ул. Христо Татарчев бр 117А, Припор


+ 389 78/308-866
+ 389 70/ 272-190


galanuts2015@gmail.com
galanuts2015@hotmail.com
sale@galanuts.mk
info@galanuts.mk

Социјални мрежи

ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА: ЗА ЗОРИЦА

Зорица Ризинска Јованов од с. Будинарци храбро се бори со тешка болест — рак.Моментално е на лекување и прима терапии во државната болница. За продолжување на нејзиното лекување потребни се големи финансиски средства кои семејството не може само да ги обезбеди. Секој ден е важен. Да ѝ помогнеме да ја продолжи својата борба! Донации може да се извршат на: 200003283693171 – Стопанска банкаПримач: Љупчо Ризински (татко на Зорица) За донации од странство:MK 07200000519749660 (EUR) Да покажеме дека хуманоста живее меѓу нас.Да ѝ дадеме на Зорица сила, надеж и љубов да продолжи да се бори! #Хуманост #ПомошЗаЗорица #ЗаедноМожемеПовеќе #ЉубовНаДело #ХуманитарнаАкција#Поддршка

Read More

ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА – „10 СРЦА“

Во чест на нашите 10 години љубов кон вкусот, оваа година славиме со отворено срце. Со секое купување во рамки на јубилејната кампања, дел од приходот оди во акцијата„10 СРЦА“ – иницијатива преку која ќе поддржиме 10 семејства, деца или поединци накои љубовта и поддршката сега им се најпотребни. Донираме секој ден по 10.000 ден! 10 години љубов кон вкусот 10 дена радост 10 срца што ќе почувствуваат топлина и надеж Секое купување = едно срце повеќе што чувствува љубов! А за сите кои сакаат да придонесат уште повеќе – Добрoволно може да се донираат и дополнителни средства, кои во целост ќе бидат наменети за семејствата вклучени во акцијата. Заедно покажуваме дека вкусот на љубовта е најсилниот вкус од сите. Бидејќи вистинскиот успех не се мери само со бројки, туку со тоа колку срца сме допреле.

Read More

ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА: ВАСИЛИЈ

Малиот Василиј е детенце родено во 28-та гестациска недела. Само 4 и пол години има — а зад себе веќе голема борба. Секојдневно се соочува со многу предизвици: лекови, физикални терапии и бројни лекарски прегледи.Дијагнозите со кои храбро се бори се: неинвазивна миокардиопатија идиопатска епилепсија метаболна болест митохондриите (мускулите) Да му помогнеме заедно, со љубов и подадена рака.Секој денар значи чекор повеќе кон подобро утре за Василиј.   Доколку сакате да донирате:210501577984312Симона Анчева Пејковски (мајка на Василиј)  Да бидеме светлина таму каде што е потребна најмногу.

Read More

GIVEAWAY

10 години љубов кон вкусот = 10 подароци за вас! Нашата роденденска прослава е нешто посебно за нас и затоа и ние решивме да даруваме – подароци од срце! По случаен избор ќе подариме 10 Гала пакетчиња со вкусни производи од нашата колекција — затоа што љубовта кон вкусот е најубава кога се споделува. УЧЕСТВУВАЈ ВО GIVEAWAY-ОТ: Направи нарачка во периодот на роденденското дарување на нашата е- продавница www.galanuts.mk (автоматски добиваш број на нарачка кој почнува со #) Лајкни ја нашата Instagram страна @galanuts.mk Тагни најмалку 3 пријатели во коментар Сподели го овој пост во story со впишување на бројот на нарачка и означи нè Giveaway-от трае до 5 ноември Добитниците ќе ги објавиме [ден подоцна] во story и пост. Благодариме за сите 10 години доверба, насмевки и вкусни моменти. Оваа заедница расте благодарение на вас – нашето 11-то срце. Среќно на сите и нека победи вкусот!

Read More

10 Години, љубов кон вкусот

 Денес започнуваме нешто посебно… „Гала Нутс“ слави 10 години љубов, вкус и заеднички моменти. 10 години исполнети со работа, радост, здрави навики и илјадници задоволни насмевки. Во чест на овој јубилеј, ве чекаат 10 дена изненадувања 10 производи по јубилејни цени Подароци:– 500 g кикирики со секоја нарачка со порака од срце– 10 пакетчиња со производи од Гала Нутс на најавен Giveaway И хуманитарната акција „10 СРЦА“ – затоа што љубовта е највкусна кога се споделува. Дел од приходите во овие 10 дена оди во хуманитарни цели 10 години = 10 срца помогнати! Приклучете ни се! Подгответе се за вкусна прослава, исполнета со енергија, боја, хуманост и благодарност. Бидете со нас секој ден – затоа што славиме вистинска деценија на љубов кон вкусот! Почнуваме од утре! 27.10.2025

Read More