ул. Христо Татарчев бр 117А, Припор


+ 389 78/308-866
+ 389 70/ 272-190


galanuts2015@gmail.com
galanuts2015@hotmail.com
sale@galanuts.mk
info@galanuts.mk

Социјални мрежи

Archive

Хељда

Хељдата спаѓа во група на намирници кои најчесто се нарекуваат псевдожитни култури. Псевдожита се семиња кои се консумираат како житни зрна, но не растат како житарките. Други вообичаени псевдожитни култури се киноата и амарантот. Таа претставува без глутенско растение. Се користи како чај од хељда или се преработува во житарки, брашно и тестенини. Лупената хељда, која се користи на сличен начин како и оризот, е главната состојка во многу традиционални европски и азиски јадења. Хељдата стана популарна како здрава храна поради високата содржина на минерали и антиоксиданти. Претставува природен извор на минерали и витамини од кои: железо (помага во формирање на црвени крвни клетки и хемоглобин во крвта, и овозможува нормално снабдување на метаболизмот со енергија), цинк (помага во одржување на нормален метаболизам на јаглехидратите и репродуктивниот систем), калциум, јод, фосфор, бор, цинк, магнезиум, органски киселини и пектин, а од витамини содржи витамини од Б групата и витамин А. Како добар извор на влакна, хељдата има низок до среден гликемиски индекс. Ова значи дека е безбедна за јадење за повеќето луѓе со дијабетес тип 2. Всушност, студиите го поврзуваат внесот на хељдата со намалување на шеќерот во крвта кај луѓето со дијабетес.  Меѓу житариците и псевдожитариците, хељдата е најбогат извор на рутин, антиоксиданс кој може да има голем број на придобивки. Рутинот може да го намали ризикот од срцеви заболувања со спречување на формирање на згрутчување на крвта и намалување на крвниот притисок. Јаглехидратите се главната компонента во нутритивниот состав на хељдата. Присутни се и протеини и разни минерали и антиоксиданси.Хранливата вредност на хељдата е значително повисока од онаа на многу други житарки.                    Нутриционистичките факти за 100 грама сирова хељда се:    Калории: 343    Вода: 10%    Протеини: 13,3 грама    Јаглехидрати: 71,5 грама    Шеќер: 0 грама    Влакна: 10 грама    Масти: 3,4 грама  

Read More

Орев

Оревите се најпознатите јатки кај нас и за одгледување и за конзумација. Не само што ни обезбедуваат макронутриенти, оревите како што се здравите масти и протеините, туку тие се богати и со микронутриенти кои се од есенцијално значење за организмот како витамини, минерали, па и растителни влакна. Докажано е дека оревите имаат највисоко антиоксидативно дејство помеѓу сите јаткасти плодови. Ваквата активност, генерално се должи на витаминот Е, мелатонинот и растителните компоненти наречени полифеноли. Полифенолите се наоѓаат во кожичката со која е прекриен јаткастиот плод. Самиот плод ако го погледнете напречно има облик како мозок и затоа се смета дека оревот претставува клучна храна за мозокот. Оревите се сметаат за еинствени јатки кои ја подобруваат меморијата. Омега 3 масните киселини се есенцијални масни киселини, што значи дека мораме да ги внесуваме преку нашата исхрана. Оревите имаат значително поголемо количество на омега 3 масни киселини од сите други јатки. Секојдневната конзумација на ореви помага да се намали лошиот холестерол во крвта иако самиот тој е богат со многу масти тие се здрави,незаситени. Друг интересен факт е дека јатките орев содржат мелатонин, хормон кој помага при заспивањето. Така да ако имате бессони ноќи, туку што откривте еден мал трик кој може да ви помогне. Оревите содржат неколку ретки антиоксиданси кои ретко се среќаваат во храната која секојдневно ја конзумираме. Тоа се танин телимаграндин, флавонол морин и кунон џaглон. Истражувањата покажуваат дека полифенолите го спречуваат хемиското оштетување на црниот дроб.

Read More

Јачмен

100 грама јачмен има 354 калории. Изобилува со незаситени масни киселини. Ги содржи витамините А, Д, Е и поголемо количество витамин Б12 (што е инаку ретко во растенија). Богат е со минерали, како калиум, магнезиум, цинк, железо, фосфор, кобалт, флуор и јод. Јачменот е богат и со пантотенска киселина (витамин Б5), која има клучна улога во создавањето на црвените крвни зрнца и полови хормони. Го стимулира варењето на храната и го чисти телото. Јачменот е лесно сварлив и содржи многу растворливи растителни влакна. Го подобрува варењето на храната и го одржува балансот на цревната флора. Познат е како храна што го грее телото за време на зимскиот период, но исто така помага во неговото чистење напролет. Холандските научници откриле дека јачменот содржи до 35 отсто незаситени масни киселини што го намалуваат холестеролот во крвта – повеќе од која било друга житна култура. Од јачменот корист имаат и мажите – редовно консумирање храна богата со лигнани го намалува ризикот од добивање рак на простата за 82 отсто, покажале истражувањата.

Read More

Овес

Целото зрно овес е навистина многу хранливо, содржи сложени јаглехидрати, влакна, протеини и многу малку масти. Дополнително поради тоа што го консумираме во целост со лушпата ги содржи скоро сите Б витамини, содржи и поголема количина на железо, калциум магнезиум и цинк како и многу други важни минерали кои ги има во помала концентрација, но сепак се присутни. Една чаша од 81-грама суров овес содржи: Калории: 307 Јаглехидрати: 55 грама Влакна: 8 грама Протеини: 11 грама Маснотии: 5 грама Магнезиум: 27% Селен: 43% Фосфор: 27% Калиум: 6% Цинк: 27% Бидејќи овесот е преполн со многу соединенија кои го поттикнуваат здравјето тој обезбедува различни здравствени придобивки. Овесот е богат со бета-глукан, кој се покажа во повеќе студии дека го намалува нивото на холестерол. Бета-глуканот делува формирајќи гел во тенкото црево. Овој гел ја ограничува апсорпцијата на холестеролот во исхраната и се меша со реапсорпцијата на жолчните соли, кои играат суштинска улога во метаболизмот на мастите. Истражувањата утврдиле дека дневните дози од најмалку 3 грама бета-глукан со овес може да го намалат нивото на холестерол во крвта за 5-10%. Се покажа дека бета-глуканот помага во контролата на шеќерот во крвта, поради неговата способност да формира гел-како супстанција во вашиот дигестивен систем. Друг здравствен ефект што му се припишува на овесот е неговата способност да одржува здраво црево преку зголемување на фекалната содржина. Овој ефект се должи на нерастворливите влакна во овесот, што за разлика од растворливите влакна, не се растворливи во вода и затоа не формираат супстанција слична на гел.Бактериите во нашите црева не ферментираат нерастворливи влакна во иста мерка како што ферментираат растворливи влакна, при што се зголемува големината на вашата столица. Две студии утврдија дека јадењето овес ги зголемува чувствата на исполнетост и ја потиснува желбата да се јаде повеќе од четири часа, споредено со готови житарици за појадок. Овие ефекти се припишуваат на бета-глуканската содржина на овесот. Иако суровиот овес е безбеден за јадење, се препорачува да го натопите во вода, сок, млеко или алтернатива на млеко за да избегнете несакани ефекти. Покрај тоа, суровиот овес содржи антихранлива фитинска киселина, која се врзува за минерали како железо и цинк, што го отежнува вашето тело да ги апсорбира. Ова може да доведе до недостатоци на минерали со текот на времето, но вообичаено не е проблем ако јадете добро избалансирана диета во целина.

Read More

Топчиња со урма

Пригответе си вкусен, нутритивно богат и пред се здрав десерт. Состојки: 100гр урма ротап – свежа 40гр лешници 20гр овесни снегулки 15ге какао во прав 1лажиче екстрат од ванила Прстофат сол 50гр Како во прав Мелени или сецкани ореви, лешници бадеми за препелкање по желба Составот е едноставен, а подготовката уште повеќе. Ви треба food procesor или блендер, ги ставате накиснатите во вода урми (барем 1 час) заедно со останатите состојки, блендирате и готово. Добивате смеса од која формирате топчиња кои потоа можете да ги валкате во какао или мелени јадки. Состојките нарачајте си ги кај нас!

Read More

Урми

Дали знаевте дека УРМИТЕ меѓу народите во Северна Африка се познати како овошје на боговите? Придобивките од нивната редовна конзумација се бројни, токму поради богатиот нутритивен состав кој е енергетски стимуланс како за телото, така и за мозокот. Урмите имаат широк спектар на здравствени и нутритивни вредности, поради што се сметаат за најздраво овошје во светот. Тие се одличен извор на природни влакна, кои му се неопходни на организмот за добра работа на цревата. Природниот шеќер во урмите е совршена алтернатива на обичниот шеќер. Лесно се варат и го намалуваат чувството на глад. По својот состав се вистинска витаминска бомба, која можат да ја користат и децата и возрасните. Од анемија, висок крвен притисок, холестерол, па се до рак… речиси и да не постои болест која не може да се излекува со урмите. Анемичните пациенти би требале да јадат што повеќе урми, затоа што се одличен извор на железо. Во 100 грама урми има околу 0,90 грама железо, што е за околу 11% од препорачаните дневни вредности. Железото, како дел од хемоглобинот во самите црвени крвни зрнца, го одредува транспортот на кислородот во крвта. Најголема потреба за железо имаат децата во пубертет и трудниците. Со оглед дека содржат лутеин и зеаксантин, урмите се нарекуваат и ,,витамини за очи,,. Лутеинот и зеаксантинот се посебно важни за мрежницата и макулата на окото, бидејќи ги потпомага клетките на епителот за добар вид и можат да го спречат оштетувањето на макулата, која се јавува во староста. Урмите содржат калиум, кој е корисен при запирање на дијареја. Освен тоа, урмите помагаат цревната флора што побрзо да се обнови. Со редовно консумирање, урмите ги олеснуваат цревите да создаваат ,,пријателски,, бактерии. Исто како што ја спречуваат дијарејата, урмите можат да помогнат храната побрзо и полесно да се свари и исфрли од организмот. Потребно е да се земат неколку урми и навечер да се покиснат во чиста вода. Во текот на ноќта, урмите ќе го испуштат својот сок, кој е одличен лаксатив, што ќе помогне за стимулирање на мрзливите црева. Поради големата количина хранливи материи, урмите даваат чувство на ситост и го олеснуваат губењето на вишокот килограми. Ако на празен стомак се изеде една урма, таа ќе ја регулира работата на цревата и на организмот ќе му го даде потребниот шеќер. Урмите немаат холестерол, но имаат многу шеќер, па затоа не треба да се претера со нивното консумирање. Еден килограм урми содржи околу 3.000 калории. Урмите имаат способност да го намалуваат нивото на ЛДЛ лошиот холестрол. Затоа се одлична храна оние кои имаат висок холестерол. Оние со слабо срце можат да го користат ова неверојатно овошје. Навечер потопете ги урмите со семки во вода. Наутро тргнете им ги семките, смелете ги во блендер заедно со водата во која стоеле преку ноќта и пијте го овој лек во текот на денот неколку пати, за да го зајакнете срцето. Урмите се погодна храна за оние кои патат од висок крвен притоск. Во себе содржат натриум, а богати се и со калиум. Една стандардна порција од шест урми дава околу 80 грама магнезиум, есенцијален минерал кој придонесува за ширење на крвните садови. Истражувањата покажуваат дека околу 375 милиграми магнезиум може да го намали крвнот притисок. Овој месец се дел од нашата акциска понуда!

Read More

Лешник

Лешникот е добро познат и често одгледуван на нашите простори. Претставува јаткаст плод со извонредна хранлива вредност, богат нутритивен состав и пред се прекрасен вкус.Се користат како сирови (непечени), печени, во разни солени но и слатки јадења, а се среќаваат и разни намази и путери добиени од јатки. Белиот лешник се добива со потпекување на сирови јатки и лупење на нивната кафеникава лушпа. Лешниците се богати со здрави масни киселини и природни извори на витаминот Е. Покрај тоа, содржат влакна, калциум, магнезиум, цинк, фолна киселина и биотин, кои ја подобруваат работата на срцето и го чуваат од болести. Лешниците содржи многу антивоспалителни состојки, растителни влакна и антиоксиданси кои се неопходни за одржување на здравјето кај човекот. Тие го зајакнуваат природниот имунитет кај човекот. Лешникот  го намалува крвниот притисок и делуваат поволно на работата на срцето. Лешникот содржи киселина која делува против „лошиот“ холестерол и го намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања. Во поголемо количество содржат витамин Б1 кој ги јакне нервите, витамин Б3 кој ги одржува здрави желудникот и цревата, витамин Б6 кој е важен за измена на белковините, витамин Е кој ги штити клетките од дегенеративни промени и фолна киселина која помага за создавање на црвени крвни зрнца. Од минералите содржи големо количество на калциум кој е важен за создавање на коските. Овој месец се дел од нашата акциска понуда! Направете го Вашиот паметен избор!

Read More

Светски ден на љубезноста

13 ноември, освен што за нас, граѓаните на нашата татковина е познат како Ден на ослободувањето на Скопје, во светски рамки е познат како Ден на љубезноста. Воведен е во 1998 година од страна на Светското движење за добрина, коалиција на невладини организации за љубезност на нациите. Овој ден служи како потсетување на важноста да бидеме љубезни кон себе, луѓето околу нас и кон светот. На овој ден, Денот на љубезноста, имаме можност да размислиме за своите досегашни постапки и да сфатиме дека многу често ја занемаруваме моќта на допирот, насмевката, искрениот и љубезен збор, а сите тие имаат потенцијал да го променат животот. Ние размислуваме премногу, а чувствуваме премалку. А денес, како што минува времето и светот од ден на ден се претвора во многу студено место за живеење, место каде што исчезна љубезноста сѐ повеќе ни треба хуманост отколку машинерии, повеќе ни треба љубезност и нежност отколку остроумие. Љубезноста е многу мал но моќен збор, кој во суштина има големо значење. Затоа на овој ден, за миг да заборавиме на грижите и да се насмевнеме, да упатиме некому топол љубезен збор, да го отвориме срцето и да бидеме причина за нечија насмевка, затоа што секој од нас поседува моќ да го направи светот поубаво место за живеење.

Read More

Мајонез од индиски ореви

Мајонезот надалеку е познат како високо калорична и “нездрава” храна, но исто така и комфорт храна која дава специфичен вкус и е обожавана од сите возрасти. Денес, ви предложуваме рецепт со богат вкус, направен од само неколку состојки, а кој ќе го задоволи Вашиот апетит и ќе ви овозможи уживање со секое залаче. Состојки: 1 чаша сирови индиски ореви (претходно натопена во вода најмалку 6 часа) 1/2 лажица сенф Мала лажичка мед 50мл вода шоља вода 50мл маслиново масло сок од 1 лимон сол по вкус лук по избор Потребен ви е блендер, отстојани преку ноќ во вода индиски оревчиња, сенф, мед, лимон, маслиново масло, вода и малку сол. Блендирате додека да добиете свиленкаста смеса и го имате Вашиот вкусен веге мајонез. Намазот може да се користи како гарнир со тестенини, компири, сендвичи или салати. Измешано со малку јаболков оцет е одлично како прелив за салата, а со додавање на бадемово млеко добиваме совршен сос. Индиските ореви се дел од нашата ноемвриска акција! Направете го Вашиот паметен избор!

Read More

Домашна гранола

Домашно приготвената гранола е одличен избор за нутритивен појадок. Се прави лесно, за многу кратко време и имате полна слобода да експериментирате со состојките. А што е најважно, складирана правилно во стаклен сад, стои долг временски период. Комбинирајте со свежо овошје и растително млеко или јогурт и имате здрав и хранлив појадок. Потребни состојки: 100гр овесни снегулки 30гр бадеми 30гр лешници 30гр индиски ореви 2 лажици мед 4 лажици путер од бадеми 2 лажици брусница ½ лажичка цимет Подготовка: Во блендер ставете ги овесните снегулки, бадемите и лешници и изблендирајте ги но не премногу. Потоа додадете ги сите други состојки за гранолата и измешајте. Ставете сè во плех, на хартија за печење и печете на 160 степени 20-25 минути (мешајте ја смесата на секои 5 минути). Печената гранола оставете ја да се излади. Кога ќе се излади ставете ја во стаклена тегла  и чувајте во фрижидер. Состојките нарачајте си ги кај нас.Направете го Вашиот паментен избор!

Read More