Топчиња од слатки суви смокви, испреплетени со бадеми и облечени во кокос. Едноставен, здрав и пред се корисен рецепт за здрава ужинка или десерт. Потребно ви е: • 200 g суви смокви (киснати во вода минимум 2 часа) • 50 g бадеми • 4 лажици овесни снегулки • 2 лажици кокосово масло • кокосово брашно
Начин на подготовка: Сувите смокви најпрвин насечете ги на четвртинки и ставете ги да киснат во вода околу 2 часа. Потоа исфрлете ја водата и заедно со другуте состојки ставете ги во блнедер/сецко и убаво соединете ја смесата. На крај формирајте топчиња. По желба можете да ги валкате во кокосово брашно. Топчињата ставете ги во корпчики за бомбици и чувајте ги во фрижидер. Јадете ги како здрава ужинка или вкусен појадок кој ќе ви даде енергија и виталност.