ул. Христо Татарчев бр 117А, Припор


+ 389 78/308-866
+ 389 70/ 272-190


galanuts2015@gmail.com
galanuts2015@hotmail.com
sale@galanuts.mk
info@galanuts.mk

Социјални мрежи

Blog

Рецепти

Лебчиња со Црн Бибер

Oвие тркалезни лепчиња со црн бибер се воздушести, нечни и меки – одличен додаток кон секое јадење. Со снегулки од црн бибер, овие лепчиња се поинакви од се што сте пробале до сега!

  Потребни состојки (за околу 20 колачиња):

  • 6 чаши брашно
  • 2 лажица шеќер
  • 1 лажичка сол
  • 8 лажички прашок за пециво
  • 1 лажичка крем сирење
  • 1.5 чаша ладен путер (од фрижидер)
  • 2 јајце
  • 2 чаши млеко
  • 4 лажички свежо мелен црн пипер

Инструкции:

Извадете го путерот од фрижидер и исечете го на порции големи колку 1 лажица. (По желба можете да гио исечете на уште помали парчиња). Повторно ставете ги во фрижидер. Ладниот путер е императив!

Загрејте ја рерната на 220 степени.

Измешајте ги сите суви состојки заедно во сад со средна големина.

Извадете го путерот од фрижидер и со алатка за сечење на пецива или со нож исечете го уште поситно во сувите состојки. Сечете само додека не видите мали парчиња путер (не поголеми од грашок). Не обидувајте се целосно да го измешате целиот путер додека не исчезне во останатите состојки. Тие мали парчиња путер се важни.

Изматете го јајцето со млекото и додадете го во смесата со брашно/путер. Мешајте само додека да се соедини. Не додавајте повеќе брашно и не го мешајте тестото, иако е лепливо.

Великодушно набрашнете голема површина (како чиста плотна или голема даска за сечење).

Ставете го тестото врз брашното и додадете брашно врз тестото. Месете 10-15 пати. Ако е премногу лепливо, додадете уште малку брашно.

Расукајте го или тапкајте го тестото така што ќе биде дебело од 2-2.5 см . Оваа висина е важна. Сè што е помало од ова нема да ви ги даде високите колачи што ги посакувате.

Со помош на голема шолја или чаша, исечете ги бисквитите и ставете ги на подмачкано тавче.

Продолжете да го расукувате останатото тесто додека не ги напраите сите колачи.

Печете 10-15 минути додека не порумени одозгора.

По желба, намачкајте ги со путер врелите бисквити.

 

Добар апетит!

КАТЕГОРИИ