ул. Христо Татарчев бр 117А, Припор


+ 389 78/308-866
+ 389 70/ 272-190


galanuts2015@gmail.com
galanuts2015@hotmail.com
sale@galanuts.mk
info@galanuts.mk

Социјални мрежи

Блог

Мешунки

Мешунките припаѓаат на семејството зеленчук. Постојат околу 16.000 видови кои се одгледуваат низ целиот свет во различни големини, форми, бои и текстури. Најпознати од нив се: грав, леќа, наут, соја, грашок, боранија… Мешунките имаат богат нутритивен состав. Тие се одличен извор на протеини есенцијални за функција на човековиот организам и незаменлив дел од вегетаријанската исхрана. Имаат низок гликемиски индекс, а високо ниво на растителни влакна. Мешунките содржат богатство од витамини како А, К, Б1, Б6, Б комплекс… и минерали како железо, цинк и магнезиум. Секојдневната конзумација и вклучување на мешунките во хранителните навики имаат бројни здравствени придобивки. Истражувањата покажуваат дека мешунките можат: Да штитат од дијабетес тип 2 Ја подобруваат контролата врз гликемијата и липидите кај луѓето кои имаат дијабетес Го намалуваат крвниот притисок и холестерол во крвта Помагаат при контрола на телесната маса Го намалуваат ризикот од срцеви заболувања Го стабилизираат варењето Се борат против алегрии Денес на мени ви ги преставуваме неговото величество во македонската традиционална кујна ГРАВ и незаменливата, лесна и хранлива ЛЕЌА. Во нашиот асортиман присуствуваат: ГРАВ – бел крупен, цацар, пешак, шарен и црвен ЛЕЌА – зелена и црвена Направете го Вашиот паметен избор! Нарачајте на:🌐 https://galanuts.mk #galanuts #yourwisechoice #galanutslegumes #galanutsbeans #galanutslentil #newwebsite#galanutswebshop #visitgalanutsmk

Read More

Протеини

Протеините се клучни за доброто здравје на организмот. Всушност, името потекнува од грчкиот збор proteos, што значи „примарно“ или „прво место“. Протеините се важен дел од милијардите клетки што ги создава нашето тело секој ден. Tие се составени од аминокиселини кои се врзуваат заедно и формираат долги ланци. Постојат 20 аминокиселини кои помагаат да се формираат илјадници различни протеини во нашето тело. Со овозможување на организмот да дојде до аминокиселини, протеинот му помага на телото да врши голем број функции – од обнова на ткивото до создавање ензими. Протеините најголемиот дел од својата работа го извршуваат во клетката на организмот, преку разни активности. Еве ги 9-те важни функции на протеините во организмот 1. Раст и одржување: Протеините се потребни за раст и одржување на ткивото. Потребите за протеини во организмот зависат од здравјето и активноста на секоја личност. 2. Биохемиски реакции: Ензимите се протеини кои овозможуваат клучни хемиски реакции да се случуваат во внатрешноста на телото. 3. Хемиски гласници: Синџири на аминокиселини со различна должина формираат протеини и пептиди, кои сочинуваат некои од хормоните во телото и пренесуваат информации помеѓу клетките, ткивата и органите. 4. Цврстина на телото: Класата на протеини, позната како влакнести протеини, обезбедува различни делови од телото со структура, сила и еластичност. 5. Одржување соодветна pH вредност: Протеините делуваат како тампон систем, помагајќи му на телото да одржува соодветно ниво на pH на крвта и другите телесни течности. 6. Баланс на течности: Крвните протеини одржуваат рамнотежа на течностите помеѓу крвта и околните ткива. 7. Oдржливост на имунолошки систем: Протеините формираат антитела кои го штитат нашето тело од болести предизвикани од бактерии и вируси. 8. Транспорт и складирање на хранливи материи: Некои протеини носат хранливи материи низ целото тело, додека други ги складираат. 9. Резервен извор на енергија: Протеините можат да послужат како вреден извор на енергија, но само кога во телото не се внесуваат доволно количнини масти и јаглехидрати, пркумерни вежби или како резултат на несоодветно примање на калории. Протеините имаат повеќе улоги во телото. Помагаат во градењето и репарирањето на телесните ткива, дозволуваат метаболички реакции и ги координираат неговите функции. Протеините исто така одржуваат оптимално ниво на pH и рамнотежа на течности. Тие одржуваат здрав имунолошки систем, пренесуваат и складираат хранливи материи и исто така можат да дејствуваат како извор на енергија, доколку е апсолутно потребно. Сите овие функции ни покажуваат дека протеините се едни од најважните хранливи состојки за здравјето.

Read More

Храна за гастроинтестинални проблеми

Правилното варење е особено важно за добро здравје. Никој не се чувствува добро ако го измачуваат проблеми со варењето (дијареа и запек), односно ако во цревата и стомакот се чувствува подуеност и притисок. Особено голема улога во обезбедувањето на добро варење има цревната микрофлора. Регулираното, односно добро варење на храната е особено важно за здравјето, всушност токму гастроинтестиналниот тракт овозможува снабдување на организмот со хранливи материи, а од телото ги отстранува непотребните материи. Дури 70% од клетките на нашиот имунолошки систем се наоѓаат во цревата и затоа рамнотежата во цревата е исклучително важна за правилната работа на имунолошкиот систем. Кога гастроинтестиналните процеси не се одвиваат токму онака како што би требало, може да се појават тегоби. Најчести тегоби со варењето се:– Дијареа– Запек– Желудочни тегоби– Грчеви– Нервозни црева– Подуеност– Флатулениција– Болки во стомакот Набројаните гастроинтестинални тегоби може да се јават поединечно, а понекогаш истовремено се присутни и повеќе од една тегоба со варењето. Знаците на овие тегоби меѓусебно се препокриваат. Совети за регулирано варење– Разновидна и редовна исхрана– Внес на доволно голема количина на вода (незасладена)– Исхрана со голема содржина на влакна– Вклучување на производи со здрави млечнокислеински бактерии кои природно се наоѓаат во цревата– Ограничувањето на внесот на масна и пржена храна, протеински намирници со висока биолошка вредност– Избегнување на лоши навики (алкохол, цигари)– Контрола на стресот (релаксација) и редовна физичка активност– Треба да се избегнува прејадување. Source: https://www.waya.mk/mk/gastrointestinalni-tegobi/

Read More

Глутен

Глутенот е протеин кој е присутен кај повеќето житарки, пченица, рж, јачмен итн. Така, тој завршува во храната добиена од нив: леб, тестенини, житарки и многу други производи. Глутенот не е есенцијална хранлива материја. Имунитетот, заштитниот систем на луѓето со целијакија (нетолеранција на глутен) реагира кога во организмот ќе биде внесен глутенот. Овие лица кога консумираат храна во која тој е присутен, развиваат воспаленија, па во полош случај и оштетувања на цревата и други делови од организмот. Последните истражувања покажуваат дека 1% од популацијата ја има оваа состојба. Безглутенската исхрана е неопходна за оваа категорија на луѓе да може да ги избегне воспалителните процеси и симптомите воопшто, симптоми кои можат да бидат доста непријатни. Заради овие причини добро е тоа што во последно време има се повеќе ,,опции” на оброци и прехранбени производи кои се безглутенски. Но, не е во ред тоа што отсуството на глутен се промовира како општа предност во квалитет на овие производи, во однос на другите, предност која важи за целото население. Голем дел од луѓето ја прифаќаат безглутенската исхрана поради ваквото промовирање на безглутенските производи, како поздрави, корисни при намалувањето на тежината и многу други бенефити кои и немаат баш некоја поткрепа во науката. Така, 63 проценти од Американците веруваат дека безглутенската исхрана може да го подобри нивното здравје, дури и менталното здравје, па една третина од нив го избегнува глутенот во секојдневието. Последните истражувања покажуваат дека повеќе од педесетина болести се поврзани со интолеранција на глутен, која претставува проблем на кој речиси никој не е имун [1]. Глутенот е протеин составен од две фракции, глутенин и глијадин и нивна основна карактеристика е тоа што при правење на леб, т.е. при нивен контакт со вода, тие дејствуваат како „лепак“ во тестото и овозможуваат поврзување и добивање компактна структура. Глутенските протеини сами по себе не се штетни и здравата популација нема основана причина за нивно избегнување, но лицата кои имаат интолеранција на глутен, целијачна болест или алергија на пченица треба да го ограничат внесувањето или целосно да го отстранат глутенот од исхраната, кој се наоѓа во житата како: пченица, ‘рж, јачмен, но покрај во житата истиот можете да го сретнете и во поголемиот дел производи како што се: тестенини, сосови и додатоци во исхраната. Интолеранцијата на оваа материја претставува неможност на варење на глутенот. Статистиките во светот покажуваат дека повеќе од 15% од популацијата е интолерантна на глутен [2]. Дали и вие спаѓате во таа група? Во голем број случаи индивидуите не се свесни дека имаат проблем со толеранција на глутен [3, 4]. Нашето тело има неколку начини на кои може да алармира и да нѐ предупреди дека нешто не е во ред. Во врска со глутенот, неколку од симптомите се слични со други болести. Токму поради тоа, клучно во дијагностицирањето на состојбата е да се внимава на симптомите. Подолу може да погледнете некои од честите симптоми на сензитивност на глутен. Дигестивни проблеми Повеќето од дигестивните проблеми поврзани со глутенот се од една иста причина [5]. Нашето тело, конкретно нашиот дигестивен систем, не може комплетно да го свари и да го процесира глутенот [6]. Овие проблеми се најчести кај децата кои консумираат глутен. Под дигестивни проблеми се подразбираат гасови, подуеност, а во некои случаи и запек и дијареја. Премореност Бидејќи не може комплетно да го процесира и да го свари глутенот, нашето тело се измачува. Нашиот дигестивен систем мора да работи повеќе, а сето тоа влијае на нивото на енергија. Резултатот е премореност. Треба да се има предвид дека премореноста е чест симптом на многу болести (недостаток од железо, проблеми со тироидната жлезда, дијабетес, депресија и недостаток од други витамини и минерали) [7]. Сепак, доколку премореноста е проследена со други симптоми на сензитивност на глутен, се добива јасна слика за изворот [8]. Проблемите со концентрација и замореност се најистакнати по консумирање оброк кој содржи глутен. Чести промени на расположението Женската популација често запаѓа во заблуда дека промените во расположението се поврзани со менструалниот циклус [9]. Токму поради тоа сензитивноста на глутен тешко се дијагностицира. За разлика од ПМС и од други хормонални проблеми, промените во расположението брзо се средуваат кога ќе се префрлите на диета без глутен. Воспаление на мускулите Како и со повеќето други симптоми, воспалението на мускулите може да се јави од повеќе причини [10]. Сепак, сензитивноста на глутен се манифестира во локализирани делови од телото. Доколку причинителот на воспалението е глутен, мускулите на прстите, колковите и колениците ќе бидат погодени. Мигрени и главоболки Во голем број случаи причина за главоболка е недостаток од минерали, витамини и други хранливи материи. Во случајот со сензитивност и толеранција на глутен, спротивното е причина [11]. Вашето тело има проблеми да се справи со протеинот кој го препознава како еден вид отров. Пациентите кои имаат проблеми со главоболки нема да најдат спас во медикаменти. Избегнувањето на глутенот и почнувањето диета која не содржи глутен за кратко време ќе го реши  проблемот со главоболката. Хормонски нарушувања Женската популација често е сведок на менструален циклус кој е или прерано или подоцна од регуларниот циклус. Стресот е една од причините за ваквото нарушување на хормоните [12]. Најчесто и го обвинуваме стресот. Поради тоа, остануваме слепи за еден друг причинител, а тоа е глутенот. Кокошкина кожа Народски кажано, кокошкина кожа е црвено исипување на кожата [13]. Се појавува како резултат на недостаток од масни киселини и витамин А. Проблемот настанува како директен резултат на лоша апсорпција во цревата. Вие можете и да консумирате доволно масни киселини, но вашиот дигестивен систем не може да ги апсорбира поради глутенот. Автоимуни заболувања Глутенот како состојка е директен причинител и симптом за многу посериозни заболувања [14]. Тие вклучуваат Хашимото (Хашимотов тироидитис), ревматски артритис, лупус, псоријаза, па дури и мултиплекс склероза [15, 16] . Вртоглавица Во многу случаи премореноста е проследена со чувство на вртоглавица и зашеметеност. Исто како и премореноста, вртоглавицата може да биде симптом за други болести. Треба да се биде внимателен и да не се избрзува, но во секој случај да се провери и да се тестира. Хроничен замор Кога вашиот доктор не може да ги прецизира причините за заморот и за болката, добивате дијагноза за „фибромијалгија“. Ова мистериозно заболување тешко се дијагностицира поради сличноста на симптомите

Read More

Светски ден на љубезноста

13 ноември, освен што за нас, граѓаните на нашата татковина е познат како Ден на ослободувањето на Скопје, во светски рамки е познат како Ден на љубезноста. Воведен е во 1998 година од страна на Светското движење за добрина, коалиција на невладини организации за љубезност на нациите. Овој ден служи како потсетување на важноста да бидеме љубезни кон себе, луѓето околу нас и кон светот. На овој ден, Денот на љубезноста, имаме можност да размислиме за своите досегашни постапки и да сфатиме дека многу често ја занемаруваме моќта на допирот, насмевката, искрениот и љубезен збор, а сите тие имаат потенцијал да го променат животот. Ние размислуваме премногу, а чувствуваме премалку. А денес, како што минува времето и светот од ден на ден се претвора во многу студено место за живеење, место каде што исчезна љубезноста сѐ повеќе ни треба хуманост отколку машинерии, повеќе ни треба љубезност и нежност отколку остроумие. Љубезноста е многу мал но моќен збор, кој во суштина има големо значење. Затоа на овој ден, за миг да заборавиме на грижите и да се насмевнеме, да упатиме некому топол љубезен збор, да го отвориме срцето и да бидеме причина за нечија насмевка, затоа што секој од нас поседува моќ да го направи светот поубаво место за живеење.

Read More

26.10.22 РОДЕНДЕН

Славиме роденден заедно! Роденденска недела со попусти на 7 артикли и 7 пакетчиња подароци по повод 7-миот роденден на Gala Nuts. Од среда (19.10) до среда (26.10) купувачите ќе имаат можност да го прослават нашиот јубилеј со попуст и дарување. Наша чест и огромно задоволство ни е што до 26.10.22, 7 години постоиме благодарение на вашата доверба и лојалност. Целта ни е постигната – изградивме бренд за кој важи квалитет, навремена достава и еден куп задоволни муштерии. Ќе продолжиме понатаму со исто темпо!Веќе 7 години, навремено ги доставуваме вашите нарачки на вашата бизнис или домашна адреса.Благодарни сме за вашата доверба и се трудиме постојано да ги имаме квалитетни нашите производи. Затоа ве каниме заедно да прославиме цела недела. Ве чекаме на нашата локација Христо Татарчев бр.117А Припор или на 078/308-866 и 070/272-190 за сите ваши нарачки на вибер или на профилите на социјалните мрежи fb и insta.

Read More
КАТЕГОРИИ