Оревите се најпознатите јатки кај нас и за одгледување и за конзумација. Не само што ни обезбедуваат макронутриенти, оревите како што се здравите масти и протеините, туку тие се богати и со микронутриенти кои се од есенцијално значење за организмот како витамини, минерали, па и растителни влакна. Докажано е дека оревите имаат највисоко антиоксидативно дејство помеѓу сите јаткасти плодови. Ваквата активност, генерално се должи на витаминот Е, мелатонинот и растителните компоненти наречени полифеноли. Полифенолите се наоѓаат во кожичката со која е прекриен јаткастиот плод. Самиот плод ако го погледнете напречно има облик како мозок и затоа се смета дека оревот претставува клучна храна за мозокот. Оревите се сметаат за еинствени јатки кои ја подобруваат меморијата.
Омега 3 масните киселини се есенцијални масни киселини, што значи дека мораме да ги внесуваме преку нашата исхрана. Оревите имаат значително поголемо количество на омега 3 масни киселини од сите други јатки. Секојдневната конзумација на ореви помага да се намали лошиот холестерол во крвта иако самиот тој е богат со многу масти тие се здрави,незаситени. Друг интересен факт е дека јатките орев содржат мелатонин, хормон кој помага при заспивањето. Така да ако имате бессони ноќи, туку што откривте еден мал трик кој може да ви помогне.
Оревите содржат неколку ретки антиоксиданси кои ретко се среќаваат во храната која секојдневно ја конзумираме. Тоа се танин телимаграндин, флавонол морин и кунон џaглон. Истражувањата покажуваат дека полифенолите го спречуваат хемиското оштетување на црниот дроб.