Брашното, кое е состојка на многу прехранбени производи, е фин прав добиен со мелење на жито или други јадливи растенија кои содржат скроб. Порано брашното се добивало во воденици со мелење меѓу два млински камења од кои еден бил подвижен. Млинот се придвижувал со слободниот пад на водата на точката која придвижувала, преку преносниот механизам – млинскиот камен. Денес постојат млинови кои работат на пареа, како и електрични млинови со далеку поголем капацитет. Во млиновите брашното се сее и се пакува во вреќи. При индустриското производство на брашно, брашното за купувачот се добива со мешање на различни видови брашно кои се добиваат од различни видови на жито. Во зависност од „тврдоста“ на житото, постојат меки (за леб, пред сè) и тврди брашна (за колачи). Освен “класичното“ брашно од пченица, денес сме сведоци на многу видови брашна добиени од разни видови житарки и јатки. Кај нас во моментов на понуда се овие видови на брашна кои ги вбројуваме во класата без глутенски брашна:
БРАШНО ОД ХЕЉДА
Хељдата е богата со витамини Б6, тиамин, магнезиум, манган, бакар, фосфор. Го помага процесот на варење на храната, помага за слабеење, да немате тегоби и да не се чувствувате надуени.Има антиоксиданси со кои помага да се намали крвниот притисок и да се спречи згрутчување на крвта. Користете го брашното често. Од него се прават супер леб, пити и пецива.