ул. Христо Татарчев бр 117А, Припор


+ 389 78/308-866
+ 389 70/ 272-190


galanuts2015@gmail.com
galanuts2015@hotmail.com
sale@galanuts.mk
info@galanuts.mk

Социјални мрежи

Blog

Рецепти

Лепче од Брашно од Хељда

Пригответе си го ова превкусно, безглутенско и веганско лепче од само неколку состојки.
Уживајте во вкусот!

Потребни состојки:
• 300 гр брашно од хељда
• 3 лаж. прашок за пециво
• 2 лаж. сол
• 40 гр чиа семе
• 240 мл вода
• 160 мл вода (одделно)
• 60 мл маслиново масло
• 1-2 лажици семиња или јатки

Начин на подготовка:
– Во мал сад се мешаат чиа семето и 240 мл вода и се остава на страна, околу 15тина минути се додека не се претвори во гел текстура.
– Рерната се загрева на 180° и се поставува хартија за печење на тава за леб.
– Во голем длабок сад се додаваат сувите состојки брашното, солта и прашокот за пециво. Се мешаат.
– На истата смеса се додаваат и остатокот (160 мл.) вода, маслиновото масло и чиа јајцето.
– Се промешува се убаво се додека не се соедини. Смеесата треба да биде густа и леплива.
– Смесата се става во тавата за леб и се израмнува.
– Сега е моментот да се додат семиња на површината на смесата и нежно се притискаат за да се залепат за тестото.
– Лебот се пече околу 1 час. По истекувањето на тој 1 час, боцнете со чачкалица и доколку излезе чиста, тоа значи дека лебот е готов. Доколку на чачкалицата сеуште има тесто се остава да се допече уште дополнителни 10 минути.
– Се остава малку да се олади пред да се исече.

Лебот може да стои на собна температура 2-3 дена, во ладилник 7-8 дена, а во замрзнивач повеќе од 1 месец.

КАТЕГОРИИ