ул. Христо Татарчев бр 117А, Припор


+ 389 78/308-866
+ 389 70/ 272-190


galanuts2015@gmail.com
galanuts2015@hotmail.com
sale@galanuts.mk
info@galanuts.mk

Социјални мрежи

Рецепти

Пилешко со индиски ореви

Сочно пилешко со крцкави индиски ореви премачкани со најдобриот соја сос од лук!! Направете свој оброк со квалитет како од ресторан кој е лесен, подготвен за 20 минути и поздрав од оној што го служат во рестораните! Пилешкото се пржи на масло од сусам за длабочина на вкусот или на маслиново масло. Потоа се додадава брокула, црвени пиперки, младото кромидче и лук. Готвењето се завршува со индиски ореви, се разбира и тој прекрасен сос за пилешко со индиски оревчиња подготвен од: сос од соја, мед, капка-две вински оцет, ѓумбир и чили сос со лук. Топлината од овој сос навистина го оживува пилешкото без да биде премногу луто и зачинето, но ако сте чувствителни на лутина и зачини, намалете ја количината на сосот како што ви одговара, по вкус. Потребни состојки:• 550 гр пилешки гради• 2 полни чаши брокула• 2 чешниња лук• 3/4 лажичка мелен ѓумбир• 3/4 чаша младо кромидче• 1 чаша црвени пиперки• 2 лажици масло од сусам• 1 чаша несолени индиски ореви Сoс:• 1 лажица чили сос од лук• 2 лажици мед• 3 лажици соја сос• 3 лажици палента• 1/2 лажиче бибер• 1/2 лажиче сол• 1 лажица маслиново масло• 1 лажица вински оцет од ориз

Read More

Протеинско лебче од црвена леќа

На повидок е еден прекрасен, сончев и пролетен викенд. Искористете ги сончевите часови да прошетате во природа, на воздух и да им подарите на вашите најмили насмевки и топли заеднички мигови поминати во забава на отворено. А од нас како предлог го имате овој рецепт за доручек, вечера или совршена ужинка за вашиот излет, која освен што ќе ви ги наполни мешињата, ќе ви даде и енергија за да ги остварите вашите планови. ПРОТЕИНСКИ ЛЕБЧЕ ОД ЦРВЕНА ЛЕЌА Потребни состојки:• 400гр црвена леќа• 4 јајца• 150гр грчки јогурт (јогурт, кисело млеко)• 1 пециво• 1 лажичка сол• 50мл маслиново масло• додатоци по избор (урда, маслинки, семиња)• ким и сусам за посипување Приготвувањето е брзо и едноставно. Треба само предвреме, на пример од вечер, да си ја покиснете црвената леќа во вода, да отстои преку ноќ. Изутрина во блендер ги ставате јајцата, јогуртот, пецивото, солта, маслиновото масло како и процедената и измиена леќа и блендирате до соединување на состојките. Си сецкате сиренце, маслинки, урда или нешто друго по ваш вкус, додавате во смесата и рачно промешувате. Во тавче обложено со хартија за печење ја истурате смесата. Посипувате со семиња – препорачуваме ким и сусам, превкусно е. Ставате да се пече во загреана на 170 степени рерна 50-60 минути. Оставете да се излади, исечете на кришки и уживајте во вкусот!Не заборавајте да си стиснете save за да го зачувате рецептот! Верувајте ќе го правите пак и пак 😊

Read More

Топчиња од сува смоква

Топчиња од слатки суви смокви, испреплетени со бадеми и облечени во кокос. Едноставен, здрав и пред се корисен рецепт за здрава ужинка или десерт. Потребно ви е: • 200 g суви смокви (киснати во вода минимум 2 часа) • 50 g бадеми • 4 лажици овесни снегулки • 2 лажици кокосово масло • кокосово брашно Начин на подготовка: Сувите смокви најпрвин насечете ги на четвртинки и ставете ги да киснат во вода околу 2 часа. Потоа исфрлете ја водата и заедно со другуте состојки ставете ги во блнедер/сецко и убаво соединете ја смесата. На крај формирајте топчиња. По желба можете да ги валкате во кокосово брашно. Топчињата ставете ги во корпчики за бомбици и чувајте ги во фрижидер. Јадете ги како здрава ужинка или вкусен појадок кој ќе ви даде енергија и виталност. Source: @draganafitlife

Read More

Лепче од Брашно од Хељда

Пригответе си го ова превкусно, безглутенско и веганско лепче од само неколку состојки.Уживајте во вкусот! Потребни состојки:• 300 гр брашно од хељда• 3 лаж. прашок за пециво• 2 лаж. сол• 40 гр чиа семе• 240 мл вода• 160 мл вода (одделно)• 60 мл маслиново масло• 1-2 лажици семиња или јатки Начин на подготовка:– Во мал сад се мешаат чиа семето и 240 мл вода и се остава на страна, околу 15тина минути се додека не се претвори во гел текстура.– Рерната се загрева на 180° и се поставува хартија за печење на тава за леб.– Во голем длабок сад се додаваат сувите состојки брашното, солта и прашокот за пециво. Се мешаат.– На истата смеса се додаваат и остатокот (160 мл.) вода, маслиновото масло и чиа јајцето.– Се промешува се убаво се додека не се соедини. Смеесата треба да биде густа и леплива.– Смесата се става во тавата за леб и се израмнува.– Сега е моментот да се додат семиња на површината на смесата и нежно се притискаат за да се залепат за тестото.– Лебот се пече околу 1 час. По истекувањето на тој 1 час, боцнете со чачкалица и доколку излезе чиста, тоа значи дека лебот е готов. Доколку на чачкалицата сеуште има тесто се остава да се допече уште дополнителни 10 минути.– Се остава малку да се олади пред да се исече. Лебот може да стои на собна температура 2-3 дена, во ладилник 7-8 дена, а во замрзнивач повеќе од 1 месец.

Read More

Топчиња со урма

Пригответе си вкусен, нутритивно богат и пред се здрав десерт. Состојки: 100гр урма ротап – свежа 40гр лешници 20гр овесни снегулки 15ге какао во прав 1лажиче екстрат од ванила Прстофат сол 50гр Како во прав Мелени или сецкани ореви, лешници бадеми за препелкање по желба Составот е едноставен, а подготовката уште повеќе. Ви треба food procesor или блендер, ги ставате накиснатите во вода урми (барем 1 час) заедно со останатите состојки, блендирате и готово. Добивате смеса од која формирате топчиња кои потоа можете да ги валкате во какао или мелени јадки. Состојките нарачајте си ги кај нас!

Read More

Мајонез од индиски ореви

Мајонезот надалеку е познат како високо калорична и “нездрава” храна, но исто така и комфорт храна која дава специфичен вкус и е обожавана од сите возрасти. Денес, ви предложуваме рецепт со богат вкус, направен од само неколку состојки, а кој ќе го задоволи Вашиот апетит и ќе ви овозможи уживање со секое залаче. Состојки: 1 чаша сирови индиски ореви (претходно натопена во вода најмалку 6 часа) 1/2 лажица сенф Мала лажичка мед 50мл вода шоља вода 50мл маслиново масло сок од 1 лимон сол по вкус лук по избор Потребен ви е блендер, отстојани преку ноќ во вода индиски оревчиња, сенф, мед, лимон, маслиново масло, вода и малку сол. Блендирате додека да добиете свиленкаста смеса и го имате Вашиот вкусен веге мајонез. Намазот може да се користи како гарнир со тестенини, компири, сендвичи или салати. Измешано со малку јаболков оцет е одлично како прелив за салата, а со додавање на бадемово млеко добиваме совршен сос. Индиските ореви се дел од нашата ноемвриска акција! Направете го Вашиот паметен избор!

Read More

Домашна гранола

Домашно приготвената гранола е одличен избор за нутритивен појадок. Се прави лесно, за многу кратко време и имате полна слобода да експериментирате со состојките. А што е најважно, складирана правилно во стаклен сад, стои долг временски период. Комбинирајте со свежо овошје и растително млеко или јогурт и имате здрав и хранлив појадок. Потребни состојки: 100гр овесни снегулки 30гр бадеми 30гр лешници 30гр индиски ореви 2 лажици мед 4 лажици путер од бадеми 2 лажици брусница ½ лажичка цимет Подготовка: Во блендер ставете ги овесните снегулки, бадемите и лешници и изблендирајте ги но не премногу. Потоа додадете ги сите други состојки за гранолата и измешајте. Ставете сè во плех, на хартија за печење и печете на 160 степени 20-25 минути (мешајте ја смесата на секои 5 минути). Печената гранола оставете ја да се излади. Кога ќе се излади ставете ја во стаклена тегла  и чувајте во фрижидер. Состојките нарачајте си ги кај нас.Направете го Вашиот паментен избор!

Read More
КАТЕГОРИИ