ул. Христо Татарчев бр 117А, Припор


+ 389 78/308-866
+ 389 70/ 272-190


galanuts2015@gmail.com
galanuts2015@hotmail.com
sale@galanuts.mk
info@galanuts.mk

Социјални мрежи

Archive

Овесна каша

Нутритивниот состав на овесот е она што го вбројува во групата на најздрави житарки а со тоа и една од најкомплетните намирници што по многу прифатлива цена може да се најде кај нас на пазарот. Значајно е да се напомене дека оваа житарка се користи како полнозрнеста. Без разлика дали ќе ја подготвите како цело зрно или овесни снегулки, ги внесувате сите хранливи компоненти. Па, што мислите за ароматна топла или ладна овесна каша со овошје, јатки или какао? Не постои подобар начин да го започнете денот. Овесна каша со банана и путер од јаткиСОСТОЈКИ:• 1 cup oвесни снегулки• 1 банана насецкана, оставете неколку парченца за топинг• 1 лажица чиа семе• 1 лажица цимет• 1 лажица ванила екстракт• прстофат сол• 3 cups растително млеко или вода• 2лажици сецкани ореви• 2 лажици путер од кикирики или друг вид јаткаст путер Во мало тенџере додадете ги овесните снегулки, водата или млекото, солта, циметот и ванилата (ако користите) и загрејте ги на умерен оган. Оставете ја смесата да зоврие, намалете ја топлината на тивок оган и продолжете да готвите околу 5-7 минути повремено мешајќи. Овесната каша е готова кога овесот ќе впие поголем дел од течноста и ќе стане кремаст. Префрлете се во сад и додадете ги парчињата банана, тостираните ореви, путерот од кикирики ичиа семето. Парчињата банана можете да ги додадете и за време на процесот на готвење. Бананата ќе додаде еден тон вкус и малку сладост на овесната каша. Oвесна каша со свежо овошјеСОСТОЈКИ:• 1 cup овесни снегулки• 3 лажици растително млеко или вода• 3 големи лажици грчки јогурт• 1 мала лажичка мед• 1⁄2 cup свежо овошје (сезонско)• 2 големи лажици печени јатки – ореви, лешници, бадеми Во стаклена тегличка или сад ставате ги овесните снегулки, млекото, грчкиот јогурт и медот и убаво промешајте.Откако убаво ќе се соединат овие состојки, додадете го свежото овошје кое го преферирате. Одберете сезонско овошје, макар да и замрзнато овошје е опција. На крајот декорирајте со печените јатки и ставете во фрижидер да отстои преку ноќ или барем неколку часа. Oвесна каша со јаболко и циметСОСТОЈКИ:• 1 cup овесни снегулки• 1 cup растително млеко или вода• 2 лажици јаворов сируп/мед/агаве• 1лажичка цимет• 1/2 лажичка ванила екстракт• прстофат сол• 2 лажици сецкани јатки по желба• 1/2 cup сецкани јаболка Во мало тенџере измешајте јаболка исечкана на коцки, јаворов сируп/мед/агаве и цимет и пржете неколку минути додека јаболката не омекнат и не изгледаат слично на печените јаболка. Ставете на страна. Додадете овес, вода, јаворов сируп, цимет, ванила и сол во тенџере на средно-силен оган. Оставете ја смесата да зоврие, намалете ја топлината на тивок оган и продолжете да готвите околу 5-7 минути повремено мешајќи. Овесната каша е готова кога овесот ќе впие поголем дел од течноста и ќе стане кремаст. Префрлете го во сад и одозгора наредете ги претходно подготвените јаболка од цимет, јатките и посипете со цимет и дополнителен засладувач доколку е потребно. Oвесна каша со како и мед – чоколадна овесна кашаСОСТОЈКИ:• 1 cup овесни снегулки• 200 мл растително млеко или вода• 3 мали лажички какао• 1 голема лажичка мед/јаворов сируп/сируп од урми/агаве• 30 грама мелени јаткиореви/лешници/бадеми • јатки, кокосов чипс или овошје по желба за декорација Овесните снегулки заедно со млекото или водата ставете ги во сад за готвење и гответе на средна температура се додека не добиете густа каша. Пред целосно да зоврие водата, додадете го какаото и промешајте убаво. Тргнете го садот од оган и додадете го медот и претходно измелените јатки. Мешате се заедно. Добиената каша декорирајте ја по желба со овошје, путер или кокосов чипс. За кој и рецепт да се одлучите да го пробате, нема да згрешите,

Read More

Дали знаевте – Овес

Oвесот се вбројува во најздравите житарки. Тој е навистина богат извор на микро и макронутриенти, на растителни влакна и е погоден за консумација кај луѓето кои имаат глутенска интолеранција или целијакија. Доста е значајно што ваквата житарка се користи како полнозрнеста. Тоа значи дека сите можни нејзини хранливи компоненти можат да бидат внесени. Во нашиот асортиман можете да го најдете како цело лупено зрно, овесни снегулки или брашно oвес. Во продолжение неколку од најважните, научно потврдени корисни дејства на овесот врз нашиот организам: 1) Овесот е ,,супер-храна”Хранливот состав на овесот е добро балансиран. Тоа значи дека тој е добар извор на сложени јаглехидрати, но во исто време и на растителни влакна, вклучително можеби најмоќниот фибер, бета-глуканот.Овесот е исто така подобар извор на протеини и масти од повеќето житарки. Исклучително богатиот микронутритивен состав, во само една чаша (oколу 80g) или еден овесен оброк е следен: Манган – 191% од Дневно Препорачаниот Внес Фосфор – 41% од ДПВ Магнезиум – 34% од ДПВ Бакар – 24% од ДПВ Железо – 20% од ДПВ Цинк – 20% од ДПВ Витамин В9 – 11% од ДПВ Витамин В1 – 39% од ДПВ Витамин В5 – 10 од ДПВ помали концентрации на калциум, калиум, витамин В6 и витамин В3. Сето ова доаѓа заедно со квалитетниот макронутритивен состав од 50g jaглехидрати, 13g протеини и 8g растителни влакна. При тоа, калориската или енергетска вредност е само 300Kcal. Oва го прави овесот нутритивно најгусто пакувана храна што воопшто може да се најде на трпезата. 2) Овесот содржи висока концентрација на растителни влакна помеѓу кои и оние со најмоќно дејство – бета-глукан растителни влакна! Овесот содржи високи концентрации на бета-глукан, тип на растворливи растителни влакна. Бета-глуканот делумно се раствора во вода и формира дебел слој во вид на гел во дигестивниот тракт. Помеѓу моќните дејства на бета-глуканот се: Намалувањето на LDL, како и нивото на целокупниот холестерол во крвта Намалување на нивото на глукоза во крвта Зголемување на чувството на ситост Зголемување на нивото на корисна цревна микрофлора 3) Растителните влакна можат да го намалат вкупното ниво на холестерол во крвта и да го заштитат LDL холестеролот од оштетувања. Кардиоваскуларните заболувања се меѓу водечките фактори за смртност на глобално ниво. Еден од ризик факторите за развој на ваквите заболувања е повишениот холестерол во крвта. Како што веќе споменавме, овесот е исклучително добар извор на растителните влакна, особено на бета-глукан кој докажано има ефект на намалување на LDL и целокупниот холестерол во крвта. Оштетувањата на холестеролната молекула најчесто се одвива преку нејзина оксидација со слободните радикали. Знаеме дека ,,борбата” со слободните радикали ја превземаат антиоксидантите. Конткретно за оксидацијата на LDL холестерол молекула, како ефективен се покажал антиоксидативниот витамин С, но во комбинација со антиоксидантите кои се наоѓаат токму во овесот. 4) Овесот може да помогне во оптимизирањето на нивото на глукоза во крвта. Според повеќе студии кој се занимавале со оваа тематика, овесот може да помогне во намалувањето на нивото на шеќер во крвта. Ова особено е случај кај луѓето со прекумерна телесна тежина и оние со дијагностициран дијабетес тип 2. Тој исто така може да помогне во подобрувањето на инсулинската сензитивност. Ова е од особено значење за болните од дијабет тип 2.Ваквото дејство повтороно се поврзува со компонентата бета-глукан. 5) Овесот помага за намалување на телесната тежина!Сите претходно наведени точки силно наведуваат на ваков заклучок. Високата концентрација на растителни влакна, присуството на бета-глуканот и неговото дејство врз глукозата во крвта, па и дејството врз намалувањето на холестеролот во крвта. Потоа, многу важно е да се спомене и богатиот целокупен нутритивен состав од една страна, а не толку високата калориска вредност, од друга страна. Дополнително, бета-глуканот може да поттикне дополнително ослободување на т.н. пептид YY(PYY), кој е хормон продуциран во желудникот како резултат на внесената храна. Овој хормон, уште наречен и хормон на ситоста, во студиите се покажал како најзначаен во намалувањето на потребата од внесување на непотребни калории. Секако, ова претставува прв ризик фактор за развивање на обезност или дебелина. Во процесот на слабеење помеѓу најважните компоненти се јавуваат растителните влакна. Значењето на растителните влакна за здравјето на цревната микрофлора, а со тоа и на целокупно здравје на човекот е големо. Помеѓу најбитните позитивни влијанија на растителните влакна се: одржувањето на здравјето и перлистатиката на цревата (помагаат при констипација), хранењето на корисната микрофлора, обезбедувањето на постепено испуштање на глукозата во крвта и намалувањето на ,,лошиот” холестерол во крвта. Сето ова е од особено значење во процесот на слабеење. Покрај овие повеќе ,,научни фактори”, за слабеењето е значајно е и храната да биде вкусна и полесно да заситува. Овесот ги исполнува и тие услови, особено доколку се јаде со комбинација со вкусно зрело овошје. 6) Овесот е богат со антиоксиданти и може да помогне при намалување на ризикот од астма кај децата. Овесот е богат со антиоксиданти: полифенолни соединенија, ферулична киселина во значителни количини, како и уникатна група на антиоксиданти наречена авенантрамиди. Авенантрамидите речиси и да не се присутни во некоја друга храна. Овие уникатни антиоксиданти можат да помогнат во намалувањето на крвниот притисок преку поттикнување на продукцијата на азотен моноксид. Азотниот моноскид ја помага дилатацијата или ширењето на крвните садови, што води кон подобар проток на крвта. Секако, дополнително авенантрамидите имаат антивоспалителен, па и анти дерматитски ефект. Астмата е најчестото хронично заболување кај децата. Таа претставува воспалително нарушување на дишните патишта. Како ризик фактор од ова заболување и некои други алергиски заболувања се смета прераното воведување на цврста храна кај бебињата. Но, случајот е токму спротивен кај овесот. Имено, една студија укажува дека хранењето на бебињата под 6 месечна возраст е поврзано со намален ризик од детска астма. 7) Овесот може да помогне и за здравјето на кожатаМожеби за некого е изненадувачки, но овесот многу често се наоѓа како составна компонента на повеќе продукти за нега на кожата. Во листата на составни компоненти овесната компонента е означена како колоидален овес.FDA или Американската агенција за храна и лекови во 2003 година го потврдила заштитното дејство на колоидалниот овес во однос на кожата.Продуктите за нега на кожа кои се на база на овес, според некои студии можат да помогнат при

Read More

Цимет ролнички

Tие се ВОЗДУШЕСТИ. Тие се МЕКИ. Тие се АРОМАТНИ. Тие се ПРЕВКУСНИ. Тие се ШВЕДСКИ ЦИМЕТ РОЛНИЧКИ. Еве како да ги приготвите: За тестото: 100 гр путер 360 мл млеко кесичка квасец 640 гр брашно тип 400 50 гр кафеав шеќер прстофат сол За преливот: 100 гр путер на собна температура 100 гр кафеав шеќер 3-4 лажички мелен цимет 2 лажички мелен кардамон За премачкување: јајце шеќерни зрна или листови бадем Подготовка:Стопете го путерот, додадете го млекото и загрејте да биде топло. Одвоете неколку лажици млеко и додадете квасец. Во сад измешајте ги брашното, шеќерот, кардамонот и солта.Додадете квасец, млеко и путер, па замесете тесто. Префрлете се на подлога, месете 3-5 минути и оставете да отстои околу еден час. Обложете ја тавата за печење со хартија за печење. За филот измешајте го омекнатиот путер со шеќерот и зачините. Поделете го тестото на два дела.Дел од тестото префрлете го на основата, измешајте, па развлечете го во правоаголник 28 x 43 cm. Премачкајте со половина од филот, размачкајќи до рабовите. Се тркала во ролат и се сечат прстени со дебелина од околу 1,5 см.Наредете ги во плех со пресекот нагоре. Повторете со другата половина од тестото и филот. Вклучете ја рерната на 225 степени. Оставете го пецивото на оган околу 45 минути, премачкајте го со јајцето, па посипете со шеќерни зрна или ливчиња бадеми. Печете 10 минути.

Read More

Дали знаевте – Цимет

Циметот е зачин кој потекнува од семејството растенија Cinnamomum. Интересен факт за него е тоа што тој не се прави ниту од листовите на растението, а ниту од неговиот плод. Циметот се прави од кората на стеблото и гранките на споменатите дрвја. Ваквите дрвја имаат потреба од високи температури и влажност, па затоа најраширени се околу екваторот, односно јужна Индија, Шри Ланка, Јужна Америка, Карибите итн. Циметот е достапен во прав или стапчиња (како парченца од кората на дрвото), но може да се најде и негово есенцијално масло, како и разни форми на суплементи. Луѓето го користеле уште од далечни времиња и тоа не само како зачин, туку и во природната медицина за третирање на најразлични заболувања, од кашлица до артритис. Денес, циметот е вториот најпопуларен зачин во западниот свет и кај нас, веднаш зад биберот. Може да се најде насекаде, има ниска цена и се користи во најразлични рецепти. Постојат голем број истражувања кои се занимаваат со неговите составни компоненти и нутритивната вредност. 1) Циметот е богат со супстанца со моќни лековити својства Постојат два вида на цимет: цејлонски цимет (вистински цимет) и касија цимет (циметот кој е најчесто користен). Овие два вида имаат различна хранлива вредност. Касија видот содржи компонента наречена кумарин, што може да биде штетна доколку се консумира во поголеми количини. Иако и двата типа на цимет имаат одредени здравствени бенефити, цејлонски цимет се смета многу подобар избор, пред сé поради помалата содржина на кумарин. Циметот се прави со сечење на кората на споменатото дрвенесто растение од кое се добива. Внатрешниот дел на кората се одделува од дрвенастиот дел и потоа така се користи за добивање на зачинот. При сушењето на внатрешниот дел од кората, тој се подвиткува во ролни, наречени циметни стапчиња. Потоа, овие стапчиња можат да бидат и фино сомелени. Специфичниот мирис и вкус на циметот се должат на неговиот масен дел, кој е особено богат со компонентата наречена цинамалдехид. Според научниците, токму оваа супстанца е одговорна за повеќето моќни здравствени и метаболитички позитивни ефекти на циметот. 2) Циметот е извор на антиоксидативни компоненти со моќно антивоспалително дејство Антиоксидантите се клучни компоненти во борбата на организмот со слободните радикални кои постојано се создаваат како метаболитички отпад. Слободните радикали водат кон оксидативен стрес, а преголемиот оксидативен стрес кон хронични воспалителни процеси, една од главните причини за повеќето хронични заболувања. Циметот е особено богат извор на антиоксидативни компоненти, како полифенолите на пример. Во една студија која ја споредувала антиоксидативната активност на 26 различни зачини, циметот покажал најдбора активност и бил апсолутен победник, дури и во конкуренција на лукот и ориганото. Една студија вели дека антиоксидативната моќност на циметот е толку добра, што самиот зачин може да се користи и како конзерванс. 3) Моќно анти-дијабетично дејство Циметот е добро познат по карактеристиката да го намалува шеќерот во крвта. Повеќе сериозни студии укажуваат дека овој зачин може драматично да ја намали инсулинската резистентност, помагајќи му на хормонот инсулин, полесно да си ја врши својата работа, односно да ја внесува глукозата во клетките. Покрај корисното дејство во однос на инсулинската резистентност, циметот може да влијае на намалување на шеќерот во крвта преку неколку други механизми. Прво, студиите покажуваат дека тој го намалува нивото на глукоза која влегува во крвотокот. Тоа го прави преку попречувањето на работата на повеќе дигестивни ензими. Второ, една негова компонента делува на клетките како прикриен инсулин. Ова придонесува кон зголемување на внесената глукоза во клетките. Повеќе спроведени студии го потврдуваат анти-дијабетичниот ефект на циметот, укажувајќи дека може да го намали и шеќерот при гладување, дури за 10-29%. Посочените ефекти циметот може да ги има доколку се внесува често, во количини од 1-6 грами, односно од 0.5-2 кафени лажички дневно. 4) Циметот може да придонесе за подобро кардиоваскуларно здравје Циметот исто така се поврзува и со намалување на ризикот од кардиоваскуларните заболувања, најчестата причина за предвремена смртност во светски рамки. Според една студија, кај луѓето со дијабетес тип 2, користењето 1g или околу половина кафена лажичка цимет дневно, покажало корисен ефект за крвните маркери. Намалено било нивото на ,,лошиот” LDL холестерол и маснотиите во крвта, додека нивото на ,,добриот” HDL холестерол останало исто. Друга, понова студија пак, покажува дека само 120mg цимет дневно, може да дадат  ефекти како претходно наведените. Дополнително и да го покачат нивото на добриот холестерол. Во студиите на лабораториски животни, циметот покажал и својство на намалување на високиот крвен притисок. Кога сите овие фактори ќе се искомбинираат, тоа може значително да го намали ризикот од развој на најчестите кардиоваскуларни заболувања. 5) Помош при габични инфекции и бактериски инфекции Есенцијалното масло на циметот може значително да помогне при габични инфекции. Потребни се повеќе истражувања на оваа тематика, но досегашните покажуваат ваков ефект на циметот. Една студија од 2016 покажува дека есенцијалното масло од цимет може да помогне за елиминирање на Кандидата од крвниот систем. Дополнително, циметот се покажал како успешен во спречувањето на растот на одредени патогени бактерии, како што се Listeria и Salmonella. Некои истражувања покажуваат дека антимикробниот ефект на циметот може да помогне во превенцијата и на кариесот и при лош здив. 6) Некои други потврдени корисни дејства на циметот, за кои требаат повеќе истражувања: може да помогне за подобрувања кај невродегенеративни заболувања, како Алцхајмер, Паркинсон итн. голем број на анимални студии укажуваат на заштитен ефект на циметот во однос на различни типови канцер. некои лабораториски студии на клетки, даваат резултати според кои циметот може да ја помогне борбата против ХИВ-1 вирусот, најчестиот тип на ХИВ вирус кај луѓето.   Teкстот е превземан од https://drmitov.mk/

Read More

Хумус

Хумусот е намаз, традиционален за земјите од Блискиот Исток. Во современиот свет неговата популарност расте во светски рамки, заради специфичниот, богат вкус, мазната текстура, а се смета и за еден од најздравите намази не само за вегетаријанската исхрана, туку и за сите љубители на ориенталската храна. Зошто хумусот е исклучително хранлив и корисен?1. ДијабетесХумусот помага во регулација на нивото на шеќер во крвта, поради нискиот гликемиски индекс на главната состојка на хумусот: наутот. Хранливите влакна во хумусот и сложените јаглехидрати кои ги содржи, го регулираат нивото на шеќер кој се ослободува во крвта и така помагаат во контрола на дијабетесот. Затоа хумусот се препорачува како дел од менито за исхрана кај дијабеичарите.2. Здрав меѓуоброкБидејќи е богат со протеини, може да ви помогне во контрола на апетитот и регулација на нивото на шеќер во крвта. Особено е полезен за намалување на потребата од постојано грицкање. Исто така, железото кое го содржи хумусот помага во зголемување на енергијата, што може да ве направи помотивирани за вежбање.3. Дигестивно здравјеХумусот содржи голем број на хранливи влакна кои помагаат во одржување на дигестивно здравје. Особено се покажал како корисен во борбата против констипација и полесно движење на храната низ дигестивниот систем.4. Здрави мускулиНаутот е извор на амино киселини кои се многу важни во градење на здрави мускулни влакна. Амино киселините телото ги користи во процеси како градење на мускулна маса, обнова на ткива и продукција на енергија.5. Омега-3 масни киселиниУште една намирница на хумусот е маслиновото масло кое е богато со омега-3 масни киселини. Истите имаат многу корисно дејство врз телото особено при воспалителни болести и болести како артритис, хипертензија и рак.6. Кардиоваскуларно здравјеХумусот е одличен за одржување на кардиоваскуларно здравје, повторно како резултат на маслиново масло кое го содржи. Според истражувањата, конзумацијата на маслиновото масло е една од причините за ниска стапка на смртност од кардиоваскуларни болести во медитеранските земји, во кои маслиновото масло се конзумира речиси двојно повеќе отколку во останатите земји. Исто така студиите потврдуваат дека конзумацијата на храна која во себе содржи маслиново масло, како хумусот, помага во борбата против кардиоваскуларни компликации и во одржување на здрав нервен систем. Потребни состојки:• 400 гр варен наут (наутот доколку е сув, се пониснува во вода и се остава да отстои преку ноќ, со тоа значително се намалува времето за готвење; се премива со чиста вода и се вари додека да омекне)• 3 лажици сусамов таан• 100 мл маслиново масло• сок од 1 лимон• 1 лажичка сол• 1 лажичка бибер• 2 чешниња лук• додатоци по желба: семки од тиква, семки од сончоглед, куркума, свеж магдонос… Начин на подготовка:Ставете ги сите намирници во блендер и блендирајте. Додадете малку од водата во која се варел наутот (или водата од конзервата наут ако се одлучите да користите готов), додека не добиете смеса со густина на пире. Добиената смеса ставете ја во еден сад и хумусот е спремен за сервирање. Сервирајте со ливчиња магдонос, една лажица маслиново масло и малку бибер. Намазот може да го јадете намачкан на интегрално лебче, како додаток на домашните сендвичи или во комбинација со зеленчук, како моркови, целер, краставици.

Read More

Наут

Наутот, уште познат и како леблебија или слануток, е полјоделска, но и градинарска култура која често се одгледува и во нашата земја. Растението од кое потекнува оваа мешунка е Cicer arietinum и се смета за една од најрано култивираните култури. На Блискиот Исток, нејзини остатоци се пронајдени уште од пред неколку милениуми. Наутот спаѓа во семејството мешунки, заедно со гравот, грашокот, леќата, боранијата итн. Во последно време, со сè поголемата заинтересираност за здравата храна, оваа мешунка повторно се враќа на голема врата. Причината е пред сè нејзиниот импресивен нутритивен состав: протеини, витамини, минерали, растителни влакна и многу други хранливи материи од кои телото, на најразлични начини има корист. Исто така, една од предностите е ниската цена на леблебијата. Лесно може да се вклучи во исхраната, како здрави грицки, во различни чорби, салати, но во последно време, најпопуларно е подготвувањето на хумус, традиционално јадење од Блискиот Исток, со навистина специфичен вкус. Научно поткрепени причини, зошто почесто треба да го имате оброци кои вклучуваат наут, на вашите трпези: 1) Богат извор на различни хранливи материи Наутот има импресивен нутритивен состав. Има умерена содржина на калории, обезбедувајќи 46kcal на 28g. 67% од калориите доаѓаат од јаглехидратите, а останатите од протеините. Содржината на маснотиите е сосем ниска. Наутот исто така, нè обезбедува со витамини и минерали, но и значителна количина на растителни влакна и протеини. Во само 28g подготвен наут се содржи: 8g јаглехидрати 2g растителни влакна 3g протеини 12% од Дневно Препорачаниот Внес за витамин Б9 4% од ДПВ за железо 5% од ДПВ за фосфор 5% од ДПВ за бакар 14% од ДПВ за манган   2) Богат растителен извор на протеини Ова својство го прави наутот особено погоден за луѓето кои избегнуваат или воопшто не јадат животински продукти, а и во време на постите. Содржината на протеините е слична како кај другите мешунки. Но, некои студии велат дека протеините во наутот се со поголем квалитет од оној кај другите мешунки. Тоа значи дека аминокиселинскиот профил на наутот е на завидно ниво. Имено, речиси сите есенцијални аминокиселини се застапени во оваа храна, со исклучок на метионинот. Протеините од наутот може да помогнат во контролата на апетитот, а со тоа и во намалувањето на телесната тежина. Исто така, некои студии укажуваат и на нивно дејство на здравјето на коските и мускулите.   3) Наутот е добар за дигестијата и одличен избор доколку сакате да ослабете, а да сте сити! Како што веќе споменавме, протеините присутни во наутот можат да помогнат во процесот на слабеење, преку намалување на апетитот. Но, можеби позначајна улога при слабеењто, играат растителните влакна и ниската калориска вредност на наутот. Значењето на растителните влакна за здравјето на цревната микрофлора, а со тоа и на целокупно здравје на човекот е големо. Помеѓу најбитните позитивни влијанија на растителните влакна се: одржувањето на здравјето и движењето на тенкото црево, како и дебелото црево, хранењето на корисната микрофлора, обезбедувањето на постепено испуштање на глукозата во крвта и намалувањето на ,,лошиот” холестерол во крвта. Дополнително, се повеќе студии даваат податоци за улогата на растителните влакна врз оптимизирањето на цревната микрофлора, а преку неа и на целокупното здравје на организмот. На тој начин влијаат на намалувањето на ризикот од развивање на кардиоваскуларни, малигни заболувања (особено цревни), дебелина и дијабет тип 2. Истражувањата покажуваат дека оние кои имаат исхрана богата со растителни влакна имаат значително, во просек, помала телесна тежина, отколку оние кои се на исхрана со слаб внес на растителни влакна. Дополнително, растителните влакна и протеините ја успоруваат дигестијата, што исто така промовира чувство на ситост. Во едно истражување, испитаниците јаделе 100g наут дневно во период од 12 недели. Според резултатите, поголемиот дел од нив чувствувале продолжено чувство на ситост и помала потреба за брза храна, во споредба со периодот во кој не консумирале наут.   4) Помага при регулулирањето на шеќерот во крвта Ова својство на наутот се должи, пред сè, на растителните влакна. Тој има низок гликемиски индекс, односно по консумирањето не прави силни пикови на глукоза во крвта, а следствено, не прави ниту стрмни падови, што би промовирало и глад. Ова значи дека е погоден за луѓето со дијагностициран дијабет. Освен растителните влакна, студиите покажуваат дека во ова корисно дејство своја улога имаат и протеините. На тематика се правени повеќе студии, според кои препорачливо е што почесто да се консумираат оброци во кои е присутен наутот.   5) Наутот може да има превентивно дејство од некои хронични заболувања Наутот поседува неколку карактеристики, кои можат да помогнат во намалувањето на ризикот од неколку хронични заболувања: Кардиоваскуларни заболувања – наутот е добар извор на магнезиум и калиум, многу значајни минерали за здравјето на срцето, кои играат улога во регулирањето на крвниот притисок. Високиот крвен притисок е еден од главните ризик фактори за повеќето кардиоваскуларни заболувања. Дополнително, како што веќе споменавме, растителните влакна можат да помогнат во намалувањето на нивото на вкупниот холестерол во крвта, што е исто така помеѓу главните ризик фактори за срцеви заболувања. Малигни заболувања – редовното консумирање на наутот го промовира продуцирањето на бутиратот, масна киселина која повеќе студии ја поврзуваат со потенцијал да го намали хроничното воспаление на дебелото црево, што е пак, помеѓу главните причини за рак на дебело црево. Понатаму, наутот е добар извор на сапонините, растителни компоненти кои во некои студии покажуваат антиканцерогено дејство(го спречуваат растот на некои малигни ткива). Исто така, некои од повеќето минерали и витамини кои ги содржи наутот, покажуваат одредени превентивни својства во однос на канцерот. Дијабетес – како што веќе наведовме, наутот е погодна храна за дијабетичари. Тоа е случај, бидејќи има низок гликемиски индекс, односно има добро количество на растителни влакна и протеини. Дополнително на ова, микронутритивната содржина на наутот, одосно неговите витамини и минерали, исто така во некои студии покажуваат превентивно дејство во однос на дијабетот тип 2 (магнезиум, Б витамини, цинк итн).   Текстот е превземен од https://drmitov.mk/

Read More