ул. Христо Татарчев бр 117А, Припор


+ 389 78/308-866
+ 389 70/ 272-190


galanuts2015@gmail.com
galanuts2015@hotmail.com
sale@galanuts.mk
info@galanuts.mk

Социјални мрежи

Blog

Рецепти

Teмно чоколадо со бразилски ореви

Ова домашно темно чоколадо ќе го задоволи и најпретенциозниот љубител на чоколадо.
Подготвено е со вистински состојки од какао, исполнето со бразилски ореви и семки од тиква и има посебен слатко-горчлив вкус во кој ќе се заљубите. Вистинскиот рецепт за чоколадо се базира на какао маса и какао путер, со додаден засладувач (тука користевме кокосов шеќер). Вклучивме и малку кокосово масло за да го направиме екстра кремасто, како и ванила и цимет за вкус и арома.

Професионален совет: Слободно заменете ги семките од тиква и бразилските ореви со сè што
сакате. Оревите, пеканот или семките од сончоглед се одлични алтернативи. Чипсот од кокос или сушените парчиња манго делуваат исто толку добро. И ако сакате да го направите дополнително сладок, можете да додадете 1-2 урми (насецкани).

СОСТОЈКИ
• 80 грама какао (маса)
• 50 грама путер (какао)
• 3 лажички кокосов шеќер
• 1/2 лажиче ванила во прав
• 1/2 лажиче цимет во прав
• 3 бразилски ореви
• 30 грама кокосово масло
• 1 лажица семки од тиква
(накиснати во вода преку ноќ)

ИНСТРУКЦИИ
Ставете ги сите состојки, освен оревите и семките во сад за топење на водена пара. Чоколадото нека се стопи полека, без премногу да се зголемува температурата. Откако ќе се стопи додадете ги сецканите бразилски ореви и семки од тиква и измешајте ги во
пастата. Истурете го чоколадниот крем во стаклен или керамички сад со рамно дно. Поместете го садот во фрижидер и оставете го да отстои таму додека чоколадото не стане цврсто. Откако ќе зацврсти, извадете го од фрижидер и исечете ги на правоаголници.

Уживајте!

КАТЕГОРИИ