Правилното варење е особено важно за добро здравје. Никој не се чувствува добро ако го измачуваат проблеми со варењето (дијареа и запек), односно ако во цревата и стомакот се чувствува подуеност и притисок. Особено голема улога во обезбедувањето на добро варење има цревната микрофлора. Регулираното, односно добро варење на храната е особено важно за здравјето, всушност токму гастроинтестиналниот тракт овозможува снабдување на организмот со хранливи материи, а од телото ги отстранува непотребните материи. Дури 70% од клетките на нашиот имунолошки систем се наоѓаат во цревата и затоа рамнотежата во цревата е исклучително важна за правилната работа на имунолошкиот систем. Кога гастроинтестиналните процеси не се одвиваат токму онака како што би требало, може да се појават тегоби.
Најчести тегоби со варењето се: – Дијареа – Запек – Желудочни тегоби – Грчеви – Нервозни црева – Подуеност – Флатулениција – Болки во стомакот
Набројаните гастроинтестинални тегоби може да се јават поединечно, а понекогаш истовремено се присутни и повеќе од една тегоба со варењето. Знаците на овие тегоби меѓусебно се препокриваат.
Совети за регулирано варење – Разновидна и редовна исхрана – Внес на доволно голема количина на вода (незасладена) – Исхрана со голема содржина на влакна – Вклучување на производи со здрави млечнокислеински бактерии кои природно се наоѓаат во цревата – Ограничувањето на внесот на масна и пржена храна, протеински намирници со висока биолошка вредност – Избегнување на лоши навики (алкохол, цигари) – Контрола на стресот (релаксација) и редовна физичка активност – Треба да се избегнува прејадување.