Хељдата спаѓа во група на намирници кои најчесто се нарекуваат псевдожитни култури. Псевдожита се семиња кои се консумираат како житни зрна, но не растат како житарките. Други вообичаени псевдожитни култури се киноата и амарантот. Таа претставува без глутенско растение.
Се користи како чај од хељда или се преработува во житарки, брашно и тестенини. Лупената хељда, која се користи на сличен начин како и оризот, е главната состојка во многу традиционални европски и азиски јадења. Хељдата стана популарна како здрава храна поради високата содржина на минерали и антиоксиданти.
Претставува природен извор на минерали и витамини од кои: железо (помага во формирање на црвени крвни клетки и хемоглобин во крвта, и овозможува нормално снабдување на метаболизмот со енергија), цинк (помага во одржување на нормален метаболизам на јаглехидратите и репродуктивниот систем), калциум, јод, фосфор, бор, цинк, магнезиум, органски киселини и пектин, а од витамини содржи витамини од Б групата и витамин А. Како добар извор на влакна, хељдата има низок до среден гликемиски индекс. Ова значи дека е безбедна за јадење за повеќето луѓе со дијабетес тип 2.
Всушност, студиите го поврзуваат внесот на хељдата со намалување на шеќерот во крвта кај луѓето со дијабетес. Меѓу житариците и псевдожитариците, хељдата е најбогат извор на рутин, антиоксиданс кој може да има голем број на придобивки. Рутинот може да го намали ризикот од срцеви заболувања со спречување на формирање на згрутчување на крвта и намалување на крвниот притисок. Јаглехидратите се главната компонента во нутритивниот состав на хељдата. Присутни се и протеини и разни минерали и антиоксиданси.Хранливата вредност на хељдата е значително повисока од онаа на многу други житарки.