ул. Христо Татарчев бр 117А, Припор


+ 389 78/308-866
+ 389 70/ 272-190


galanuts2015@gmail.com
galanuts2015@hotmail.com
sale@galanuts.mk
info@galanuts.mk

Социјални мрежи

Blog

Производи

Лешник

Лешникот е добро познат и често одгледуван на нашите простори. Претставува јаткаст плод со извонредна хранлива вредност, богат нутритивен состав и пред се прекрасен вкус.
Се користат како сирови (непечени), печени, во разни солени но и слатки јадења, а се среќаваат и разни намази и путери добиени од јатки. Белиот лешник се добива со потпекување на сирови јатки и лупење на нивната кафеникава лушпа.

Лешниците се богати со здрави масни киселини и природни извори на витаминот Е. Покрај тоа, содржат влакна, калциум, магнезиум, цинк, фолна киселина и биотин, кои ја подобруваат работата на срцето и го чуваат од болести. Лешниците содржи многу антивоспалителни состојки, растителни влакна и антиоксиданси кои се неопходни за одржување на здравјето кај човекот. Тие го зајакнуваат природниот имунитет кај човекот. Лешникот  го намалува крвниот притисок и делуваат поволно на работата на срцето. Лешникот содржи киселина која делува против „лошиот“ холестерол и го намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања. Во поголемо количество содржат витамин Б1 кој ги јакне нервите, витамин Б3 кој ги одржува здрави желудникот и цревата, витамин Б6 кој е важен за измена на белковините, витамин Е кој ги штити клетките од дегенеративни промени и фолна киселина која помага за создавање на црвени крвни зрнца. Од минералите содржи големо количество на калциум кој е важен за создавање на коските.

Овој месец се дел од нашата акциска понуда!

Направете го Вашиот паметен избор!

КАТЕГОРИИ