Пригответе си вкусен, нутритивно богат и пред се здрав десерт. Состојки: 100гр урма ротап – свежа 40гр лешници 20гр овесни снегулки 15ге какао во прав 1лажиче екстрат од ванила Прстофат сол 50гр Како во прав Мелени или сецкани ореви, лешници бадеми за препелкање по желба Составот е едноставен, а подготовката уште повеќе. Ви треба food procesor или блендер, ги ставате накиснатите во вода урми (барем 1 час) заедно со останатите состојки, блендирате и готово. Добивате смеса од која формирате топчиња кои потоа можете да ги валкате во какао или мелени јадки. Состојките нарачајте си ги кај нас!
Дали знаевте дека УРМИТЕ меѓу народите во Северна Африка се познати како овошје на боговите? Придобивките од нивната редовна конзумација се бројни, токму поради богатиот нутритивен состав кој е енергетски стимуланс како за телото, така и за мозокот. Урмите имаат широк спектар на здравствени и нутритивни вредности, поради што се сметаат за најздраво овошје во светот. Тие се одличен извор на природни влакна, кои му се неопходни на организмот за добра работа на цревата. Природниот шеќер во урмите е совршена алтернатива на обичниот шеќер. Лесно се варат и го намалуваат чувството на глад. По својот состав се вистинска витаминска бомба, која можат да ја користат и децата и возрасните. Од анемија, висок крвен притисок, холестерол, па се до рак… речиси и да не постои болест која не може да се излекува со урмите. Анемичните пациенти би требале да јадат што повеќе урми, затоа што се одличен извор на железо. Во 100 грама урми има околу 0,90 грама железо, што е за околу 11% од препорачаните дневни вредности. Железото, како дел од хемоглобинот во самите црвени крвни зрнца, го одредува транспортот на кислородот во крвта. Најголема потреба за железо имаат децата во пубертет и трудниците. Со оглед дека содржат лутеин и зеаксантин, урмите се нарекуваат и ,,витамини за очи,,. Лутеинот и зеаксантинот се посебно важни за мрежницата и макулата на окото, бидејќи ги потпомага клетките на епителот за добар вид и можат да го спречат оштетувањето на макулата, која се јавува во староста. Урмите содржат калиум, кој е корисен при запирање на дијареја. Освен тоа, урмите помагаат цревната флора што побрзо да се обнови. Со редовно консумирање, урмите ги олеснуваат цревите да создаваат ,,пријателски,, бактерии. Исто како што ја спречуваат дијарејата, урмите можат да помогнат храната побрзо и полесно да се свари и исфрли од организмот. Потребно е да се земат неколку урми и навечер да се покиснат во чиста вода. Во текот на ноќта, урмите ќе го испуштат својот сок, кој е одличен лаксатив, што ќе помогне за стимулирање на мрзливите црева. Поради големата количина хранливи материи, урмите даваат чувство на ситост и го олеснуваат губењето на вишокот килограми. Ако на празен стомак се изеде една урма, таа ќе ја регулира работата на цревата и на организмот ќе му го даде потребниот шеќер. Урмите немаат холестерол, но имаат многу шеќер, па затоа не треба да се претера со нивното консумирање. Еден килограм урми содржи околу 3.000 калории. Урмите имаат способност да го намалуваат нивото на ЛДЛ лошиот холестрол. Затоа се одлична храна оние кои имаат висок холестерол. Оние со слабо срце можат да го користат ова неверојатно овошје. Навечер потопете ги урмите со семки во вода. Наутро тргнете им ги семките, смелете ги во блендер заедно со водата во која стоеле преку ноќта и пијте го овој лек во текот на денот неколку пати, за да го зајакнете срцето. Урмите се погодна храна за оние кои патат од висок крвен притоск. Во себе содржат натриум, а богати се и со калиум. Една стандардна порција од шест урми дава околу 80 грама магнезиум, есенцијален минерал кој придонесува за ширење на крвните садови. Истражувањата покажуваат дека околу 375 милиграми магнезиум може да го намали крвнот притисок. Овој месец се дел од нашата акциска понуда!
Лешникот е добро познат и често одгледуван на нашите простори. Претставува јаткаст плод со извонредна хранлива вредност, богат нутритивен состав и пред се прекрасен вкус.Се користат како сирови (непечени), печени, во разни солени но и слатки јадења, а се среќаваат и разни намази и путери добиени од јатки. Белиот лешник се добива со потпекување на сирови јатки и лупење на нивната кафеникава лушпа. Лешниците се богати со здрави масни киселини и природни извори на витаминот Е. Покрај тоа, содржат влакна, калциум, магнезиум, цинк, фолна киселина и биотин, кои ја подобруваат работата на срцето и го чуваат од болести. Лешниците содржи многу антивоспалителни состојки, растителни влакна и антиоксиданси кои се неопходни за одржување на здравјето кај човекот. Тие го зајакнуваат природниот имунитет кај човекот. Лешникот го намалува крвниот притисок и делуваат поволно на работата на срцето. Лешникот содржи киселина која делува против „лошиот“ холестерол и го намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања. Во поголемо количество содржат витамин Б1 кој ги јакне нервите, витамин Б3 кој ги одржува здрави желудникот и цревата, витамин Б6 кој е важен за измена на белковините, витамин Е кој ги штити клетките од дегенеративни промени и фолна киселина која помага за создавање на црвени крвни зрнца. Од минералите содржи големо количество на калциум кој е важен за создавање на коските. Овој месец се дел од нашата акциска понуда! Направете го Вашиот паметен избор!
13 ноември, освен што за нас, граѓаните на нашата татковина е познат како Ден на ослободувањето на Скопје, во светски рамки е познат како Ден на љубезноста. Воведен е во 1998 година од страна на Светското движење за добрина, коалиција на невладини организации за љубезност на нациите. Овој ден служи како потсетување на важноста да бидеме љубезни кон себе, луѓето околу нас и кон светот. На овој ден, Денот на љубезноста, имаме можност да размислиме за своите досегашни постапки и да сфатиме дека многу често ја занемаруваме моќта на допирот, насмевката, искрениот и љубезен збор, а сите тие имаат потенцијал да го променат животот. Ние размислуваме премногу, а чувствуваме премалку. А денес, како што минува времето и светот од ден на ден се претвора во многу студено место за живеење, место каде што исчезна љубезноста сѐ повеќе ни треба хуманост отколку машинерии, повеќе ни треба љубезност и нежност отколку остроумие. Љубезноста е многу мал но моќен збор, кој во суштина има големо значење. Затоа на овој ден, за миг да заборавиме на грижите и да се насмевнеме, да упатиме некому топол љубезен збор, да го отвориме срцето и да бидеме причина за нечија насмевка, затоа што секој од нас поседува моќ да го направи светот поубаво место за живеење.
Мајонезот надалеку е познат како високо калорична и “нездрава” храна, но исто така и комфорт храна која дава специфичен вкус и е обожавана од сите возрасти. Денес, ви предложуваме рецепт со богат вкус, направен од само неколку состојки, а кој ќе го задоволи Вашиот апетит и ќе ви овозможи уживање со секое залаче. Состојки: 1 чаша сирови индиски ореви (претходно натопена во вода најмалку 6 часа) 1/2 лажица сенф Мала лажичка мед 50мл вода шоља вода 50мл маслиново масло сок од 1 лимон сол по вкус лук по избор Потребен ви е блендер, отстојани преку ноќ во вода индиски оревчиња, сенф, мед, лимон, маслиново масло, вода и малку сол. Блендирате додека да добиете свиленкаста смеса и го имате Вашиот вкусен веге мајонез. Намазот може да се користи како гарнир со тестенини, компири, сендвичи или салати. Измешано со малку јаболков оцет е одлично како прелив за салата, а со додавање на бадемово млеко добиваме совршен сос. Индиските ореви се дел од нашата ноемвриска акција! Направете го Вашиот паметен избор!
Домашно приготвената гранола е одличен избор за нутритивен појадок. Се прави лесно, за многу кратко време и имате полна слобода да експериментирате со состојките. А што е најважно, складирана правилно во стаклен сад, стои долг временски период. Комбинирајте со свежо овошје и растително млеко или јогурт и имате здрав и хранлив појадок. Потребни состојки: 100гр овесни снегулки 30гр бадеми 30гр лешници 30гр индиски ореви 2 лажици мед 4 лажици путер од бадеми 2 лажици брусница ½ лажичка цимет Подготовка: Во блендер ставете ги овесните снегулки, бадемите и лешници и изблендирајте ги но не премногу. Потоа додадете ги сите други состојки за гранолата и измешајте. Ставете сè во плех, на хартија за печење и печете на 160 степени 20-25 минути (мешајте ја смесата на секои 5 минути). Печената гранола оставете ја да се излади. Кога ќе се излади ставете ја во стаклена тегла и чувајте во фрижидер. Состојките нарачајте си ги кај нас.Направете го Вашиот паментен избор!
Индиските оревчиња се јаткасти плодови со форма која потсетува на гравче, а потекнуваат од тропски дрвја, најзастапени во Индија и Бразил. Смото растение не е орев, туку семе на јаболко cashew. Името „cashew“ потекнува од португалскиот збор „caju“, во превод „само-произведен орев“). Семето е во форма на бубрег, нежно и слатко по вкус, а текстурата е цврста и малку сунѓереста. Плодовите се исто така многу вкусни, сепак, тие се расипуваат веќе 24 часа по берењето. Во Индија, индиските ореви се неопходна состојка во традиционалните десерти (пудинг од ориз, алва) и исто така се користат за украсување десерти. На пример, традиционален десерт во Индија е бурфи, кој е направен од млеко и индиски ореви (кају-бурфи) и е една од најскапите и најценети слатки. Во Индија има посебна традиција каде што индиските ореви се поклонуваат за време на фестивали, како и на свадби. Кај нас се едни од највкусните апетисани, често се користат за правење пудинзи, филови, млеко, мајонези и сл. Индискиот орев има широка примена во готвењето. Тоа е одличен избор за здрава ужинка и во комбинација со други ореви и суво овошје. Може да се користи и како додаток на разни јадења како што се житарки или зеленчук. Плодовите понекогаш се конзервираат или се прават џем, ликер и сок. Тие се користат и како додаток за слатки десерти, колачи и овошни салати. Тие се особено популарни во индиската, тајландската и кинеската кујна каде во комбинација со бадеми и други плодови често се комбинираат со ориз и салати. Тие се богат растителен хранлив извор на низа значајни нутриенти: минерали, витамини, монозаситени масти и антиоксиданти. Особено се богати со незаситени масти- категорија на маснотии кои се поврзани со помал ризик од срцеви заболувања. Исто така индискиот орев е извор на растителни влакна со мала количина на шеќер. Содржи количина на протеини еквивалентна на мала порција варено месо. Богати се со витамини Б-комплекс кои се важни за здравјето на нервниот систем, како и антиоксиданс минерал манган и магнезиум кои се важни хранливи состојки за здравјето на коските. Покрај тоа, индиските отеви обезбедуваат задололителна количина на бакар, кој е непходен за производство на енергија и е поддржувач за здрав развој на мозокот. Најдобро е да ги чувате во затворен сад на ладно и темно место. Така, можат да останат свежи до 6 месеци. Кај нас, индиските ореви се достапни во две форми – сурови и печени солени. Свежите ореви имаат светло кремаста боја, мазни се и без пукнатини, мувла, дамки или непријатен мирис. Не се препорачува да се консумираат големи количини индиски ореви одеднаш, но подобро е да се додадат малку во исхраната. Направете го Вашиот паметен избор!
Бадемите се нутритивно богатство на природата!Совршена храна како за телото, така и за умот. Богати со витамини, минерали и монозаситени масти. Овој месец се дел од нашата акциска понуда! Кај нас можете да најдете три видови на бадем: домашен – македонски, калифорниски и кармел. Сите тие имаат слични нутритивни врености и секако сировите се поздрави, но печените се одлична замена за индустриските грицкалици. Покрај тоа што е богат со витамин Е и магнезиум, бадемот содржи фитоматерии кои пружаат добра заштита од болести на срце, но и други хронични заболувања. Бадемот спаѓа во ковчесто овошје, а во блиско сродство е со вишната, сливата, праската и кајсијата. Стеблото на бадем може да достигне висина и до 10 м.Само една шака бадеми дневнo би можела да го подобри вашето здравје и да ви обезбеди пат до фит линија. Погледнете како… Оваа вкусна и здрава намирница може да ви обезбеди рамен стомак и витки нозе, а исто така и да ве заштити од шеќерна болест. Бадемите се богати со витамини, минерали, влакна и аминокиселини, па секако дека е потребно да ги вклучите во секојдневната исхрана. Истражувачите од Универзитетот во Пенсилванија открија дека консумирањето на 42 гр. бадеми дневно може да го намали ризикот од прерана смрт, како и да ги стопи масните наслаги на половината и нозете.Научно е утврдено дека бадемите го намалуваат нивото на холестерол и го намалуваат ризикот од појава на срцеви болести. Во 100 гр. бадеми се содржани овие витамини и минерали: 140 % од препорачаната дневна количина на манган 75 % од препорачаната дневна количина на магнезиум 60 % од препорачаната дневна количина на бакар 50 % од препорачаната дневна количина на фосфор 130 % од препорачаната дневна количина на витамин Е 51 % од препорачаната дневна количина на витаминот Б2 Бадемот содржи многу хранливи состојки, висок процент на витамин Е и магнезиум, умерена количина на протеин, влакна, витамин Б2, фосфор и бакар. Исто така содржи фито материи кои се заштита од срцев удар и други хронични болести. Содржи повеќе калциум и влакна од другото ковчесто овошје. 30 гр. бадем содржи иста количина на калциум како и ¼ шолја млеко па поради тие својства, како и поради содржината на фолна киселина, се препорачува на трудниците. Бадемот е мала ”енергетска бомба”. Една порција бадем е многу калорична поради присуството на мононезаситените масни киселини, протеини и влакна. Секогаш кога ви е потребна ужина, одберете грст бадеми. Направете го Вашиот паметен избор!
Славиме роденден заедно! Роденденска недела со попусти на 7 артикли и 7 пакетчиња подароци по повод 7-миот роденден на Gala Nuts. Од среда (19.10) до среда (26.10) купувачите ќе имаат можност да го прослават нашиот јубилеј со попуст и дарување. Наша чест и огромно задоволство ни е што до 26.10.22, 7 години постоиме благодарение на вашата доверба и лојалност. Целта ни е постигната – изградивме бренд за кој важи квалитет, навремена достава и еден куп задоволни муштерии. Ќе продолжиме понатаму со исто темпо!Веќе 7 години, навремено ги доставуваме вашите нарачки на вашата бизнис или домашна адреса.Благодарни сме за вашата доверба и се трудиме постојано да ги имаме квалитетни нашите производи. Затоа ве каниме заедно да прославиме цела недела. Ве чекаме на нашата локација Христо Татарчев бр.117А Припор или на 078/308-866 и 070/272-190 за сите ваши нарачки на вибер или на профилите на социјалните мрежи fb и insta.