Овој едноставен за подготовка чоколаден пудинг од чиа семе го спојува какаото со ѓумбирот за да создаде навистина неодолив вкус! Не само што е доволно богат за да помине како вкусен десерт, тој е полн со хранливи материи и влакна за да ве држи сити во текот на денот. Направете го со кокосово или бадемово млеко – изборот е ваш! Има само нешто толку добро во оваа комбинација какао-ѓумбир, со тоа што ѓумбирот го дава совршениот зачинет завршеток на горчината на чоколадото. Потребни состојки:• 1/2 чаша чиа семе• 4 лажици висококвалитетносирово какао во прав• 1 лажичка мелен ѓумбир• 3 лажици чист јаворов сируп / мед• 2 чаши млеко по изборбадемово, кокосово, овесно млеко• додатоци по избор: јаткасти плодови,кокосови снегулки, грутки од какао, гранола итн. ИнструкцииДодадете ги чиа семето, какаото во прав и ѓумбирот во голема чинија или тегла. Измешајте ги состојките пред да додадете млеко и јаворов сируп или мед.Добро измешајте ги влажните и сувите состојки, па покријте и чувајте ги во фрижидер минимум 2 часа додека смесата не се зацврсти.Извадете ја од фрижидер и ставете ја смесата во блендер со голема брзина. Мешајте додека не се изедначи (~ 1 минута). Послужете и додадете прелив по желба. Овој пудинг најдобро се ужива ладно! Совети за правење пудинг од чиа семе Треба да предвидите најмалку 2 часа време за да се впие течноста во чиа семето. Ова предизвикува чиа семето да отече и да создаде „гел“, што е она што му дава текстура слична на пудинг. Овој чекор НЕ МОЖЕТЕ да го прескокнете! Чиа пудингот е најдобро да се ужива во изладена форма – чувајте го во фрижидер додека не сте подготвени да го јадете! Слободно направете поголема серија од чиа пудингот за да го чувате во фрижидер цела недела! Едноставно приспособете ги состојките да одговараат на вашите потреби – за секоја 1 чаша млеко, ќе ви требаат 1/4 чаша чиа семе. Ако сметате дека пудингот е премногу течен за ваш вкус – едноставно додадете уште неколку чиа семки. Ако е премногу густо – додадете уште малку млеко. Додадете ги топинзите непосредно пред сервирањето, инаку ризикувате да станат влажни.
Kaкао – древна и магична состојка за топли напитоци Какаото се добива од плодовите на дрвенастото растение Theobroma cacao кое потекнува од тропските делови на Америка. Од овие плодови се добива какао масата (прав и какао маснотии) и потоа од неа и чоколадото, што воедно е и главната употреба на какаото. Кај нас, какао правот се користи уште и како топол напиток. Какао во прав и неговите бенефити: 1) Богат извор на полифеноли кои обезбедуваат неколку здравствени бенефити Полифенолите се природни антиоксиданти кои се присутни најчесто во свежата храна (овошје и зеленчук), но и во чаевите, чоколадата и виното. Нивното дејство се поврзува со бројни здравствени бенефити, како намалување на хроничните процеси на воспаление, подобрена циркулација, намален крвен притисок, намален холестерол и шеќер во крвта. Какаото се смета за еден од најбогатите извори на полифеноли во природата. Особено е богато со флавоноиди, кои имаат моќно антиоксидативно и антивоспалително дејство. Но, преработката и делувањето на какаото со превисока топлина и алкални агенси, може да доведе до губење на голем дел од овие негови корисни компоненти. Тоа значи, дека не сите производи добиени од какао ќе бидат особено богати со нив. 2) Со зголемување на нивото на една молекула, какаото може да придонесе за намалување на високиот крвен притисок! Какаото, и во форма на чоколадо и како какао прав, може да помогне за снижување на крвниот притисок. За ова позитивно дејство за одговорни се сметаат присутните флавоноиди. Според студиите тие можат да го подобрат нивото на азотниот оксид, гас кој може да придонесе за релаксирање на крвните садови и следствено, за намалување на високиот крвен притисок. 3) Какаото може да придонесе за намалување на ризикот од срцев и мозочен удар Дополнително, покрај намалувањето на крвниот притисок, за ваквото дејство на какаото причина е и неговото намалувачко дејство во однос на ,,лошиот”, LDL холестерол во крвта. Намалувањето на крвниот притисок и подобрувањето на холестеролниот профил, неминовно водат кон подобрено кардиоваскуларно здравје, односно значително намален ризик од срцев и мозочен удар. Во една анализа на девет научни студии со над 150 илјади испитаници, било пронајдено дека оние кои консумирале повеќе темно чоколадо имале значително намален ризик од срцев и мозочен удар во текот на животот. Друга пак, шведска студија, ни дава резултати според кои ваквото позитивно дејство на чоколадото може да го добиеме само со умерена консумација (до 30g дневно), а поголемите количини би можеле да создадат и некои проблеми. 4) Полифенолите помагаат и за подобра функција на мозокот Логично, подобрената циркулација на крвта, влијае и на подоброто снабдување на мозокот со крвта и сите нејзините хранливи елементи. Дополнително, флавоноидите можат да ја минат мозочната бариера и да учествуваат во биохемиските процеси во кои се создаваат невроните и повеќето важни молекули за функционирањето на мозокот. Во една спроведена студија, помлади испитаници во исхраната вклучиле какао продукти со висок процент на флавоноиди. По само една недела, циркулацијата во мозокот се подобрила за 8%, а за две недели – 10%. Научните студии, исто така укажуваат и на позитивен ефект на флавоноидите кај повозрасните лица, но и кај лицата кои веќе имаат ментални нарушувања. Какаото исто така, може да има позитивен ефект и на нарушеното расположение и симптомите на депресија. Овој позитивен ефект се смета дека се должи повторно на флавоноидите, односно на преминувањето на триптофанот во природниот стабилизатор на расположението – серотонин. Всушност, тоа е чувството на задоволство кое го чувствуваме по конумирање на чоколадо. Една студија утврдила намален стрес кај бремените жени кои поредовно консумирале темно чоколадо. Друга пак, дека пијалаците кои содржат какао, можат да придонесат за смирување и задоволство. 5) Флавоноидите од какаото можат да ги намалат симптомите кај дијабет тип 2 Иако е познато дека претерувањето со темната чоколада не е воопшто препорачливо и добро за пациентите со дијабет, какао правот всушност има одреден анти-дијабетичен ефект. Флавоноидите од какаото можат да ја успорат дигестијата на јаглехидратите и нивната апсорпција во дигестивниот тракт, потоа да го подобрат лачењето на инсулинот, да го намалат воспалението и да го стимулираат ,,внесувањето” на шеќерот, од крвта во мускулните клетки. Сето ова е потврдено од научни студии, а постојат и повеќе истражувања кои велат дека исхраната богата со флавоноиди превенира од развој на дијабет тип 2. 6) Какаото може да помогне во намалување на телесната тежина на повеќе изненадувачки начини Можеби звучи парадоксално, но дури и какаото од темната чоколада може да помогне во губењето на телесната тежина. Ова својство се должи на способноста на какаото да помогне во регулирањето на метаболитичките процеси, односно намалувањето на апетитот и воспалителните процеси, зголемувањето на оксидацијата на маснотиите и чувството на ситост. Ќе прокоментираме две студии. Едната вели дека луѓето кои консумирале темна чоколада поредовно, имаат помал BMI од луѓето кои консумирале поретко и покрај тоа што луѓето од првата група јаделе повеќе калории. Другата студија пак, која испитувала поединци што се обидувале да ослабат, дава податоци според кои консумирањето темна чоколада дополнително помага во слабеењето, затоа што оние испитаници кои консумирале, имале подобри резултати, во однос на контролната група. 7) Теоброминот и теофилинот од какаото можат да им помогнат на луѓето со астма Астмата е хронично воспалително заболување кое предизвикува затворање и инфламација на дишните патишта, што во дадени моменти може да биде дури и животозагрозувачки. Теоброминот и теофилинот можат да бидат од помош за оваа состојба. Теоброминот е слична компонента на кафеинот и може да помогне при хронична кашлица. Какаото содржи околу 2g од оваа супстанца, на 100g. Теофилинот пак, ја помага дилатацијата, односно опуштањето на белите дробови и дишните патишта и го намалува воспалението во нив. Сепак, за ова дејство на какаото, потребни се клинички студии. 8) Какаото покажува антибактериско дејство, но и низа бенефити за кожата Какаото содржи повеќе компоненти со антибактериско и имуностимулирачко дејство, кои пред сè, можат да придонесат за здравјето на усната празнина. Тоа во некои студии се покажало како успешно во справувањето со честите бактерии од усната средина, кои предизвикуваат кариес. Чоколадите се сметаат за еден од предизвикувачите на акните, но студиите го посочуваат сосем спротивното – полифенолите на какаото, всушност имаат низа на позитивни дејства за кожата. Сè повеќе истражувања
Oвие тркалезни лепчиња со црн бибер се воздушести, нечни и меки – одличен додаток кон секое јадење. Со снегулки од црн бибер, овие лепчиња се поинакви од се што сте пробале до сега! Потребни состојки (за околу 20 колачиња): 6 чаши брашно 2 лажица шеќер 1 лажичка сол 8 лажички прашок за пециво 1 лажичка крем сирење 1.5 чаша ладен путер (од фрижидер) 2 јајце 2 чаши млеко 4 лажички свежо мелен црн пипер Инструкции: Извадете го путерот од фрижидер и исечете го на порции големи колку 1 лажица. (По желба можете да гио исечете на уште помали парчиња). Повторно ставете ги во фрижидер. Ладниот путер е императив! Загрејте ја рерната на 220 степени. Измешајте ги сите суви состојки заедно во сад со средна големина. Извадете го путерот од фрижидер и со алатка за сечење на пецива или со нож исечете го уште поситно во сувите состојки. Сечете само додека не видите мали парчиња путер (не поголеми од грашок). Не обидувајте се целосно да го измешате целиот путер додека не исчезне во останатите состојки. Тие мали парчиња путер се важни. Изматете го јајцето со млекото и додадете го во смесата со брашно/путер. Мешајте само додека да се соедини. Не додавајте повеќе брашно и не го мешајте тестото, иако е лепливо. Великодушно набрашнете голема површина (како чиста плотна или голема даска за сечење). Ставете го тестото врз брашното и додадете брашно врз тестото. Месете 10-15 пати. Ако е премногу лепливо, додадете уште малку брашно. Расукајте го или тапкајте го тестото така што ќе биде дебело од 2-2.5 см . Оваа висина е важна. Сè што е помало од ова нема да ви ги даде високите колачи што ги посакувате. Со помош на голема шолја или чаша, исечете ги бисквитите и ставете ги на подмачкано тавче. Продолжете да го расукувате останатото тесто додека не ги напраите сите колачи. Печете 10-15 минути додека не порумени одозгора. По желба, намачкајте ги со путер врелите бисквити. Добар апетит!
Тешко дека можеме да замислиме некое вкусно јадење што воопшто не содржи бибер. Без разлика дали се работи за мелен или крупен бибер, за топло или ладно јадење, ручек или вечера, овој зачин едноставно е неизоставен дел од нашата трпеза. Црниот бибер потекнува од прашумите во јужните делови на Индискиот Полуостров. Преку воспоставувањето на трговските пати помеѓу западниот свет и далечниот исток пред повеќе векови, биберот влегува на голема врата и во нашите простори. Која е разликата помеѓу различните типови бибери? Се работи за зачин добиен од зрнестите плодови (бобинки) кои ни ги дава бликата од семејството Piperaceae, поточно Piper nigrum. На пазарите можеме да сретнеме бибер со различни обојувања. Всушност, иако значително се разликуваат нивните вкусови и ароми, станува збор за истите зрнести плодови, но со различен степен на зрелост и на процесирање (обработка). Зелениот бибер се добива со берење и сушење на бобинките кога тие сè уште не се доволно зрели, додека црниот освен на процесот сушење, пред тоа подлежи и на термичка обработка, односно варење. Белиот бибер пак, се добива со потопување во вода, ферментација и потоа сушење на целосно созреаните бобинки. Исто така познати се и црвените бобинки, кои иако се доста слични на биберот, сепак припаѓаат на сосема друг вид билка од семејството Capsicum и го содржат познатиот капсицин, кој го дава специфичниот вкус и има навистина импресивни корисни ефекти врз здравјето на човекот (на пример антиканцерогено дејство). Биберот со векови се користи во традиционалната индиска и кинеска медицина за најразлични заболувања, од третирање на лесни инфекции, па се до третирање на најразлични болки. Познато е и неговото користење за конзервирање на прехранбени производи. Што вели денес науката за можеби најкористениот зачин? Антиоксидативно, антивоспалително и антибактериско дејство Биберот е одличен извор на антиоксидативни компоненти, пред сè на неговата најпозната фитохемикалија – пиперинот. Студии докажуваат силно антиоксидативно и антивоспалително дејство кај оваа компонента. Тука се и криптоксантинот, зеаксантинот, ликопенот итн. Дополнително, при консумирање куркума (инаку зачин кој се смета за најдобар во однос на антиоксидативниот состав) заедно со бибер, апсорпцијата на куркуминот (најпотентниот антиоксидант на куркумата) во тенкото црево се зголемува за дури 2000 пати. Причината за ова е токму пиперинот. Антиоксидантите се одбранбениот механизам на телото од слободните радикали – штетни компоненти кои постојано се продуцираат како метаболитички отпад во телото и оксидативно ги оштетуваат неговите различни клетки и ткива. Организмот има механизми самиот да продуцира одреден процент на потребни антиоксиданти, но сепак зависи и од внесените. Постојаните оксидативни оштетувања, водат до процеси на хронична инфламација или воспаление, кое пак на подолг рок е една од главните причини за развој на хроничните заболувања. Покрај ова, кај биберот е утвредно и одредено антимикробно дејство. Повеќе студии велат дека пиперинот може да придонесе во борбата против различни патогени микроорганизми. Поконкретно, биберот е особено ефективен во борбата со оралните патогени бактерии кои водат кон непријатни состојби како кариес, различни орални воспаленија и гингивитис. Биберот содржи и солидни количества од некои значајни микронутриенти, како витаминот К, антиоксидативните витамини А и Ц и во нешто помали количества манган, калциум, калиум, цинк, железо, магнезиум итн. Биберот може да помогне при дијабет Претходно споменатиот моќен антиоксидативен состав на биберот (во сите негови форми), може да придонесе и во стабилизирањето на крвниот шеќер. Низа студии покажуваа дека зачините, како што е биберот, можат да имаат корисен ефект при дијабет тип 2. Дополнително, истражувачите утврдуваат дека пиперинот значително допринесува за забрзување на метаболизмот, со што може да помогне при процесот на слабеење. Знаеме дека гојазноста е силен ризик фактор за развој на дијабет. Намалување на крвниот притисок и холестеролот Сите знаеме дека употребата на солта во денешно време е сериозен проблем кога станува збор за одржувањето на нормалниот крвен притисок. Почестата употреба на зачините, помеѓу кои најупотребуван е биберот, може да доведе до значително намалена потреба за посолување на оброците. Биберот може да помогне и на подиректен начин. Имено, едно анимално истражување од Словачка, утврдува дека пиперинот во одредена мера поседува намалувачко својство на крвниот притисок. Постојат и други студии кои го потврдуваат ова. Дополнително, во анималните студии, екстрактот од бибер се покажал како делотворен во однос на намалување и на холестеролните нивоа. Како што претходно споменавме, пиперинот од биберот за 2000 пати ја подобрува апсорпцијата на куркуминот од куркумата, кој исто така има докажан ефект во намалувањето на холестеролните нивоа. Подобро здравје на мозокот Повеќе студии наоѓаат релација помеѓу значително подобрената когнитивна функција и зачестената употреба на биберот (пиперинот). Така, во едно истражување се вели дека пиперинот може во голема мера да допринесе за подобрувањето на меморијата кај лицата со Алцхајмер, односно има способност да ги успори невродегенеративните процеси во хипокампусот. Други податоци велат дека пиперинот може да помогне дури и за намалување на типичните симптоми на депресија, како и за намалување на епилептичните напади. На овие теми, потребни се повеќе истражувања. Поздрави црева Капсицинот и пиперинот се двете компоненти на биберот кои можат да допринесат за подобро дигестивно здравје. Нивната ,,лутина” влијае на т.н. TRPV1 рецептори во дигестивниот тракт, што понатаму резултира со излачување на хемикалии кои придонесуваат за намалување на болките и ја подобруваат целокупната ситуација со дигестијата. Потенцијално антиканцерогено дејство Лабораториските студии кои ја тестирале употребата на куркумата и биберот против малигните ќелии, утврдуваат дека во лабораториски услови, овие зачини делуваат смртоносно на ваквите клетки. Тоа е утврдено и при одделно и при заедничко третирање на клетките со екстрактите од споменатите зачини. Дополнително, значајно за овие потенцијални антиканцерогени агенси е тоа што практично не поседуваат никакви несакани споредни дејства, кои се пристуни во конвенционалните терапии за канцер. Во иднина се очекуваат повеќе студии на оваа тема кои ќе помогнат да се најде начин за искористување на антиканцерогениот ефект на пиперинот и куркуминот.. Дополнителни, потенцијални корисни ефекти од редовната употреба на биберот: Подобра апсорпција на нутриенти – покрај куркуминиот, биберот ја подобрува апсорпцијата и на други важни хранливи материи (кои неретко се во дефицит помеѓу популацијата!), како селен, калциум, но и одредени антиоксидативни компоненти на зелениот чај на пример. Намалување на апетитот – според некои истражувања, кај биберот е утврден и ваков ефект. Го
Златно млеко или лате од куркума е прекрасен еликсир за здравје! Кокосовото млеко, куркумата и топлите зачини го прават овој рецепт за лате толку пријатен и здрав. Потребни состојки: 2 чаши кокосово млеко 2 лажици кокосов шеќер 1 лажичка мелена куркума 1/2 лажичка мелен цимет 1/4 лажичка мелен ѓумбир 1/2 лажичка ванила екстракт прстофат мелено морско оревче прстофат сол Инструкции Додадете ги сите состојки во мал сад за готвење и варете на тивок до среден оган. Континуирано и енергично матете додека не почне да се создава пена. Во блендер истурете го млекото од куркума и блендирајте додека не стане убаво и пенесто. Најдобро е да се консумира веднаш. Можете да го замените кокосовото млеко со конзервирано кокосово млеко. Ова ќе му даде покремаста структура на самото лате, но ќе содржи многу повеќе калории и масти!
Зачинот над зачините – куркума. Куркумата во последно време е многу популарен зачин, но таа популарност е со право затоа што овој ароматичен жолт зачин има навистина големи придобивки по здравјето. Куркумата е главна состојка на познатиот кари зачин кој е се повеќе и повеќе популарен поради убавиот вкус, но и поради многуте лековити својства кои ги поседува. Главната активна состојка на куркумата- куркуминот има моќни анти-инфламаторни и антиоксидантни ефекти. Но, мора да се има во предвид дека содржината на куркуминот во куркумата е само 3% од нејзината тежина. Исто така куркуминот од куркумата многу малку се апсорбира од дигестивниот тракт во крвта. Скоро е невозможно да ги добиеме придобивките од куркумата ако ја конзумираме како едноставен зачин во салатата. Постојат три начини кои можат да помогнат да се зголеми биорасположливоста на куркуминот во телото и да ги почувствувате зравствените придобивки од оваа моќна фитохемикалија. Повеќе за тоа прочитајте тука. Зошто е здраво да се јаде куркума? Анти-инфламаторни ефекти Куркуминот е пред се моќен анти-инфламаторен агенс, тој врши инхибиција и блокада на многу медијатори во инфламаторниот процес со што се спречува инфламацијата во телото. Тоа еособено значајно затоа што многу болести на денешницата се предизвикани од хронична инфламација. Антиоксидантни ефектиКуркуминот исто така е моќен антиоксидантен агенс кој успешно се бори против слободните радикали во телото. Механизмот на дејство на куркуминот против слободните радикали е двоен затоа што тој поради својата структура од една страна ги неутрализира слободните радикали, а од друга страна ја поттикнува моќта на антиоксидантните ензими во телото и го стимулира телото полесно да се справи со слободните радикали. Превенција од кардиоваскуларни заболувањаКуркуминот може многу да помогне и во третман и превенција на кардиваскуларни заболувања. Имено најзначен ефект кој го има куркуминот кога се во прашање срцеви болести е моќта да ја подобрува функцијата на ендотелот на крвните садови, а ендотелната дисфункција е една од причините за појава на висок крвен пртисок, аритмии, тромбоза и сл. Исто така како што спомнавме куркуминот ја намалува оксидацијата и инфламацијата што е особено значајна кај срцевите болести. Антиканцерогено дејствоКуркуминот има и антиканцерно дејство. Многу инвитро студии го потврдуваат дејството на куркуминот да ја намали антигенезата (развој на крвни садови во туморното ткиво), метастазирањето и да предизвика смрт на канцерогените клетки. Сепак мора да се има во предвид дека постојат многу типови и видови на канцери и сеуште се потребни многу испитувања за со сигурност да се потврди тоа дејство. Антисептично и антибактериско дејствоПоседува антиспетични и антибактериски својства и е корисна за дезинфекција на рани и опекотини. Но, се препорачува и кај настинки и вирусни заболувања. Го помага слабеењето Куркумата го регулира метаболизмот и може да помогне за слабеење. Колкава е дневната препорачана доза на куркума? Дневна препорачана доза на куркумата како зачин е од 3-10 g, таа количина со текот на времет можете да ја зголемите. Како да ја конзумирате куркумата?Додадете го овој зачин во било кое вариво, ориз или во вашето утринско кафе. Задолжително комбинирајте ја куркумата со црн бибер за да ја зголемите апсорпцијата на куркуминот. Исто така можете да подготвите здрав дресинг за салата така што ќе помешате 1 супена лажица маслиново масло, 1 супена лажица сок од лимон, 1⁄4 лажичка бибер и 1⁄4 лажичка куркума и малку сол по желба. Со овој дресинг зачинете ја омилената салата. Ова е одличен начин да ја зголемите апсорпцијата на куркуминот комбинирајќи го со маслиново масло и со црн бибер. Може да се подготви и чај од куркума така што 200 ml зовриена вода ќе ја помешате со 1⁄4 лажичкакуркума, сок од половина лимон, малку мед и 1 мала лажичка кокосово масло. Измешајте го тоа и испијте го дури е топло. Дали куркумата може да предизвика несакани ефекти?Ако се користи како зачин куркумата е безбедна и не се познати нескани ефекти. Сепак доколку се земаат суплементи на база на куркумин тоа треба да биде во консултација со доктор или фармацевт затоа што можна е појава на нескани ефекти од типот на гадење, повраќање, абнормален срцев ритам и сл. Исто така куркуминот од куркумата може да предизвика и намалување на нивото на глукоза во крвта што е значајно за дијабетичари кои се на инсулинска терпија затоа што постои ризик од појава на хипогликемија. Куркуминот може да ја спречи и апсорпцијата на железото и затоа суплементи со куркумин не се препорачуваат кај луѓе кои имаат дефицит на железо. Куркуминот не е препорачлив и за бремени жени затоа што сеуште нема податоци кои ја потвдуваат безбедноста од користење на овој суплемет кај трудници. Teкстот е превземен од https://fitlife.com.mk/
Бадемите се нутритивно богатство на природата! Совршена храна како за телото, така и за умот. Богати со витамини, минерали и монозаситени масти. Овој месец се дел од нашата акциска понуда! Кај нас можете да најдете три видови на бадем: домашен – македонски, калифорниски и кармел. Сите тие имаат слични нутритивни врености и секако сировите се поздрави, но печените се одлична замена за индустриските грицкалици. Покрај тоа што е богат со витамин Е и магнезиум, бадемот содржи фитоматерии кои пружаат добра заштита од болести на срце, но и други хронични заболувања. Бадемот спаѓа во ковчесто овошје, а во блиско сродство е со вишната, сливата, праската и кајсијата. Стеблото на бадем може да достигне висина и до 10 м.Само една шака бадеми дневнo би можела да го подобри вашето здравје и да ви обезбеди пат до фит линија. Погледнете како… Оваа вкусна и здрава намирница може да ви обезбеди рамен стомак и витки нозе, а исто така и да ве заштити од шеќерна болест. Бадемите се богати со витамини, минерали, влакна и аминокиселини, па секако дека е потребно да ги вклучите во секојдневната исхрана. Истражувачите од Универзитетот во Пенсилванија открија дека консумирањето на 42 гр. бадеми дневно може да го намали ризикот од прерана смрт, како и да ги стопи масните наслаги на половината и нозете. Научно е утврдено дека бадемите го намалуваат нивото на холестерол и го намалуваат ризикот од појава на срцеви болести. Во 100 гр. бадеми се содржани овие витамини и минерали: 140 % од препорачаната дневна количина на манган 75 % од препорачаната дневна количина на магнезиум 60 % од препорачаната дневна количина на бакар 50 % од препорачаната дневна количина на фосфор 130 % од препорачаната дневна количина на витамин Е 51 % од препорачаната дневна количина на витаминот Б2 Бадемот содржи многу хранливи состојки, висок процент на витамин Е и магнезиум, умерена количина на протеин, влакна, витамин Б2, фосфор и бакар. Исто така содржи фито материи кои се заштита од срцев удар и други хронични болести. Содржи повеќе калциум и влакна од другото ковчесто овошје. 30 гр. бадем содржи иста количина на калциум како и 1⁄4 шолја млеко па поради тие својства, како и поради содржината на фолна киселина, се препорачува на трудниците. Бадемот е мала ”енергетска бомба”. Една порција бадем е многу калорична поради присуството на мононезаситените масни киселини, протеини и влакна. Секогаш кога ви е потребна ужина, одберете грст бадеми. Направете го Вашиот паметен избор!
Печена риба положена на свежа постела од спанаќ, прекриена со јаткасти плодови е непогрешлив начин за елегантно готвење. Oва јадење е особено вкусно приготвено со слатка бела риба како треска или камбала. Потребни состојки: кора и сок од 1 лимон ½ чаша сецкани бадеми, крупно сецкани 1 лажица ситно сечкан свеж копар или 1 лажичка сушен 1 лажица плус 2 лажички екстра девствено маслиново масло 1 лажичка хималајска сол свежо мелен пипер по вкус 600 гр треска или камбала, поделена на 4 порции 4 лажички Дижон сенф 2 чешниња лук, исечени 450 гр спанаќ резанки лимон за украсување Начин на приготвување: Загрејте ја рерната на 200 степени. Обложете тавче со хартија за печење и напрскајте го со масло заготвење. Во помал сад измешајте ги кората од лимон, бадемите, копаотр, 1 лажица маслиново масло, 1/2 лажичка сол и бибер. Ставете ја рибата на подготвеното тавче и премачкајте го секое парче со 1 лажичка сенф. Поделете ја смесата со бадеми на 4 порции и распределете ја врз парчињата риба притискајќи врз сенфот. Печете ја рибата додека не стане мека во центарот, околу 10 тина минути, во зависност од дебелината. Во меѓувреме, загрејте ги преостанатите 2 лажички масло на средна топлина. Додадете го лукот и запржете, мешајќи, додека не ја осетите неговата арома. Внимавајте да не го изгорите, пржете околу 30 секунди. Додајте го спанаќот, сокот од лимон и преостанатата 1/2 лажичка сол; зачинете со бибер. Гответе, често мешајќи, додека спанаќот не ја намали количината, 2 до 4 минути. Покријте за да остане топло. Послужете ја рибата со парчиња спанаќ и лимон по желба. Добар апетит! Овој рецепт е совршен како ручек или елегантна вечера за деновите пред Велигденските празници.
Ова домашно темно чоколадо ќе го задоволи и најпретенциозниот љубител на чоколадо.Подготвено е со вистински состојки од какао, исполнето со бразилски ореви и семки од тиква и има посебен слатко-горчлив вкус во кој ќе се заљубите. Вистинскиот рецепт за чоколадо се базира на какао маса и какао путер, со додаден засладувач (тука користевме кокосов шеќер). Вклучивме и малку кокосово масло за да го направиме екстра кремасто, како и ванила и цимет за вкус и арома. Професионален совет: Слободно заменете ги семките од тиква и бразилските ореви со сè штосакате. Оревите, пеканот или семките од сончоглед се одлични алтернативи. Чипсот од кокос или сушените парчиња манго делуваат исто толку добро. И ако сакате да го направите дополнително сладок, можете да додадете 1-2 урми (насецкани). СОСТОЈКИ• 80 грама какао (маса)• 50 грама путер (какао)• 3 лажички кокосов шеќер• 1/2 лажиче ванила во прав• 1/2 лажиче цимет во прав• 3 бразилски ореви• 30 грама кокосово масло• 1 лажица семки од тиква(накиснати во вода преку ноќ) ИНСТРУКЦИИСтавете ги сите состојки, освен оревите и семките во сад за топење на водена пара. Чоколадото нека се стопи полека, без премногу да се зголемува температурата. Откако ќе се стопи додадете ги сецканите бразилски ореви и семки од тиква и измешајте ги вопастата. Истурете го чоколадниот крем во стаклен или керамички сад со рамно дно. Поместете го садот во фрижидер и оставете го да отстои таму додека чоколадото не стане цврсто. Откако ќе зацврсти, извадете го од фрижидер и исечете ги на правоаголници. Уживајте!