ул. Христо Татарчев бр 117А, Припор


+ 389 78/308-866
+ 389 70/ 272-190


galanuts2015@gmail.com
galanuts2015@hotmail.com
sale@galanuts.mk
info@galanuts.mk

Социјални мрежи

Archive

Храна за здраво тело

Во последно време многу често слушаме за т.н. „супер храна”. Ако под таква храна подразбираме храна која има некаков ,,магичен ефект” или има бенефити сама по себе, без да практикуваме балансирана и правилна исхрана, грешиме. Но, ако под ,,супер храна” подразбираме вид на храна која, во склоп на правилната исхрана има низа на сериозни позитивни ефекти врз состојбата на организмот, тогаш може да се рече дека сме во право. Такви намирници постојат. Едни од нив се семињата, а тоа се потвдрува со сè повеќе научни истражувања кои ги потврдуваат позитивните ефекти од редовна и правилна конзумација на истите. Во нашиот асортиман можете да најдете богата низа семиња од познати и често употребувани, до нетолку распространети и специфични по својата арома и примена. Разгледајте ја понудата на нашата веб страна и нарачајте си:🌐 Продукти за здраво тело Направете го Вашиот паметен избор!

Read More

Топчиња од сува смоква

Топчиња од слатки суви смокви, испреплетени со бадеми и облечени во кокос. Едноставен, здрав и пред се корисен рецепт за здрава ужинка или десерт. Потребно ви е: • 200 g суви смокви (киснати во вода минимум 2 часа) • 50 g бадеми • 4 лажици овесни снегулки • 2 лажици кокосово масло • кокосово брашно Начин на подготовка: Сувите смокви најпрвин насечете ги на четвртинки и ставете ги да киснат во вода околу 2 часа. Потоа исфрлете ја водата и заедно со другуте состојки ставете ги во блнедер/сецко и убаво соединете ја смесата. На крај формирајте топчиња. По желба можете да ги валкате во кокосово брашно. Топчињата ставете ги во корпчики за бомбици и чувајте ги во фрижидер. Јадете ги како здрава ужинка или вкусен појадок кој ќе ви даде енергија и виталност. Source: @draganafitlife

Read More

Сува смоква

  Топ 5 здравствени придобивки од смокви Смоквите се плод на дрвото фикус, кое е дел од семејството на црница (Moraceae). Имаат уникатен, сладок вкус, мека и џвакачка текстура и се полни со малку крцкави, јастиви семиња. Свежите смокви се нежни и лесно расипливи, па често се сушат за да се зачуваат. Ова дава слатко и хранливо сушено овошје во кое може да се ужива во текот на целата година. Постојат повеќе варијанти на смокви, од кои сите се разликуваат по боја и текстура. Нивната уникатна карактеристика е мал отвор во форма на пупка наречен остиол на врвот што му помага на плодот да се развие. Нивната природна сладост значи дека, пред времето на рафинираните шеќери, тие често се користеле како засладувач. Нутритивни придобивки Порција од 30 грама суви смокви обезбедува:     68 kcal/290KJ     1,1 g протеин     0,5 g маснотии     15,9 g јаглени хидрати     3 g влакна     291 мг калиум     75 мг калциум     24 мг магнезиум     1,26 мг железо Порција од 80 грама свежи смокви обезбедува:     34 kcal/148KJ     1,0 g протеин     0,2 g масти     7,6 g јаглени хидрати     1,6 g влакна     160 мг калиум     12 мг магнезиум     30 мг калциум     120 mcg каротин Порција од 80 гр свежи смокви е еквивалентна на 1 од 5те порции разновидно овошје и зеленчук што треба да го внесувате на дневно ниво, што пак е еднакво на 2 овошки со средна големина. А само 30 гр порција суви смокви пак, е еднаква на порција 80гр свежи смокви што повторно се вбројува во правилото 5 на ден. Топ 5 здравствени придобивки Промовираат дигестивно здравје Смоквите често се препорачуваат за потхранување и тонирање на цревата, тие делуваат како природен лаксатив поради нивната висока содржина на влакна. Влакната што тие ги обезбедуваат, исто така, имаат прoбиотски својства, ги хранат бактериите во цревата и промовираат здрава животна средина во цревата, што, како резултат на тоа, го подобрува здравјето на дигестивниот систем. Богати со антиоксиданси Смоквите, особено зрелите, се богати со заштитни растителни соединенија наречени полифеноли. Овие соединенија имаат заштитни антиоксидантни својства, што значи дека помагаат да се спречи кислородот да реагира со други хемикалии и да предизвика оштетување на клетките и ткивата, а со тоа тие се клучни за управување со оксидацијата. Го одржуваaт во нормала вашиот крвен притисок Многумина од нас консумираат премногу натриум (сол), кој се наоѓа во преработената храна. Високиот внес на натриум може да доведе до недостаток на калиум и оваа нерамнотежа може да доведе до висок крвен притисок (хипертензија). Исхраната богата со овошје и зеленчук, вклучувајќи свежи смокви, природно го зголемува нивото на калиум и затоа се охрабрува да помогне во управувањето со крвниот притисок. Студијата што ги испитуваше специфичните ефекти на екстрактот од смоква кај животните покажа намалување на крвниот притисок кај оние со нормални и хипертензивни отчитувања. Може да го одржат здравјето на коските Смоквите се добар извор на минерали погодни за коските, вклучувајќи калциум, магнезиум и фосфор. Смоквите се особено богати со калциум, а некои студии сугерираат дека содржат 3,2 пати повеќе калциум од другите овошја. Бидејќи се добар извор на калиум, конзумирањето на смокви може да се спротивстави на уринарната екскреција на калциум, предизвикана од исхраната богата со сол. Ова за возврат помага да се задржи калциумот во коските и како резултат може да го намали ризикот од остеопороза. Може да го подобрат квалитетот на исхраната и да помогне во управувањето со тежината Природно богати со диетални влакна и преполни со витамини и минерали, смоквите може да бидат корисна диетална вклученост за подобрување на хранливата густина на вашата исхрана и за возврат да помогне во управувањето со тежината. Храната богата со влакна обезбедува чувство на ситост и може да го намали гладот ​​и желбата, додека клучните хранливи материи го подобруваат управувањето со крвта. Дали смоквите се безбедни за сите? Ако имате алергија на полен од бреза, може да почувствувате вкрстена реактивност на одредено овошје, вклучително и смокви. Смоквите содржат и природен латекс, на кој некои луѓе имаат алергија. Доколку ве советувале да следите диета со ниска содржина на оксалати, треба да знаете дека смоквите содржат високо ниво на оксалати. Тие се богати и со витамин К, па ако ви се препишани лекови за разредување на крвта, треба да го ограничите внесот на смокви, како и други намирници богати со витамин К. Не сите луѓе се чувствуваат удобно да јадат смокви. На пример, веганите може да избегнуваат да јадат смокви бидејќи некои сорти се опрашуваат со оси кои умираат за време на процесот на опрашување. Комерцијалните смокви се одгледуваат без опрашување со оси и затоа треба да бидат прифатливи. Ако смоквите се нови за вас, уживајте во нив умерено бидејќи големите количини може да имаат лаксативно дејство. Ако земате препишани лекови, секогаш проверувајте со вашиот општ лекар или регистриран диететичар пред да направите какви било промени во  исхраната.

Read More

Храна за гастроинтестинални проблеми

Правилното варење е особено важно за добро здравје. Никој не се чувствува добро ако го измачуваат проблеми со варењето (дијареа и запек), односно ако во цревата и стомакот се чувствува подуеност и притисок. Особено голема улога во обезбедувањето на добро варење има цревната микрофлора. Регулираното, односно добро варење на храната е особено важно за здравјето, всушност токму гастроинтестиналниот тракт овозможува снабдување на организмот со хранливи материи, а од телото ги отстранува непотребните материи. Дури 70% од клетките на нашиот имунолошки систем се наоѓаат во цревата и затоа рамнотежата во цревата е исклучително важна за правилната работа на имунолошкиот систем. Кога гастроинтестиналните процеси не се одвиваат токму онака како што би требало, може да се појават тегоби. Најчести тегоби со варењето се:– Дијареа– Запек– Желудочни тегоби– Грчеви– Нервозни црева– Подуеност– Флатулениција– Болки во стомакот Набројаните гастроинтестинални тегоби може да се јават поединечно, а понекогаш истовремено се присутни и повеќе од една тегоба со варењето. Знаците на овие тегоби меѓусебно се препокриваат. Совети за регулирано варење– Разновидна и редовна исхрана– Внес на доволно голема количина на вода (незасладена)– Исхрана со голема содржина на влакна– Вклучување на производи со здрави млечнокислеински бактерии кои природно се наоѓаат во цревата– Ограничувањето на внесот на масна и пржена храна, протеински намирници со висока биолошка вредност– Избегнување на лоши навики (алкохол, цигари)– Контрола на стресот (релаксација) и редовна физичка активност– Треба да се избегнува прејадување. Source: https://www.waya.mk/mk/gastrointestinalni-tegobi/

Read More

Лепче од Брашно од Хељда

Пригответе си го ова превкусно, безглутенско и веганско лепче од само неколку состојки.Уживајте во вкусот! Потребни состојки:• 300 гр брашно од хељда• 3 лаж. прашок за пециво• 2 лаж. сол• 40 гр чиа семе• 240 мл вода• 160 мл вода (одделно)• 60 мл маслиново масло• 1-2 лажици семиња или јатки Начин на подготовка:– Во мал сад се мешаат чиа семето и 240 мл вода и се остава на страна, околу 15тина минути се додека не се претвори во гел текстура.– Рерната се загрева на 180° и се поставува хартија за печење на тава за леб.– Во голем длабок сад се додаваат сувите состојки брашното, солта и прашокот за пециво. Се мешаат.– На истата смеса се додаваат и остатокот (160 мл.) вода, маслиновото масло и чиа јајцето.– Се промешува се убаво се додека не се соедини. Смеесата треба да биде густа и леплива.– Смесата се става во тавата за леб и се израмнува.– Сега е моментот да се додат семиња на површината на смесата и нежно се притискаат за да се залепат за тестото.– Лебот се пече околу 1 час. По истекувањето на тој 1 час, боцнете со чачкалица и доколку излезе чиста, тоа значи дека лебот е готов. Доколку на чачкалицата сеуште има тесто се остава да се допече уште дополнителни 10 минути.– Се остава малку да се олади пред да се исече. Лебот може да стои на собна температура 2-3 дена, во ладилник 7-8 дена, а во замрзнивач повеќе од 1 месец.

Read More

Брашно од ориз

Брашното, кое е состојка на многу прехранбени производи, е фин прав добиен со мелење на жито или други јадливи растенија кои содржат скроб. Порано брашното се добивало во воденици со мелење меѓу два млински камења од кои еден бил подвижен. Млинот се придвижувал со слободниот пад на водата на точката која придвижувала, преку преносниот механизам – млинскиот камен.  Денес постојат млинови кои работат на пареа, како и електрични млинови со далеку поголем капацитет. Во млиновите брашното се сее и се пакува во вреќи. При индустриското производство на брашно, брашното за купувачот се добива со мешање на различни видови брашно кои се добиваат од различни видови на жито. Во зависност од „тврдоста“ на житото, постојат меки (за леб, пред сè) и тврди брашна (за колачи). Освен “класичното“ брашно од пченица, денес сме сведоци на многу видови брашна добиени од разни видови житарки и јатки. Кај нас во моментов на понуда се овие видови на брашна кои ги вбројуваме во класата без глутенски брашна: БРАШНО ОД ОРИЗ Брашното од ориз е богат извор на јаглехидрати. Се користи за подготовка на тесто, десерти и како згуснувач на благи и солени сосови.Зрното од ориз се одликува со висока хранителност – содржи 75-85% јаглехидрати и 5-10% протеини. Овие две компоненти се со многу висока апсорпција за организмот на човекот – околу 96%, поради што исхраната со ориз е многу ефикасна. Оризот е добар извор на протеини и основна храна во многу делови на светот. Поради високата содржина на цинк, калциум, протеини и фолна киселина и е сиромашно со масти, целулоза и протеини е исклучително погоден за диететски цели. Се користи за подготовка на колачи и бисквити, како и за компресија на сосови на слатки и солени јадења. Брашно од ориз е богато со витамин Е и не содржи глутен.

Read More

Брашно од Хељда

Брашното, кое е состојка на многу прехранбени производи, е фин прав добиен со мелење на жито или други јадливи растенија кои содржат скроб. Порано брашното се добивало во воденици со мелење меѓу два млински камења од кои еден бил подвижен. Млинот се придвижувал со слободниот пад на водата на точката која придвижувала, преку преносниот механизам – млинскиот камен.  Денес постојат млинови кои работат на пареа, како и електрични млинови со далеку поголем капацитет. Во млиновите брашното се сее и се пакува во вреќи. При индустриското производство на брашно, брашното за купувачот се добива со мешање на различни видови брашно кои се добиваат од различни видови на жито. Во зависност од „тврдоста“ на житото, постојат меки (за леб, пред сè) и тврди брашна (за колачи). Освен “класичното“ брашно од пченица, денес сме сведоци на многу видови брашна добиени од разни видови житарки и јатки. Кај нас во моментов на понуда се овие видови на брашна кои ги вбројуваме во класата без глутенски брашна: БРАШНО ОД ХЕЉДА Хељдата е богата со витамини Б6, тиамин, магнезиум, манган, бакар, фосфор. Го помага процесот на варење на храната, помага за слабеење, да немате тегоби и да не се чувствувате надуени.Има антиоксиданси со кои помага да се намали крвниот притисок и да се спречи згрутчување на крвта. Користете го брашното често. Од него се прават супер леб, пити и пецива.

Read More

Брашно од просо

Брашното, кое е состојка на многу прехранбени производи, е фин прав добиен со мелење на жито или други јадливи растенија кои содржат скроб. Порано брашното се добивало во воденици со мелење меѓу два млински камења од кои еден бил подвижен. Млинот се придвижувал со слободниот пад на водата на точката која придвижувала, преку преносниот механизам – млинскиот камен.  Денес постојат млинови кои работат на пареа, како и електрични млинови со далеку поголем капацитет. Во млиновите брашното се сее и се пакува во вреќи. При индустриското производство на брашно, брашното за купувачот се добива со мешање на различни видови брашно кои се добиваат од различни видови на жито. Во зависност од „тврдоста“ на житото, постојат меки (за леб, пред сè) и тврди брашна (за колачи). Освен “класичното“ брашно од пченица, денес сме сведоци на многу видови брашна добиени од разни видови житарки и јатки. Кај нас во моментов на понуда се овие видови на брашна кои ги вбројуваме во класата без глутенски брашна: БРАШНО ПРОСО Брашното добиено од просо е одлична состојка за разни јадења. Има пријатен и по малку сладок вкус и е соодветно за слатки и за солени рецепти. Брашното од просо исто така е и богат извор на витамини и минерали. Не содржи глутен и затоа е совршен за безглутенска исхрана и диета. Се употребува во леб, палачинки и разни видови мафини, како и за солени рецепти.

Read More

Брашно од Наут

Брашното, кое е состојка на многу прехранбени производи, е фин прав добиен со мелење на жито или други јадливи растенија кои содржат скроб. Порано брашното се добивало во воденици со мелење меѓу два млински камења од кои еден бил подвижен. Млинот се придвижувал со слободниот пад на водата на точката која придвижувала, преку преносниот механизам – млинскиот камен.  Денес постојат млинови кои работат на пареа, како и електрични млинови со далеку поголем капацитет. Во млиновите брашното се сее и се пакува во вреќи. При индустриското производство на брашно, брашното за купувачот се добива со мешање на различни видови брашно кои се добиваат од различни видови на жито. Во зависност од „тврдоста“ на житото, постојат меки (за леб, пред сè) и тврди брашна (за колачи). Освен “класичното“ брашно од пченица, денес сме сведоци на многу видови брашна добиени од разни видови житарки и јатки. Кај нас во моментов на понуда се овие видови на брашна кои ги вбројуваме во класата без глутенски брашна: БРАШНО ОД НАУТ Брашното од наут е одлична замена за белото брашно, особено бидејќи е далеку поздраво и содржи повеќе нутриенти – витамини, минерали, влакна и протеини. Тоа е исто така помалку калорично и содржи помалку јаглехидрати. Овој тип на брашно не содржи глутен, па како такво е одлично за луѓето со интолерантност кон овој протеин. Дополнително, брашното од наут се однесува слично при печењето како брашното од пченица. Тоа е густо брашно и гради структура слична како и брашната кои содржат глутен.

Read More

Глутен

Глутенот е протеин кој е присутен кај повеќето житарки, пченица, рж, јачмен итн. Така, тој завршува во храната добиена од нив: леб, тестенини, житарки и многу други производи. Глутенот не е есенцијална хранлива материја. Имунитетот, заштитниот систем на луѓето со целијакија (нетолеранција на глутен) реагира кога во организмот ќе биде внесен глутенот. Овие лица кога консумираат храна во која тој е присутен, развиваат воспаленија, па во полош случај и оштетувања на цревата и други делови од организмот. Последните истражувања покажуваат дека 1% од популацијата ја има оваа состојба. Безглутенската исхрана е неопходна за оваа категорија на луѓе да може да ги избегне воспалителните процеси и симптомите воопшто, симптоми кои можат да бидат доста непријатни. Заради овие причини добро е тоа што во последно време има се повеќе ,,опции” на оброци и прехранбени производи кои се безглутенски. Но, не е во ред тоа што отсуството на глутен се промовира како општа предност во квалитет на овие производи, во однос на другите, предност која важи за целото население. Голем дел од луѓето ја прифаќаат безглутенската исхрана поради ваквото промовирање на безглутенските производи, како поздрави, корисни при намалувањето на тежината и многу други бенефити кои и немаат баш некоја поткрепа во науката. Така, 63 проценти од Американците веруваат дека безглутенската исхрана може да го подобри нивното здравје, дури и менталното здравје, па една третина од нив го избегнува глутенот во секојдневието. Последните истражувања покажуваат дека повеќе од педесетина болести се поврзани со интолеранција на глутен, која претставува проблем на кој речиси никој не е имун [1]. Глутенот е протеин составен од две фракции, глутенин и глијадин и нивна основна карактеристика е тоа што при правење на леб, т.е. при нивен контакт со вода, тие дејствуваат како „лепак“ во тестото и овозможуваат поврзување и добивање компактна структура. Глутенските протеини сами по себе не се штетни и здравата популација нема основана причина за нивно избегнување, но лицата кои имаат интолеранција на глутен, целијачна болест или алергија на пченица треба да го ограничат внесувањето или целосно да го отстранат глутенот од исхраната, кој се наоѓа во житата како: пченица, ‘рж, јачмен, но покрај во житата истиот можете да го сретнете и во поголемиот дел производи како што се: тестенини, сосови и додатоци во исхраната. Интолеранцијата на оваа материја претставува неможност на варење на глутенот. Статистиките во светот покажуваат дека повеќе од 15% од популацијата е интолерантна на глутен [2]. Дали и вие спаѓате во таа група? Во голем број случаи индивидуите не се свесни дека имаат проблем со толеранција на глутен [3, 4]. Нашето тело има неколку начини на кои може да алармира и да нѐ предупреди дека нешто не е во ред. Во врска со глутенот, неколку од симптомите се слични со други болести. Токму поради тоа, клучно во дијагностицирањето на состојбата е да се внимава на симптомите. Подолу може да погледнете некои од честите симптоми на сензитивност на глутен. Дигестивни проблеми Повеќето од дигестивните проблеми поврзани со глутенот се од една иста причина [5]. Нашето тело, конкретно нашиот дигестивен систем, не може комплетно да го свари и да го процесира глутенот [6]. Овие проблеми се најчести кај децата кои консумираат глутен. Под дигестивни проблеми се подразбираат гасови, подуеност, а во некои случаи и запек и дијареја. Премореност Бидејќи не може комплетно да го процесира и да го свари глутенот, нашето тело се измачува. Нашиот дигестивен систем мора да работи повеќе, а сето тоа влијае на нивото на енергија. Резултатот е премореност. Треба да се има предвид дека премореноста е чест симптом на многу болести (недостаток од железо, проблеми со тироидната жлезда, дијабетес, депресија и недостаток од други витамини и минерали) [7]. Сепак, доколку премореноста е проследена со други симптоми на сензитивност на глутен, се добива јасна слика за изворот [8]. Проблемите со концентрација и замореност се најистакнати по консумирање оброк кој содржи глутен. Чести промени на расположението Женската популација често запаѓа во заблуда дека промените во расположението се поврзани со менструалниот циклус [9]. Токму поради тоа сензитивноста на глутен тешко се дијагностицира. За разлика од ПМС и од други хормонални проблеми, промените во расположението брзо се средуваат кога ќе се префрлите на диета без глутен. Воспаление на мускулите Како и со повеќето други симптоми, воспалението на мускулите може да се јави од повеќе причини [10]. Сепак, сензитивноста на глутен се манифестира во локализирани делови од телото. Доколку причинителот на воспалението е глутен, мускулите на прстите, колковите и колениците ќе бидат погодени. Мигрени и главоболки Во голем број случаи причина за главоболка е недостаток од минерали, витамини и други хранливи материи. Во случајот со сензитивност и толеранција на глутен, спротивното е причина [11]. Вашето тело има проблеми да се справи со протеинот кој го препознава како еден вид отров. Пациентите кои имаат проблеми со главоболки нема да најдат спас во медикаменти. Избегнувањето на глутенот и почнувањето диета која не содржи глутен за кратко време ќе го реши  проблемот со главоболката. Хормонски нарушувања Женската популација често е сведок на менструален циклус кој е или прерано или подоцна од регуларниот циклус. Стресот е една од причините за ваквото нарушување на хормоните [12]. Најчесто и го обвинуваме стресот. Поради тоа, остануваме слепи за еден друг причинител, а тоа е глутенот. Кокошкина кожа Народски кажано, кокошкина кожа е црвено исипување на кожата [13]. Се појавува како резултат на недостаток од масни киселини и витамин А. Проблемот настанува како директен резултат на лоша апсорпција во цревата. Вие можете и да консумирате доволно масни киселини, но вашиот дигестивен систем не може да ги апсорбира поради глутенот. Автоимуни заболувања Глутенот како состојка е директен причинител и симптом за многу посериозни заболувања [14]. Тие вклучуваат Хашимото (Хашимотов тироидитис), ревматски артритис, лупус, псоријаза, па дури и мултиплекс склероза [15, 16] . Вртоглавица Во многу случаи премореноста е проследена со чувство на вртоглавица и зашеметеност. Исто како и премореноста, вртоглавицата може да биде симптом за други болести. Треба да се биде внимателен и да не се избрзува, но во секој случај да се провери и да се тестира. Хроничен замор Кога вашиот доктор не може да ги прецизира причините за заморот и за болката, добивате дијагноза за „фибромијалгија“. Ова мистериозно заболување тешко се дијагностицира поради сличноста на симптомите

Read More