Протеините се клучни за доброто здравје на организмот. Всушност, името потекнува од грчкиот збор proteos, што значи „примарно“ или „прво место“. Протеините се важен дел од милијардите клетки што ги создава нашето тело секој ден. Tие се составени од аминокиселини кои се врзуваат заедно и формираат долги ланци. Постојат 20 аминокиселини кои помагаат да се формираат илјадници различни протеини во нашето тело. Со овозможување на организмот да дојде до аминокиселини, протеинот му помага на телото да врши голем број функции – од обнова на ткивото до создавање ензими. Протеините најголемиот дел од својата работа го извршуваат во клетката на организмот, преку разни активности. Еве ги 9-те важни функции на протеините во организмот 1. Раст и одржување: Протеините се потребни за раст и одржување на ткивото. Потребите за протеини во организмот зависат од здравјето и активноста на секоја личност. 2. Биохемиски реакции: Ензимите се протеини кои овозможуваат клучни хемиски реакции да се случуваат во внатрешноста на телото. 3. Хемиски гласници: Синџири на аминокиселини со различна должина формираат протеини и пептиди, кои сочинуваат некои од хормоните во телото и пренесуваат информации помеѓу клетките, ткивата и органите. 4. Цврстина на телото: Класата на протеини, позната како влакнести протеини, обезбедува различни делови од телото со структура, сила и еластичност. 5. Одржување соодветна pH вредност: Протеините делуваат како тампон систем, помагајќи му на телото да одржува соодветно ниво на pH на крвта и другите телесни течности. 6. Баланс на течности: Крвните протеини одржуваат рамнотежа на течностите помеѓу крвта и околните ткива. 7. Oдржливост на имунолошки систем: Протеините формираат антитела кои го штитат нашето тело од болести предизвикани од бактерии и вируси. 8. Транспорт и складирање на хранливи материи: Некои протеини носат хранливи материи низ целото тело, додека други ги складираат. 9. Резервен извор на енергија: Протеините можат да послужат како вреден извор на енергија, но само кога во телото не се внесуваат доволно количнини масти и јаглехидрати, пркумерни вежби или како резултат на несоодветно примање на калории. Протеините имаат повеќе улоги во телото. Помагаат во градењето и репарирањето на телесните ткива, дозволуваат метаболички реакции и ги координираат неговите функции. Протеините исто така одржуваат оптимално ниво на pH и рамнотежа на течности. Тие одржуваат здрав имунолошки систем, пренесуваат и складираат хранливи материи и исто така можат да дејствуваат како извор на енергија, доколку е апсолутно потребно. Сите овие функции ни покажуваат дека протеините се едни од најважните хранливи состојки за здравјето.