ул. Христо Татарчев бр 117А, Припор


+ 389 78/308-866
+ 389 70/ 272-190


galanuts2015@gmail.com
galanuts2015@hotmail.com
sale@galanuts.mk
info@galanuts.mk

Социјални мрежи

Archive

Индиски ореви

Индиските оревчиња се јаткасти плодови со форма која потсетува на гравче, а потекнуваат од тропски дрвја, најзастапени во Индија и Бразил. Смото растение не е орев, туку семе на јаболко cashew. Името „cashew“ потекнува од португалскиот збор  „caju“, во превод „само-произведен орев“). Семето е во форма на бубрег, нежно и слатко по вкус, а текстурата е цврста и малку сунѓереста. Плодовите се исто така многу вкусни, сепак, тие се расипуваат веќе 24 часа по берењето.  Во Индија, индиските ореви се неопходна состојка во традиционалните десерти (пудинг од ориз, алва) и исто така се користат за украсување десерти. На пример, традиционален десерт во Индија е бурфи, кој е направен од млеко и индиски ореви (кају-бурфи) и е една од најскапите и најценети слатки. Во Индија има посебна традиција каде што индиските ореви се поклонуваат за време на фестивали, како и на свадби. Кај нас се едни од највкусните апетисани, често се користат за правење пудинзи, филови, млеко, мајонези и сл. Индискиот орев има широка примена во готвењето. Тоа е одличен избор за здрава ужинка и во комбинација со други ореви и суво овошје. Може да се користи и како додаток на разни јадења како што се житарки или зеленчук. Плодовите понекогаш се конзервираат или се прават џем, ликер и сок. Тие се користат и како додаток за слатки десерти, колачи и овошни салати. Тие се особено популарни во индиската, тајландската и кинеската кујна каде во комбинација со бадеми и други плодови често се комбинираат со ориз и салати.  Тие се богат растителен хранлив извор на низа значајни нутриенти: минерали, витамини, монозаситени масти и антиоксиданти. Особено се богати со незаситени масти- категорија на маснотии кои се поврзани со помал ризик од срцеви заболувања. Исто така индискиот орев е извор на растителни влакна со  мала количина на шеќер. Содржи количина на протеини еквивалентна на мала порција варено месо. Богати се со витамини Б-комплекс кои се важни за здравјето на нервниот систем, како и антиоксиданс минерал манган и магнезиум кои се важни хранливи состојки за здравјето на коските. Покрај тоа, индиските отеви обезбедуваат задололителна количина на бакар, кој е непходен за производство на енергија и е поддржувач за здрав развој на мозокот. Најдобро е да ги чувате во затворен сад на ладно и темно место. Така, можат да останат свежи до 6 месеци. Кај нас, индиските ореви се достапни во две форми – сурови и печени солени. Свежите ореви имаат светло кремаста боја, мазни се и без пукнатини, мувла, дамки или непријатен мирис. Не се препорачува да се консумираат големи количини индиски ореви одеднаш, но подобро е да се додадат малку во исхраната. Направете го Вашиот паметен избор!

Read More

Бадеми

Бадемите се нутритивно богатство на природата!Совршена храна како за телото, така и за умот. Богати со витамини, минерали и монозаситени масти. Овој месец се дел од нашата акциска понуда! Кај нас можете да најдете три видови на бадем: домашен – македонски, калифорниски и кармел. Сите тие имаат слични нутритивни врености и секако сировите се поздрави, но печените се одлична замена за индустриските грицкалици. Покрај тоа што е богат со витамин Е и магнезиум, бадемот содржи фитоматерии кои пружаат добра заштита од болести на срце, но и други хронични заболувања. Бадемот спаѓа во ковчесто овошје, а во блиско сродство е со вишната, сливата, праската и кајсијата. Стеблото на бадем може да достигне висина и до 10 м.Само една шака бадеми дневнo би можела да го подобри вашето здравје и да ви обезбеди пат до фит линија. Погледнете како… Оваа вкусна и здрава намирница може да ви обезбеди рамен стомак и витки нозе, а исто така и да ве заштити од шеќерна болест. Бадемите се богати со витамини, минерали, влакна и аминокиселини, па секако дека е потребно да ги вклучите во секојдневната исхрана. Истражувачите од Универзитетот во Пенсилванија открија дека консумирањето на 42 гр. бадеми дневно може да го намали ризикот од прерана смрт, како и да ги стопи масните наслаги на половината и нозете.Научно е утврдено дека бадемите го намалуваат нивото на холестерол и го намалуваат ризикот од појава на срцеви болести. Во 100 гр. бадеми се содржани овие витамини и минерали: 140 %  од препорачаната дневна количина на манган 75 % од препорачаната дневна количина на магнезиум 60 % од препорачаната дневна количина на бакар 50 % од препорачаната дневна количина на фосфор 130 % од препорачаната дневна количина на витамин Е 51 % од препорачаната дневна количина на витаминот Б2 Бадемот содржи многу хранливи состојки, висок процент на витамин Е и магнезиум, умерена количина на протеин, влакна, витамин Б2, фосфор и бакар. Исто така содржи фито материи кои се заштита од срцев удар и други хронични болести. Содржи повеќе калциум и влакна од другото ковчесто овошје. 30 гр. бадем содржи иста количина на калциум како и ¼ шолја млеко па поради тие својства, како и поради содржината на фолна киселина, се препорачува на трудниците. Бадемот е мала ”енергетска бомба”. Една порција бадем е многу калорична поради присуството на мононезаситените масни киселини, протеини и влакна. Секогаш кога ви е потребна ужина, одберете грст бадеми. Направете го Вашиот паметен избор!

Read More

26.10.22 РОДЕНДЕН

Славиме роденден заедно! Роденденска недела со попусти на 7 артикли и 7 пакетчиња подароци по повод 7-миот роденден на Gala Nuts. Од среда (19.10) до среда (26.10) купувачите ќе имаат можност да го прослават нашиот јубилеј со попуст и дарување. Наша чест и огромно задоволство ни е што до 26.10.22, 7 години постоиме благодарение на вашата доверба и лојалност. Целта ни е постигната – изградивме бренд за кој важи квалитет, навремена достава и еден куп задоволни муштерии. Ќе продолжиме понатаму со исто темпо!Веќе 7 години, навремено ги доставуваме вашите нарачки на вашата бизнис или домашна адреса.Благодарни сме за вашата доверба и се трудиме постојано да ги имаме квалитетни нашите производи. Затоа ве каниме заедно да прославиме цела недела. Ве чекаме на нашата локација Христо Татарчев бр.117А Припор или на 078/308-866 и 070/272-190 за сите ваши нарачки на вибер или на профилите на социјалните мрежи fb и insta.

Read More