиток. Какао во прав и неговите бенефити: 1) Богат извор на полифеноли кои обезбедуваат неколку здравствени бенефити Полифенолите се природни антиоксиданти кои се присутни најчесто во свежата храна (овошје и зеленчук), но и во чаевите, чоколадата и виното. Нивното дејство се поврзува со бројни здравствени бенефити, како намалување на хроничните процеси на воспаление, подобрена циркулација, намален крвен притисок, намален холестерол и шеќер во крвта. Какаото се смета за еден од најбогатите извори на полифеноли во природата. Особено е богато со флавоноиди, кои имаат моќно антиоксидативно и антивоспалително дејство. Но, преработката и делувањето на какаото со превисока топлина и алкални агенси, може да доведе до губење на голем дел од овие негови корисни компоненти. Тоа значи, дека не сите производи добиени од какао ќе бидат особено богати со нив. 2) Со зголемување на нивото на една молекула, какаото може да придонесе за намалување на високиот крвен притисок! Какаото, и во форма на чоколадо и како какао прав, може да помогне за снижување на крвниот притисок. За ова позитивно дејство за одговорни се сметаат присутните флавоноиди. Според студиите тие можат да го подобрат нивото на азотниот оксид, гас кој може да придонесе за релаксирање на крвните садови и следствено, за намалување на високиот крвен притисок. 3) Какаото може да придонесе за намалување на ризикот од срцев и мозочен удар Дополнително, покрај намалувањето на крвниот притисок, за ваквото дејство на какаото причина е и неговото намалувачко дејство во однос на ,,лошиот”, LDL холестерол во крвта. Намалувањето на крвниот притисок и подобрувањето на холестеролниот профил, неминовно водат кон подобрено кардиоваскуларно здравје, односно значително намален ризик од срцев и мозочен удар. Во една анализа на девет научни студии со над 150 илјади испитаници, било пронајдено дека оние кои консумирале повеќе темно чоколадо имале значително намален ризик од срцев и мозочен удар во текот на животот. Друга пак, шведска студија, ни дава резултати според кои ваквото позитивно дејство на чоколадото може да го добиеме само со умерена консумација (до 30g дневно), а поголемите количини би можеле да создадат и некои проблеми. 4) Полифенолите помагаат и за подобра функција на мозокот Логично, подобрената циркулација на крвта, влијае и на подоброто снабдување на мозокот со крвта и сите нејзините хранливи елементи. Дополнително, флавоноидите можат да ја минат мозочната бариера и да учествуваат во биохемиските процеси во кои се создаваат невроните и повеќето важни молекули за функционирањето на мозокот. Во една спроведена студија, помлади испитаници во исхраната вклучиле какао продукти со висок процент на флавоноиди. По само една недела, циркулацијата во мозокот се подобрила за 8%, а за две недели – 10%. Научните студии, исто така укажуваат и на позитивен ефект на флавоноидите кај повозрасните лица, но и кај лицата кои веќе имаат ментални нарушувања. Какаото исто така, може да има позитивен ефект и на нарушеното расположение и симптомите на депресија. Овој позитивен ефект се смета дека се должи повторно на флавоноидите, односно на преминувањето на триптофанот во природниот стабилизатор на расположението – серотонин. Всушност, тоа е чувството на задоволство кое го чувствуваме по конумирање на чоколадо. Една студија утврдила намален стрес кај бремените жени кои поредовно консумирале темно чоколадо. Друга пак, дека пијалаците кои содржат какао, можат да придонесат за смирување и задоволство. 5) Флавоноидите од какаото можат да ги намалат симптомите кај дијабет тип 2 Иако е познато дека претерувањето со темната чоколада не е воопшто препорачливо и добро за пациентите со дијабет, какао правот всушност има одреден анти-дијабетичен ефект. Флавоноидите од какаото можат да ја успорат дигестијата на јаглехидратите и нивната апсорпција во дигестивниот тракт, потоа да го подобрат лачењето на инсулинот, да го намалат воспалението и да го стимулираат ,,внесувањето” на шеќерот, од крвта во мускулните клетки. Сето ова е потврдено од научни студии, а постојат и повеќе истражувања кои велат дека исхраната богата со флавоноиди превенира од развој на дијабет тип 2. 6) Какаото може да помогне во намалување на телесната тежина на повеќе изненадувачки начини Можеби звучи парадоксално, но дури и какаото од темната чоколада може да помогне во губењето на телесната тежина. Ова својство се должи на способноста на какаото да помогне во регулирањето на метаболитичките процеси, односно намалувањето на апетитот и воспалителните процеси, зголемувањето на оксидацијата на маснотиите и чувството на ситост. Ќе прокоментираме две студии. Едната вели дека луѓето кои консумирале темна чоколада поредовно, имаат помал BMI од луѓето кои консумирале поретко и покрај тоа што луѓето од првата група јаделе повеќе калории. Другата студија пак, која испитувала поединци што се обидувале да ослабат, дава податоци според кои консумирањето темна чоколада дополнително помага во слабеењето, затоа што оние испитаници кои консумирале, имале подобри резултати, во однос на контролната група. 7) Теоброминот и теофилинот од какаото можат да им помогнат на луѓето со астма Астмата е хронично воспалително заболување кое предизвикува затворање и инфламација на дишните патишта, што во дадени моменти може да биде дури и животозагрозувачки. Теоброминот и теофилинот можат да бидат од помош за оваа состојба. Теоброминот е слична компонента на кафеинот и може да помогне при хронична кашлица. Какаото содржи околу 2g од оваа супстанца, на 100g. Теофилинот пак, ја помага дилатацијата, односно опуштањето на белите дробови и дишните патишта и го намалува воспалението во нив. Сепак, за ова дејство на какаото, потребни се клинички студии. 8) Какаото покажува антибактериско дејство, но и низа бенефити за кожата Какаото содржи повеќе компоненти со антибактериско и имуностимулирачко дејство, кои пред сè, можат да придонесат за здравјето на усната празнина. Тоа во некои студии се покажало како успешно во справувањето со честите бактерии од усната средина, кои предизвикуваат кариес. Чоколадите се сметаат за еден од предизвикувачите на акните, но студиите го посочуваат сосем спротивното – полифенолите на какаото, всушност имаат низа на позитивни дејства за кожата. Сè повеќе истражувања
Тешко дека можеме да замислиме некое вкусно јадење што воопшто не содржи бибер. Без разлика дали се работи за мелен или крупен бибер, за топло или ладно јадење, ручек или вечера, овој зачин едноставно е неизоставен дел од нашата трпеза. Црниот бибер потекнува од прашумите во јужните делови на Индискиот Полуостров. Преку воспоставувањето на трговските пати помеѓу западниот свет и далечниот исток пред повеќе векови, биберот влегува на голема врата и во нашите простори. Која е разликата помеѓу различните типови бибери? Се работи за зачин добиен од зрнестите плодови (бобинки) кои ни ги дава бликата од семејството Piperaceae, поточно Piper nigrum. На пазарите можеме да сретнеме бибер со различни обојувања. Всушност, иако значително се разликуваат нивните вкусови и ароми, станува збор за истите зрнести плодови, но со различен степен на зрелост и на процесирање (обработка). Зелениот бибер се добива со берење и сушење на бобинките кога тие сè уште не се доволно зрели, додека црниот освен на процесот сушење, пред тоа подлежи и на термичка обработка, односно варење. Белиот бибер пак, се добива со потопување во вода, ферментација и потоа сушење на целосно созреаните бобинки. Исто така познати се и црвените бобинки, кои иако се доста слични на биберот, сепак припаѓаат на сосема друг вид билка од семејството Capsicum и го содржат познатиот капсицин, кој го дава специфичниот вкус и има навистина импресивни корисни ефекти врз здравјето на човекот (на пример антиканцерогено дејство). Биберот со векови се користи во традиционалната индиска и кинеска медицина за најразлични заболувања, од третирање на лесни инфекции, па се до третирање на најразлични болки. Познато е и неговото користење за конзервирање на прехранбени производи. Што вели денес науката за можеби најкористениот зачин? Антиоксидативно, антивоспалително и антибактериско дејство Биберот е одличен извор на антиоксидативни компоненти, пред сè на неговата најпозната фитохемикалија – пиперинот. Студии докажуваат силно антиоксидативно и антивоспалително дејство кај оваа компонента. Тука се и криптоксантинот, зеаксантинот, ликопенот итн. Дополнително, при консумирање куркума (инаку зачин кој се смета за најдобар во однос на антиоксидативниот состав) заедно со бибер, апсорпцијата на куркуминот (најпотентниот антиоксидант на куркумата) во тенкото црево се зголемува за дури 2000 пати. Причината за ова е токму пиперинот. Антиоксидантите се одбранбениот механизам на телото од слободните радикали – штетни компоненти кои постојано се продуцираат како метаболитички отпад во телото и оксидативно ги оштетуваат неговите различни клетки и ткива. Организмот има механизми самиот да продуцира одреден процент на потребни антиоксиданти, но сепак зависи и од внесените. Постојаните оксидативни оштетувања, водат до процеси на хронична инфламација или воспаление, кое пак на подолг рок е една од главните причини за развој на хроничните заболувања. Покрај ова, кај биберот е утвредно и одредено антимикробно дејство. Повеќе студии велат дека пиперинот може да придонесе во борбата против различни патогени микроорганизми. Поконкретно, биберот е особено ефективен во борбата со оралните патогени бактерии кои водат кон непријатни состојби како кариес, различни орални воспаленија и гингивитис. Биберот содржи и солидни количества од некои значајни микронутриенти, како витаминот К, антиоксидативните витамини А и Ц и во нешто помали количества манган, калциум, калиум, цинк, железо, магнезиум итн. Биберот може да помогне при дијабет Претходно споменатиот моќен антиоксидативен состав на биберот (во сите негови форми), може да придонесе и во стабилизирањето на крвниот шеќер. Низа студии покажуваа дека зачините, како што е биберот, можат да имаат корисен ефект при дијабет тип 2. Дополнително, истражувачите утврдуваат дека пиперинот значително допринесува за забрзување на метаболизмот, со што може да помогне при процесот на слабеење. Знаеме дека гојазноста е силен ризик фактор за развој на дијабет. Намалување на крвниот притисок и холестеролот Сите знаеме дека употребата на солта во денешно време е сериозен проблем кога станува збор за одржувањето на нормалниот крвен притисок. Почестата употреба на зачините, помеѓу кои најупотребуван е биберот, може да доведе до значително намалена потреба за посолување на оброците. Биберот може да помогне и на подиректен начин. Имено, едно анимално истражување од Словачка, утврдува дека пиперинот во одредена мера поседува намалувачко својство на крвниот притисок. Постојат и други студии кои го потврдуваат ова. Дополнително, во анималните студии, екстрактот од бибер се покажал како делотворен во однос на намалување и на холестеролните нивоа. Како што претходно споменавме, пиперинот од биберот за 2000 пати ја подобрува апсорпцијата на куркуминот од куркумата, кој исто така има докажан ефект во намалувањето на холестеролните нивоа. Подобро здравје на мозокот Повеќе студии наоѓаат релација помеѓу значително подобрената когнитивна функција и зачестената употреба на биберот (пиперинот). Така, во едно истражување се вели дека пиперинот може во голема мера да допринесе за подобрувањето на меморијата кај лицата со Алцхајмер, односно има способност да ги успори невродегенеративните процеси во хипокампусот. Други податоци велат дека пиперинот може да помогне дури и за намалување на типичните симптоми на депресија, како и за намалување на епилептичните напади. На овие теми, потребни се повеќе истражувања. Поздрави црева Капсицинот и пиперинот се двете компоненти на биберот кои можат да допринесат за подобро дигестивно здравје. Нивната ,,лутина” влијае на т.н. TRPV1 рецептори во дигестивниот тракт, што понатаму резултира со излачување на хемикалии кои придонесуваат за намалување на болките и ја подобруваат целокупната ситуација со дигестијата. Потенцијално антиканцерогено дејство Лабораториските студии кои ја тестирале употребата на куркумата и биберот против малигните ќелии, утврдуваат дека во лабораториски услови, овие зачини делуваат смртоносно на ваквите клетки. Тоа е утврдено и при одделно и при заедничко третирање на клетките со екстрактите од споменатите зачини. Дополнително, значајно за овие потенцијални антиканцерогени агенси е тоа што практично не поседуваат никакви несакани споредни дејства, кои се пристуни во конвенционалните терапии за канцер. Во иднина се очекуваат повеќе студии на оваа тема кои ќе помогнат да се најде начин за искористување на антиканцерогениот ефект на пиперинот и куркуминот.. Дополнителни, потенцијални корисни ефекти од редовната употреба на биберот: Подобра апсорпција на нутриенти – покрај куркуминиот, биберот ја подобрува апсорпцијата и на други важни хранливи материи (кои неретко се во дефицит помеѓу популацијата!), како селен, калциум, но и одредени антиоксидативни компоненти на зелениот чај на пример. Намалување на апетитот – според некои истражувања, кај биберот е утврден и ваков ефект. Го
Зачинот над зачините – куркума. Куркумата во последно време е многу популарен зачин, но таа популарност е со право затоа што овој ароматичен жолт зачин има навистина големи придобивки по здравјето. Куркумата е главна состојка на познатиот кари зачин кој е се повеќе и повеќе популарен поради убавиот вкус, но и поради многуте лековити својства кои ги поседува. Главната активна состојка на куркумата- куркуминот има моќни анти-инфламаторни и антиоксидантни ефекти. Но, мора да се има во предвид дека содржината на куркуминот во куркумата е само 3% од нејзината тежина. Исто така куркуминот од куркумата многу малку се апсорбира од дигестивниот тракт во крвта. Скоро е невозможно да ги добиеме придобивките од куркумата ако ја конзумираме како едноставен зачин во салатата. Постојат три начини кои можат да помогнат да се зголеми биорасположливоста на куркуминот во телото и да ги почувствувате зравствените придобивки од оваа моќна фитохемикалија. Повеќе за тоа прочитајте тука. Зошто е здраво да се јаде куркума? Анти-инфламаторни ефекти Куркуминот е пред се моќен анти-инфламаторен агенс, тој врши инхибиција и блокада на многу медијатори во инфламаторниот процес со што се спречува инфламацијата во телото. Тоа еособено значајно затоа што многу болести на денешницата се предизвикани од хронична инфламација. Антиоксидантни ефектиКуркуминот исто така е моќен антиоксидантен агенс кој успешно се бори против слободните радикали во телото. Механизмот на дејство на куркуминот против слободните радикали е двоен затоа што тој поради својата структура од една страна ги неутрализира слободните радикали, а од друга страна ја поттикнува моќта на антиоксидантните ензими во телото и го стимулира телото полесно да се справи со слободните радикали. Превенција од кардиоваскуларни заболувањаКуркуминот може многу да помогне и во третман и превенција на кардиваскуларни заболувања. Имено најзначен ефект кој го има куркуминот кога се во прашање срцеви болести е моќта да ја подобрува функцијата на ендотелот на крвните садови, а ендотелната дисфункција е една од причините за појава на висок крвен пртисок, аритмии, тромбоза и сл. Исто така како што спомнавме куркуминот ја намалува оксидацијата и инфламацијата што е особено значајна кај срцевите болести. Антиканцерогено дејствоКуркуминот има и антиканцерно дејство. Многу инвитро студии го потврдуваат дејството на куркуминот да ја намали антигенезата (развој на крвни садови во туморното ткиво), метастазирањето и да предизвика смрт на канцерогените клетки. Сепак мора да се има во предвид дека постојат многу типови и видови на канцери и сеуште се потребни многу испитувања за со сигурност да се потврди тоа дејство. Антисептично и антибактериско дејствоПоседува антиспетични и антибактериски својства и е корисна за дезинфекција на рани и опекотини. Но, се препорачува и кај настинки и вирусни заболувања. Го помага слабеењето Куркумата го регулира метаболизмот и може да помогне за слабеење. Колкава е дневната препорачана доза на куркума? Дневна препорачана доза на куркумата како зачин е од 3-10 g, таа количина со текот на времет можете да ја зголемите. Како да ја конзумирате куркумата?Додадете го овој зачин во било кое вариво, ориз или во вашето утринско кафе. Задолжително комбинирајте ја куркумата со црн бибер за да ја зголемите апсорпцијата на куркуминот. Исто така можете да подготвите здрав дресинг за салата така што ќе помешате 1 супена лажица маслиново масло, 1 супена лажица сок од лимон, 1⁄4 лажичка бибер и 1⁄4 лажичка куркума и малку сол по желба. Со овој дресинг зачинете ја омилената салата. Ова е одличен начин да ја зголемите апсорпцијата на куркуминот комбинирајќи го со маслиново масло и со црн бибер. Може да се подготви и чај од куркума така што 200 ml зовриена вода ќе ја помешате со 1⁄4 лажичкакуркума, сок од половина лимон, малку мед и 1 мала лажичка кокосово масло. Измешајте го тоа и испијте го дури е топло. Дали куркумата може да предизвика несакани ефекти?Ако се користи како зачин куркумата е безбедна и не се познати нескани ефекти. Сепак доколку се земаат суплементи на база на куркумин тоа треба да биде во консултација со доктор или фармацевт затоа што можна е појава на нескани ефекти од типот на гадење, повраќање, абнормален срцев ритам и сл. Исто така куркуминот од куркумата може да предизвика и намалување на нивото на глукоза во крвта што е значајно за дијабетичари кои се на инсулинска терпија затоа што постои ризик од појава на хипогликемија. Куркуминот може да ја спречи и апсорпцијата на железото и затоа суплементи со куркумин не се препорачуваат кај луѓе кои имаат дефицит на железо. Куркуминот не е препорачлив и за бремени жени затоа што сеуште нема податоци кои ја потвдуваат безбедноста од користење на овој суплемет кај трудници. Teкстот е превземен од https://fitlife.com.mk/
Бадемите се нутритивно богатство на природата! Совршена храна како за телото, така и за умот. Богати со витамини, минерали и монозаситени масти. Овој месец се дел од нашата акциска понуда! Кај нас можете да најдете три видови на бадем: домашен – македонски, калифорниски и кармел. Сите тие имаат слични нутритивни врености и секако сировите се поздрави, но печените се одлична замена за индустриските грицкалици. Покрај тоа што е богат со витамин Е и магнезиум, бадемот содржи фитоматерии кои пружаат добра заштита од болести на срце, но и други хронични заболувања. Бадемот спаѓа во ковчесто овошје, а во блиско сродство е со вишната, сливата, праската и кајсијата. Стеблото на бадем може да достигне висина и до 10 м.Само една шака бадеми дневнo би можела да го подобри вашето здравје и да ви обезбеди пат до фит линија. Погледнете како… Оваа вкусна и здрава намирница може да ви обезбеди рамен стомак и витки нозе, а исто така и да ве заштити од шеќерна болест. Бадемите се богати со витамини, минерали, влакна и аминокиселини, па секако дека е потребно да ги вклучите во секојдневната исхрана. Истражувачите од Универзитетот во Пенсилванија открија дека консумирањето на 42 гр. бадеми дневно може да го намали ризикот од прерана смрт, како и да ги стопи масните наслаги на половината и нозете. Научно е утврдено дека бадемите го намалуваат нивото на холестерол и го намалуваат ризикот од појава на срцеви болести. Во 100 гр. бадеми се содржани овие витамини и минерали: 140 % од препорачаната дневна количина на манган 75 % од препорачаната дневна количина на магнезиум 60 % од препорачаната дневна количина на бакар 50 % од препорачаната дневна количина на фосфор 130 % од препорачаната дневна количина на витамин Е 51 % од препорачаната дневна количина на витаминот Б2 Бадемот содржи многу хранливи состојки, висок процент на витамин Е и магнезиум, умерена количина на протеин, влакна, витамин Б2, фосфор и бакар. Исто така содржи фито материи кои се заштита од срцев удар и други хронични болести. Содржи повеќе калциум и влакна од другото ковчесто овошје. 30 гр. бадем содржи иста количина на калциум како и 1⁄4 шолја млеко па поради тие својства, како и поради содржината на фолна киселина, се препорачува на трудниците. Бадемот е мала ”енергетска бомба”. Една порција бадем е многу калорична поради присуството на мононезаситените масни киселини, протеини и влакна. Секогаш кога ви е потребна ужина, одберете грст бадеми. Направете го Вашиот паметен избор!
Бразилските ореви содржат корисни хранливи материи и минерали, вклучувајќи го и селенот. Тие исто така може да помогнат во поддршката на вашата функција на тироидната жлезда и целокупното здравје. Бразилските ореви се јаткасти плодови од амазонската прашума во Бразил, Боливија и Перу. Нивната мазна, маслена текстура и вкус на орев обично се уживаат сирови или бланширани. Овие јаткасти плодови се енергетски густи, многу хранливи и еден од најконцентрираните диететски извори на минералот селен.Јадењето бразилски ореви може да има корист за вашето здравје на неколку начини, вклучително и регулирање на тироидната жлезда, намалување на воспалението и поддршка на срцето, мозокот и имунолошкиот систем. Еве седум докажани здравствени и нутритивни придобивки од бразилските ореви. 1. Преполни со хранливи материи. Бразилските ореви се многу хранливи и енергетски густи. Порција од 1 унца (28 грама) бразилски ореви ги содржи следните хранливи материи (1 доверлив извор): Калории: 187 Протеини: 4,1 грама Масти: 19 грама Јаглехидрати: 3,3 грама Влакна: 2,1 грама Селен: 989% дневна вредност (DV) Бакар: 55% ДВ Магнезиум: 25% ДВ Фосфор: 16% ДВ Манган: 15% ДВ Цинк: 10% ДВ Тиамин: 15% ДВ Витамин Е: 11% ДВ Бразилските јаткасти плодови се богати со селен, со само едно оревче кое содржи 96 mcg, или 175% од RDI. Повеќето други јаткасти плодови обезбедуваат помалку од 1 mcg, во просек. Дополнително, тие имаат повисоки концентрации на магнезиум, бакар и цинк, иако точните количини на овие хранливи материи може да варираат возависност од климата и почвата. Конечно, бразилските ореви се одличен извор на здрави масти. Всушност, 36% од мастите во бразилските ореви се полинезаситени масни киселини, вид на маснотии за кои се покажало дека имаат корист за здравјето на срцето. 2. Богати со селен Бразилските ореви се богат извор на селен. Всушност, тие содржат повеќе од овој минерал од кој било друг јаткасто овошје со просечни 96 mcg по орев. Сепак, некои пакуваат и до 400 mcg по орев (1 доверлив извор, 2). Дневна вредност за селен е 55 mcg дневно за возрасни. Така, просечниот бразилски орев содржи 175% од потребната количина на овој минерал. Селенот е микроелемент кој е од витално значење за правилното функционирање на вашето тело. Тоа е од суштинско значење за вашата тироидна жлезда и влијае на вашиот имунолошки систем и раст на клетките (5 доверлив извор). Навистина, повисоките нивоа на селен се поврзани со подобрена имунолошка функција и подобри резултати за рак, инфекции, неплодност, бременост, срцеви заболувања и нарушувања на расположението (6 доверлив извор, 7 доверлив извор). 3. Ја поддржува функцијата на тироидната жлезда. Вашата тироидна жлезда е мала жлезда во форма на пеперутка која лежи во вашето грло. Тој лачи неколку хормони кои се неопходни за раст, метаболизам и регулирање на телесната температура. Ткивото на тироидната жлезда има најголема концентрација на селен, бидејќи е потребен за производство на тироиден хормон Т3, како и протеини кои ја штитат тироидната жлезда од оштетување. Нискиот внес на селен може да доведе до оштетување на клетките, намалена активност на тироидната жлезда и автоимуни нарушувања како Хашимото тироидитис и Гравесова болест. Исто така, може да го зголеми ризикот од рак на тироидната жлезда. 4. Може да им помогне на оние со нарушувања на тироидната жлезда. Освен што обезбедува правилно функционирање на тироидната жлезда, селенот може да ги подобри симптомите кај луѓето кои имаат нарушувања на тироидната жлезда. Хашимото тироидитис е автоимуно нарушување во кое тироидното ткиво постепено се уништува, што доведува до хипотироидизам и низа симптоми како замор, зголемување на телесната тежина и чувство на студ. Неколку прегледи открија дека дополнувањето со селен може да ја подобри имунолошката функција и расположението кај луѓето со тироидитис Хашимото. Во меѓувреме, Грејвсовата болест е нарушување на тироидната жлезда во кое се произведува премногу тироиден хормон, што доведува до симптоми како губење на тежината, слабост, проблеми со спиењето и испакнати очи. Истражувањата покажаа дека дополнувањето со селен може да ја подобри функцијата на тироидната жлезда и да го одложи прогресијата на некои симптоми кај луѓето со оваа болест. 5. Може да го намали воспалението. Бразилските јаткасти плодови се богати со антиоксиданси, кои се супстанции кои помагаат да ги одржувате вашите клетки здрави. Тие го прават тоа со борба против оштетувањето предизвикано од реактивни молекули наречени слободни радикали.Бразилските ореви содржат неколку антиоксиданси, вклучувајќи селен, витамин Е и феноли како галска киселина и елагична киселина. Селенот го зголемува нивото на ензимот познат како глутатион пероксидаза (GPx), кој помага да се намали воспалението и да се заштити вашето тело од оксидативен стрес – нерамнотежа помеѓу антиоксидансите и слободните радикали што може да доведе до оштетување на клетките. 6. Добро за вашето срцеБразилските ореви содржат масни киселини здрави за срцето, како што се полинезаситените масти и се богати со антиоксиданси, минерали и растителни влакна, а сето тоа може да помогне да се намали ризикот од срцеви заболувања. Откриено е дека јадењето бразилски ореви кои содржат 290 mcg селен дневно во текот на 8 недели значително го зголемува нивото на HDL холестерол. Подобрувањето на нивото на вашиот HDL холестерол може да го намали ризикот од срцеви заболувања 7. Можеби е добро за вашиот мозокБразилските јаткасти плодови содржат елагична киселина и селен, од кои и двете можат да имаат корист за вашиот мозок. Елагинската киселина е еден вид полифенол во бразилските ореви. Има и антиоксидантни и антиинфламаторни својства кои можат да имаат заштитни и антидепресивни ефекти врз вашиот мозок.