Мајонезот надалеку е познат како високо калорична и “нездрава” храна, но исто така и комфорт храна која дава специфичен вкус и е обожавана од сите возрасти. Денес, ви предложуваме рецепт со богат вкус, направен од само неколку состојки, а кој ќе го задоволи Вашиот апетит и ќе ви овозможи уживање со секое залаче.
Состојки:
1 чаша сирови индиски ореви (претходно натопена во вода најмалку 6 часа)
1/2 лажица сенф
Мала лажичка мед
50мл вода шоља вода
50мл маслиново масло
сок од 1 лимон
сол по вкус
лук по избор
Потребен ви е блендер, отстојани преку ноќ во вода индиски оревчиња, сенф, мед, лимон, маслиново масло, вода и малку сол. Блендирате додека да добиете свиленкаста смеса и го имате Вашиот вкусен веге мајонез.
Намазот може да се користи како гарнир со тестенини, компири, сендвичи или салати. Измешано со малку јаболков оцет е одлично како прелив за салата, а со додавање на бадемово млеко добиваме совршен сос.
Индиските ореви се дел од нашата ноемвриска акција!