ул. Христо Татарчев бр 117А, Припор


+ 389 78/308-866
+ 389 70/ 272-190


galanuts2015@gmail.com
galanuts2015@hotmail.com
sale@galanuts.mk
info@galanuts.mk

Социјални мрежи

Blog

Производи

Индиски ореви

Индиските оревчиња се јаткасти плодови со форма која потсетува на гравче, а потекнуваат од тропски дрвја, најзастапени во Индија и Бразил. Смото растение не е орев, туку семе на јаболко cashew. Името „cashew“ потекнува од португалскиот збор  „caju“, во превод „само-произведен орев“). Семето е во форма на бубрег, нежно и слатко по вкус, а текстурата е цврста и малку сунѓереста. Плодовите се исто така многу вкусни, сепак, тие се расипуваат веќе 24 часа по берењето. 

Во Индија, индиските ореви се неопходна состојка во традиционалните десерти (пудинг од ориз, алва) и исто така се користат за украсување десерти. На пример, традиционален десерт во Индија е бурфи, кој е направен од млеко и индиски ореви (кају-бурфи) и е една од најскапите и најценети слатки. Во Индија има посебна традиција каде што индиските ореви се поклонуваат за време на фестивали, како и на свадби. Кај нас се едни од највкусните апетисани, често се користат за правење пудинзи, филови, млеко, мајонези и сл. Индискиот орев има широка примена во готвењето. Тоа е одличен избор за здрава ужинка и во комбинација со други ореви и суво овошје. Може да се користи и како додаток на разни јадења како што се житарки или зеленчук. Плодовите понекогаш се конзервираат или се прават џем, ликер и сок. Тие се користат и како додаток за слатки десерти, колачи и овошни салати. Тие се особено популарни во индиската, тајландската и кинеската кујна каде во комбинација со бадеми и други плодови често се комбинираат со ориз и салати. 

Тие се богат растителен хранлив извор на низа значајни нутриенти: минерали, витамини, монозаситени масти и антиоксиданти. Особено се богати со незаситени масти- категорија на маснотии кои се поврзани со помал ризик од срцеви заболувања. Исто така индискиот орев е извор на растителни влакна со  мала количина на шеќер. Содржи количина на протеини еквивалентна на мала порција варено месо. Богати се со витамини Б-комплекс кои се важни за здравјето на нервниот систем, како и антиоксиданс минерал манган и магнезиум кои се важни хранливи состојки за здравјето на коските. Покрај тоа, индиските отеви обезбедуваат задололителна количина на бакар, кој е непходен за производство на енергија и е поддржувач за здрав развој на мозокот.

Најдобро е да ги чувате во затворен сад на ладно и темно место. Така, можат да останат свежи до 6 месеци. Кај нас, индиските ореви се достапни во две форми – сурови и печени солени. Свежите ореви имаат светло кремаста боја, мазни се и без пукнатини, мувла, дамки или непријатен мирис. Не се препорачува да се консумираат големи количини индиски ореви одеднаш, но подобро е да се додадат малку во исхраната.

Направете го Вашиот паметен избор!

КАТЕГОРИИ