ул. Христо Татарчев бр 117А, Припор


+ 389 78/308-866
+ 389 70/ 272-190


galanuts2015@gmail.com
galanuts2015@hotmail.com
sale@galanuts.mk
info@galanuts.mk

Социјални мрежи

Бадеми

Бадемите се нутритивно богатство на природата! Совршена храна како за телото, така и за умот. Богати со витамини, минерали и монозаситени масти. Овој месец се дел од нашата акциска понуда! Кај нас можете да најдете три видови на бадем: домашен – македонски, калифорниски и кармел. Сите тие имаат слични нутритивни врености и секако сировите се поздрави, но печените се одлична замена за индустриските грицкалици. Покрај тоа што е богат со витамин Е и магнезиум, бадемот содржи фитоматерии кои пружаат добра заштита од болести на срце, но и други хронични заболувања. Бадемот спаѓа во ковчесто овошје, а во блиско сродство е со вишната, сливата, праската и кајсијата. Стеблото на бадем може да достигне висина и до 10 м.Само една шака бадеми дневнo би можела да го подобри вашето здравје и да ви обезбеди пат до фит линија. Погледнете како… Оваа вкусна и здрава намирница може да ви обезбеди рамен стомак и витки нозе, а исто така и да ве заштити од шеќерна болест. Бадемите се богати со витамини, минерали, влакна и аминокиселини, па секако дека е потребно да ги вклучите во секојдневната исхрана. Истражувачите од Универзитетот во Пенсилванија открија дека консумирањето на 42 гр. бадеми дневно може да го намали ризикот од прерана смрт, како и да ги стопи масните наслаги на половината и нозете. Научно е утврдено дека бадемите го намалуваат нивото на холестерол и го намалуваат ризикот од појава на срцеви болести. Во 100 гр. бадеми се содржани овие витамини и минерали: 140 % од препорачаната дневна количина на манган 75 % од препорачаната дневна количина на магнезиум 60 % од препорачаната дневна количина на бакар 50 % од препорачаната дневна количина на фосфор 130 % од препорачаната дневна количина на витамин Е 51 % од препорачаната дневна количина на витаминот Б2 Бадемот содржи многу хранливи состојки, висок процент на витамин Е и магнезиум, умерена количина на протеин, влакна, витамин Б2, фосфор и бакар. Исто така содржи фито материи кои се заштита од срцев удар и други хронични болести. Содржи повеќе калциум и влакна од другото ковчесто овошје. 30 гр. бадем содржи иста количина на калциум како и 1⁄4 шолја млеко па поради тие својства, како и поради содржината на фолна киселина, се препорачува на трудниците. Бадемот е мала ”енергетска бомба”. Една порција бадем е многу калорична поради присуството на мононезаситените масни киселини, протеини и влакна. Секогаш кога ви е потребна ужина, одберете грст бадеми. Направете го Вашиот паметен избор!

Read More

Риба со бадеми

Печена риба положена на свежа постела од спанаќ, прекриена со јаткасти плодови е непогрешлив начин за елегантно готвење. Oва јадење е особено вкусно приготвено со слатка бела риба како треска или камбала.     Потребни состојки: кора и сок од 1 лимон ½ чаша сецкани бадеми, крупно сецкани 1 лажица ситно сечкан свеж копар или 1 лажичка сушен 1 лажица плус 2 лажички екстра девствено маслиново масло 1 лажичка хималајска сол свежо мелен пипер по вкус 600 гр треска или камбала, поделена на 4 порции 4 лажички Дижон сенф 2 чешниња лук, исечени 450 гр спанаќ резанки лимон за украсување    Начин на приготвување: Загрејте ја рерната на 200 степени. Обложете тавче со хартија за печење и напрскајте го со масло заготвење. Во помал сад измешајте ги кората од лимон, бадемите, копаотр, 1 лажица маслиново масло, 1/2 лажичка сол и бибер. Ставете ја рибата на подготвеното тавче и премачкајте го секое парче со 1 лажичка сенф. Поделете ја смесата со бадеми на 4 порции и распределете ја врз парчињата риба притискајќи врз сенфот. Печете ја рибата додека не стане мека во центарот, околу 10 тина минути, во зависност од дебелината. Во меѓувреме, загрејте ги преостанатите 2 лажички масло на средна топлина. Додадете го лукот и запржете, мешајќи, додека не ја осетите неговата арома. Внимавајте да не го изгорите, пржете околу 30 секунди. Додајте го спанаќот, сокот од лимон и преостанатата 1/2 лажичка сол; зачинете со бибер. Гответе, често мешајќи, додека спанаќот не ја намали количината, 2 до 4 минути. Покријте за да остане топло. Послужете ја рибата со парчиња спанаќ и лимон по желба. Добар апетит! Овој рецепт е совршен како ручек или елегантна вечера за деновите пред Велигденските празници.

Read More