ул. Христо Татарчев бр 117А, Припор


+ 389 78/308-866
+ 389 70/ 272-190


galanuts2015@gmail.com
galanuts2015@hotmail.com
sale@galanuts.mk
info@galanuts.mk

Социјални мрежи

Blog

Производи

Јачмен

100 грама јачмен има 354 калории. Изобилува со незаситени масни киселини. Ги содржи витамините А, Д, Е и поголемо количество витамин Б12 (што е инаку ретко во растенија). Богат е со минерали, како калиум, магнезиум, цинк, железо, фосфор, кобалт, флуор и јод.

Јачменот е богат и со пантотенска киселина (витамин Б5), која има клучна улога во создавањето на црвените крвни зрнца и полови хормони. Го стимулира варењето на храната и го чисти телото. Јачменот е лесно сварлив и содржи многу растворливи растителни влакна. Го подобрува варењето на храната и го одржува балансот на цревната флора. Познат е како храна што го грее телото за време на зимскиот период, но исто така помага во неговото чистење напролет.

Холандските научници откриле дека јачменот содржи до 35 отсто незаситени масни киселини што го намалуваат холестеролот во крвта – повеќе од која било друга житна култура. Од јачменот корист имаат и мажите – редовно консумирање храна богата со лигнани го намалува ризикот од добивање рак на простата за 82 отсто, покажале истражувањата.

КАТЕГОРИИ