Печена риба положена на свежа постела од спанаќ, прекриена со јаткасти плодови е непогрешлив начин за елегантно готвење. Oва јадење е особено вкусно приготвено со слатка бела риба како треска или камбала.
Потребни состојки:
кора и сок од 1 лимон
½ чаша сецкани бадеми, крупно сецкани
1 лажица ситно сечкан свеж копар или 1 лажичка сушен
Загрејте ја рерната на 200 степени. Обложете тавче со хартија за печење и напрскајте го со масло заготвење. Во помал сад измешајте ги кората од лимон, бадемите, копаотр, 1 лажица маслиново масло, 1/2 лажичка сол и бибер. Ставете ја рибата на подготвеното тавче и премачкајте го секое парче со 1 лажичка сенф. Поделете ја смесата со бадеми на 4 порции и распределете ја врз парчињата риба притискајќи врз сенфот.
Печете ја рибата додека не стане мека во центарот, околу 10 тина минути, во зависност од дебелината. Во меѓувреме, загрејте ги преостанатите 2 лажички масло на средна топлина. Додадете го лукот и запржете, мешајќи, додека не ја осетите неговата арома. Внимавајте да не го изгорите, пржете околу 30 секунди. Додајте го спанаќот, сокот од лимон и преостанатата 1/2 лажичка сол; зачинете со бибер. Гответе, често мешајќи, додека спанаќот не ја намали количината, 2 до 4 минути. Покријте за да остане топло. Послужете ја рибата со парчиња спанаќ и лимон по желба.
Добар апетит!
Овој рецепт е совршен како ручек или елегантна вечера за деновите пред Велигденските празници.