ул. Христо Татарчев бр 117А, Припор


+ 389 78/308-866
+ 389 70/ 272-190


galanuts2015@gmail.com
galanuts2015@hotmail.com
sale@galanuts.mk
info@galanuts.mk

Социјални мрежи

Blog

Производи

Урми

Дали знаевте дека УРМИТЕ меѓу народите во Северна Африка се познати како овошје на боговите?

Придобивките од нивната редовна конзумација се бројни, токму поради богатиот нутритивен состав кој е енергетски стимуланс како за телото, така и за мозокот. Урмите имаат широк спектар на здравствени и нутритивни вредности, поради што се сметаат за најздраво овошје во светот. Тие се одличен извор на природни влакна, кои му се неопходни на организмот за добра работа на цревата. Природниот шеќер во урмите е совршена алтернатива на обичниот шеќер. Лесно се варат и го намалуваат чувството на глад. По својот состав се вистинска витаминска бомба, која можат да ја користат и децата и возрасните. Од анемија, висок крвен притисок, холестерол, па се до рак… речиси и да не постои болест која не може да се излекува со урмите.

Анемичните пациенти би требале да јадат што повеќе урми, затоа што се одличен извор на железо. Во 100 грама урми има околу 0,90 грама железо, што е за околу 11% од препорачаните дневни вредности. Железото, како дел од хемоглобинот во самите црвени крвни зрнца, го одредува транспортот на кислородот во крвта. Најголема потреба за железо имаат децата во пубертет и трудниците.

Со оглед дека содржат лутеин и зеаксантин, урмите се нарекуваат и ,,витамини за очи,,. Лутеинот и зеаксантинот се посебно важни за мрежницата и макулата на окото, бидејќи ги потпомага клетките на епителот за добар вид и можат да го спречат оштетувањето на макулата, која се јавува во староста. Урмите содржат калиум, кој е корисен при запирање на дијареја. Освен тоа, урмите помагаат цревната флора што побрзо да се обнови. Со редовно консумирање, урмите ги олеснуваат цревите да создаваат ,,пријателски,, бактерии.

Исто како што ја спречуваат дијарејата, урмите можат да помогнат храната побрзо и полесно да се свари и исфрли од организмот. Потребно е да се земат неколку урми и навечер да се покиснат во чиста вода. Во текот на ноќта, урмите ќе го испуштат својот сок, кој е одличен лаксатив, што ќе помогне за стимулирање на мрзливите црева.

Поради големата количина хранливи материи, урмите даваат чувство на ситост и го олеснуваат губењето на вишокот килограми. Ако на празен стомак се изеде една урма, таа ќе ја регулира работата на цревата и на организмот ќе му го даде потребниот шеќер. Урмите немаат холестерол, но имаат многу шеќер, па затоа не треба да се претера со нивното консумирање. Еден килограм урми содржи околу 3.000 калории. Урмите имаат способност да го намалуваат нивото на ЛДЛ лошиот холестрол. Затоа се одлична храна оние кои имаат висок холестерол.

Оние со слабо срце можат да го користат ова неверојатно овошје. Навечер потопете ги урмите со семки во вода. Наутро тргнете им ги семките, смелете ги во блендер заедно со водата во која стоеле преку ноќта и пијте го овој лек во текот на денот неколку пати, за да го зајакнете срцето. Урмите се погодна храна за оние кои патат од висок крвен притоск. Во себе содржат натриум, а богати се и со калиум. Една стандардна порција од шест урми дава околу 80 грама магнезиум, есенцијален минерал кој придонесува за ширење на крвните садови. Истражувањата покажуваат дека околу 375 милиграми магнезиум може да го намали крвнот притисок.

Овој месец се дел од нашата акциска понуда!

КАТЕГОРИИ