На повидок е еден прекрасен, сончев и пролетен викенд. Искористете ги сончевите часови да прошетате во природа, на воздух и да им подарите на вашите најмили насмевки и топли заеднички мигови поминати во забава на отворено. А од нас како предлог го имате овој рецепт за доручек, вечера или совршена ужинка за вашиот излет, која освен што ќе ви ги наполни мешињата, ќе ви даде и енергија за да ги остварите вашите планови. ПРОТЕИНСКИ ЛЕБЧЕ ОД ЦРВЕНА ЛЕЌА Потребни состојки:• 400гр црвена леќа• 4 јајца• 150гр грчки јогурт (јогурт, кисело млеко)• 1 пециво• 1 лажичка сол• 50мл маслиново масло• додатоци по избор (урда, маслинки, семиња)• ким и сусам за посипување Приготвувањето е брзо и едноставно. Треба само предвреме, на пример од вечер, да си ја покиснете црвената леќа во вода, да отстои преку ноќ. Изутрина во блендер ги ставате јајцата, јогуртот, пецивото, солта, маслиновото масло како и процедената и измиена леќа и блендирате до соединување на состојките. Си сецкате сиренце, маслинки, урда или нешто друго по ваш вкус, додавате во смесата и рачно промешувате. Во тавче обложено со хартија за печење ја истурате смесата. Посипувате со семиња – препорачуваме ким и сусам, превкусно е. Ставате да се пече во загреана на 170 степени рерна 50-60 минути. Оставете да се излади, исечете на кришки и уживајте во вкусот!Не заборавајте да си стиснете save за да го зачувате рецептот! Верувајте ќе го правите пак и пак 😊