Трајче Василев – човек кој поминал многу тешкотии, но сè уште се бори за да им обезбеди подобар живот на своите деца. Трајче раскажува за својот тежок живот, од детството како дете без родители до обидот да создаде дом за своето семејство. Тој и неговата сопруга поминале многу години на улица, често во напуштени куќи, каде што им се родило нивното прво дете. По краток престој во Германија, каде што се родила втората ќерка, семејството Василев се врати во Куманово и изгради скромен дом во населбата „Бабин Дол“. Меѓутоа, нивната желба за дом ево опасност, бидејќи земјата на која го изградиле домот е под хипотека и не може да се пренесе на нивно име, без разлика на склучениот купопродажен договор на нотар. Тие живеат со само 9.200 денари месечно, се невработени и се соочуваат со здравствени проблеми, барајќи можност да обезбедат подобра иднина за своите деца. Сите кои имаат можност да помогнат, било финансиски за исплата на долгот, било со храна, облека или хигиенски производи – можат да го направат тоа на телефонскиот број или на банкарската сметка кои се прикажани на екранот. Контакт број: 075 432 612Стефани Василевска Уни Банк 240147107573075Цел на дознака: Донации
Зорица Ризинска Јованов од с. Будинарци храбро се бори со тешка болест — рак.Моментално е на лекување и прима терапии во државната болница. За продолжување на нејзиното лекување потребни се големи финансиски средства кои семејството не може само да ги обезбеди. Секој ден е важен. Да ѝ помогнеме да ја продолжи својата борба! Донации може да се извршат на: 200003283693171 – Стопанска банкаПримач: Љупчо Ризински (татко на Зорица) За донации од странство:MK 07200000519749660 (EUR) Да покажеме дека хуманоста живее меѓу нас.Да ѝ дадеме на Зорица сила, надеж и љубов да продолжи да се бори! #Хуманост #ПомошЗаЗорица #ЗаедноМожемеПовеќе #ЉубовНаДело #ХуманитарнаАкција#Поддршка
Во чест на нашите 10 години љубов кон вкусот, оваа година славиме со отворено срце. Со секое купување во рамки на јубилејната кампања, дел од приходот оди во акцијата„10 СРЦА“ – иницијатива преку која ќе поддржиме 10 семејства, деца или поединци накои љубовта и поддршката сега им се најпотребни. Донираме секој ден по 10.000 ден! 10 години љубов кон вкусот 10 дена радост 10 срца што ќе почувствуваат топлина и надеж Секое купување = едно срце повеќе што чувствува љубов! А за сите кои сакаат да придонесат уште повеќе – Добрoволно може да се донираат и дополнителни средства, кои во целост ќе бидат наменети за семејствата вклучени во акцијата. Заедно покажуваме дека вкусот на љубовта е најсилниот вкус од сите. Бидејќи вистинскиот успех не се мери само со бројки, туку со тоа колку срца сме допреле.
Малиот Василиј е детенце родено во 28-та гестациска недела. Само 4 и пол години има — а зад себе веќе голема борба. Секојдневно се соочува со многу предизвици: лекови, физикални терапии и бројни лекарски прегледи.Дијагнозите со кои храбро се бори се: неинвазивна миокардиопатија идиопатска епилепсија метаболна болест митохондриите (мускулите) Да му помогнеме заедно, со љубов и подадена рака.Секој денар значи чекор повеќе кон подобро утре за Василиј. Доколку сакате да донирате:210501577984312Симона Анчева Пејковски (мајка на Василиј) Да бидеме светлина таму каде што е потребна најмногу.
10 години љубов кон вкусот = 10 подароци за вас! Нашата роденденска прослава е нешто посебно за нас и затоа и ние решивме да даруваме – подароци од срце! По случаен избор ќе подариме 10 Гала пакетчиња со вкусни производи од нашата колекција — затоа што љубовта кон вкусот е најубава кога се споделува. УЧЕСТВУВАЈ ВО GIVEAWAY-ОТ: Направи нарачка во периодот на роденденското дарување на нашата е- продавница www.galanuts.mk (автоматски добиваш број на нарачка кој почнува со #) Лајкни ја нашата Instagram страна @galanuts.mk Тагни најмалку 3 пријатели во коментар Сподели го овој пост во story со впишување на бројот на нарачка и означи нè Giveaway-от трае до 5 ноември Добитниците ќе ги објавиме [ден подоцна] во story и пост. Благодариме за сите 10 години доверба, насмевки и вкусни моменти. Оваа заедница расте благодарение на вас – нашето 11-то срце. Среќно на сите и нека победи вкусот!
Денес започнуваме нешто посебно… „Гала Нутс“ слави 10 години љубов, вкус и заеднички моменти. 10 години исполнети со работа, радост, здрави навики и илјадници задоволни насмевки. Во чест на овој јубилеј, ве чекаат 10 дена изненадувања 10 производи по јубилејни цени Подароци:– 500 g кикирики со секоја нарачка со порака од срце– 10 пакетчиња со производи од Гала Нутс на најавен Giveaway И хуманитарната акција „10 СРЦА“ – затоа што љубовта е највкусна кога се споделува. Дел од приходите во овие 10 дена оди во хуманитарни цели 10 години = 10 срца помогнати! Приклучете ни се! Подгответе се за вкусна прослава, исполнета со енергија, боја, хуманост и благодарност. Бидете со нас секој ден – затоа што славиме вистинска деценија на љубов кон вкусот! Почнуваме од утре! 27.10.2025