
Бадеми
Бадемите се нутритивно богатство на природата!
Совршена храна како за телото, така и за умот. Богати со витамини, минерали и монозаситени масти. Овој месец се дел од нашата акциска понуда! Кај нас можете да најдете три видови на бадем: домашен – македонски, калифорниски и кармел. Сите тие имаат слични нутритивни врености и секако сировите се поздрави, но печените се одлична замена за индустриските грицкалици.
Покрај тоа што е богат со витамин Е и магнезиум, бадемот содржи фитоматерии кои пружаат добра заштита од болести на срце, но и други хронични заболувања. Бадемот спаѓа во ковчесто овошје, а во блиско сродство е со вишната, сливата, праската и кајсијата. Стеблото на бадем може да достигне висина и до 10 м.Само една шака бадеми дневнo би можела да го подобри вашето здравје и да ви обезбеди пат до фит линија. Погледнете како… Оваа вкусна и здрава намирница може да ви обезбеди рамен стомак и витки нозе, а исто така и да ве заштити од шеќерна болест. Бадемите се богати со витамини, минерали, влакна и аминокиселини, па секако дека е потребно да ги вклучите во секојдневната исхрана. Истражувачите од Универзитетот во Пенсилванија открија дека консумирањето на 42 гр. бадеми дневно може да го намали ризикот од прерана смрт, како и да ги стопи масните наслаги на половината и нозете.Научно е утврдено дека бадемите го намалуваат нивото на холестерол и го намалуваат ризикот од појава на срцеви болести.
Во 100 гр. бадеми се содржани овие витамини и минерали:
- 140 % од препорачаната дневна количина на манган
- 75 % од препорачаната дневна количина на магнезиум
- 60 % од препорачаната дневна количина на бакар
- 50 % од препорачаната дневна количина на фосфор
- 130 % од препорачаната дневна количина на витамин Е
- 51 % од препорачаната дневна количина на витаминот Б2
Бадемот содржи многу хранливи состојки, висок процент на витамин Е и магнезиум, умерена количина на протеин, влакна, витамин Б2, фосфор и бакар. Исто така содржи фито материи кои се заштита од срцев удар и други хронични болести. Содржи повеќе калциум и влакна од другото ковчесто овошје. 30 гр. бадем содржи иста количина на калциум како и ¼ шолја млеко па поради тие својства, како и поради содржината на фолна киселина, се препорачува на трудниците. Бадемот е мала ”енергетска бомба”. Една порција бадем е многу калорична поради присуството на мононезаситените масни киселини, протеини и влакна. Секогаш кога ви е потребна ужина, одберете грст бадеми.
Направете го Вашиот паметен избор!


