Домашно приготвената гранола е одличен избор за нутритивен појадок. Се прави лесно, за многу кратко време и имате полна слобода да експериментирате со состојките. А што е најважно, складирана правилно во стаклен сад, стои долг временски период. Комбинирајте со свежо овошје и растително млеко или јогурт и имате здрав и хранлив појадок.
Потребни состојки:
100гр овесни снегулки
30гр бадеми
30гр лешници
30гр индиски ореви
2 лажици мед
4 лажици путер од бадеми
2 лажици брусница
½ лажичка цимет
Подготовка:
Во блендер ставете ги овесните снегулки, бадемите и лешници и изблендирајте ги но не премногу. Потоа додадете ги сите други состојки за гранолата и измешајте. Ставете сè во плех, на хартија за печење и печете на 160 степени 20-25 минути (мешајте ја смесата на секои 5 минути). Печената гранола оставете ја да се излади. Кога ќе се излади ставете ја во стаклена тегла и чувајте во фрижидер.
Состојките нарачајте си ги кај нас. Направете го Вашиот паментен избор!