ул. Христо Татарчев бр 117А, Припор


+ 389 78/308-866
+ 389 70/ 272-190


galanuts2015@gmail.com
galanuts2015@hotmail.com
sale@galanuts.mk
info@galanuts.mk

Социјални мрежи

Blog

Рецепти

Овесна каша

Нутритивниот состав на овесот е она што го вбројува во групата на најздрави житарки а со тоа и една од најкомплетните намирници што по многу прифатлива цена може да се најде кај нас на пазарот. Значајно е да се напомене дека оваа житарка се користи како полнозрнеста. Без разлика дали ќе ја подготвите како цело зрно или овесни снегулки, ги внесувате сите хранливи компоненти. Па, што мислите за ароматна топла или ладна овесна каша со овошје, јатки или какао? Не постои подобар начин да го започнете денот.

Овесна каша со банана и путер од јатки
СОСТОЈКИ:
• 1 cup oвесни снегулки
• 1 банана насецкана, оставете неколку парченца за топинг
• 1 лажица чиа семе
• 1 лажица цимет
• 1 лажица ванила екстракт
• прстофат сол
• 3 cups растително млеко или вода
• 2лажици сецкани ореви
• 2 лажици путер од кикирики или друг вид јаткаст путер

Во мало тенџере додадете ги овесните снегулки, водата или млекото, солта, циметот и ванилата (ако користите) и загрејте ги на умерен оган. Оставете ја смесата да зоврие, намалете ја топлината на тивок оган и продолжете да готвите околу 5-7 минути повремено мешајќи. Овесната каша е готова кога овесот ќе впие поголем дел од течноста и ќе стане кремаст. Префрлете се во сад и додадете ги парчињата банана, тостираните ореви, путерот од кикирики и
чиа семето. Парчињата банана можете да ги додадете и за време на процесот на готвење. Бананата ќе додаде еден тон вкус и малку сладост на овесната каша.

Oвесна каша со свежо овошје
СОСТОЈКИ:
• 1 cup овесни снегулки
• 3 лажици растително млеко или вода
• 3 големи лажици грчки јогурт
• 1 мала лажичка мед
• 1⁄2 cup свежо овошје (сезонско)
• 2 големи лажици печени јатки – ореви, лешници, бадеми

Во стаклена тегличка или сад ставате ги овесните снегулки, млекото, грчкиот јогурт и медот и убаво промешајте.
Откако убаво ќе се соединат овие состојки, додадете го свежото овошје кое го преферирате. Одберете сезонско овошје, макар да и замрзнато овошје е опција. На крајот декорирајте со печените јатки и ставете во фрижидер да отстои преку ноќ или барем неколку часа.

Oвесна каша со јаболко и цимет
СОСТОЈКИ:
• 1 cup овесни снегулки
• 1 cup растително млеко или вода
• 2 лажици јаворов сируп/мед/агаве
• 1лажичка цимет
• 1/2 лажичка ванила екстракт
• прстофат сол
• 2 лажици сецкани јатки по желба
• 1/2 cup сецкани јаболка

Во мало тенџере измешајте јаболка исечкана на коцки, јаворов сируп/мед/агаве и цимет и пржете неколку минути додека јаболката не омекнат и не изгледаат слично на печените јаболка. Ставете на страна. Додадете овес, вода, јаворов сируп, цимет, ванила и сол во тенџере на средно-силен оган. Оставете ја смесата да зоврие, намалете ја топлината на тивок оган и продолжете да готвите околу 5-7 минути повремено мешајќи. Овесната каша е готова кога овесот ќе впие поголем дел од течноста и ќе стане кремаст. Префрлете го во сад и одозгора наредете ги претходно подготвените јаболка од цимет, јатките и посипете со цимет и дополнителен засладувач доколку е потребно.

Oвесна каша со како и мед – чоколадна овесна каша
СОСТОЈКИ:
• 1 cup овесни снегулки
• 200 мл растително млеко или вода
• 3 мали лажички какао
• 1 голема лажичка мед/јаворов сируп/сируп од урми/агаве
• 30 грама мелени јатки
ореви/лешници/бадеми

• јатки, кокосов чипс или овошје по желба за декорација

Овесните снегулки заедно со млекото или водата ставете ги во сад за готвење и гответе на средна температура се додека не добиете густа каша. Пред целосно да зоврие водата, додадете го какаото и промешајте убаво. Тргнете го садот од оган и додадете го медот и претходно измелените јатки. Мешате се заедно. Добиената каша декорирајте ја по желба со овошје, путер или кокосов чипс.

За кој и рецепт да се одлучите да го пробате, нема да згрешите,

КАТЕГОРИИ