ул. Христо Татарчев бр 117А, Припор


+ 389 78/308-866
+ 389 70/ 272-190


galanuts2015@gmail.com
galanuts2015@hotmail.com
sale@galanuts.mk
info@galanuts.mk

Социјални мрежи

Archive

Видови Брашно

Што е брашно?Брашното се создава со мелење зрно од жита додека не се формира фин или груб прав. Може да се направи од пченица, овес, ‘рж, просо, пченка и ориз, а најзастапена е пченицата. Во денешно време, брашното се создава и од јаткасти плодови и псевдо-житарки како што се бадемите, леќата и киноата. Зошто е важно брашното?Секое брашно е уникатно по тоа како ќе реагира односни каква стурктура ке даде на одреден рецепт. Брашното на база на пченица се разликува по квалитет и содржина на протеини. Колку е поголем протеинот, толку повеќе глутен се формира за време на процесот на печење. Важно е да се користи вистинскиот процент на протеини за леб, мафини и колачи за да се постигне вистинската текстура. Алтернативните брашна како бадемовото и кокосовото брашно се одлични за рецепти без житарки и без глутен, но тие различно реагираат на влага. Важно е да го изберете вистинското брашно кое ќе одговара на вашиот рецепт! Видови брашно Еве список на дванаесет видови на најчесто користени видови на брашно и во што истите да се користат. Сенаменско брашно!Брашното за сите намени, има од 10 до 12 проценти протеини и е најчесто користеното брашно од пченица. Со оглед на тоа што има средна количина на протеини, добро е за леб со крцкава кора и мека средина , но исто така е добро и за поедноставни колачи и мафини . Создадено е да одговара на повеќето рецепти, поради што се нарекува „сенаменско“. Тоа е безбедна опција доколку не сте сигурни кое брашно да го користите. Содржина на протеини: 10-12% Идеално е за леб, пити, мафини, палачинки и основа за тесто за пици и пастрмајлии, и можете да го најдете во сите маркети. Додека кај нас можете да ги најдете следните видови на брашна: Брашно од ориз:Оризовото брашно е брашно без глутен што се прави од различни сорти мелен ориз. Можете да го најдете и во бела и во кафена боја, а двата вида реагираат слично во рецептите. Ние имаме бело оризово брашно. Тоа е вообичаена замена за пченично брашно во рецептите без глутен. Обично се комбинира со други видови брашно за најдобра текстура, затоа сто е премногу остро и суво. Најдобро како самостојно брашно се докажало при правење на : мафини, колачиња и палачинки. Брашно од наут:Ова брашно што лесно се прави дома неодамна доби популарност низ целиот свет како алтернатива без глутен на пченичното брашно. Брашното од наут е богато е со јаглени хидрати, протеини и растителни влакна. Исто така, не содржи глутен. Преполно е со растителни влакна бидејќи самите леблебии се природно богати со оваа хранлива материја. Една чаша (92 грама) брашно од наутобезбедува околу 10 грама влакна – три пати поголема количина на влакна од бело брашно. Брашно од просоБрашното добиено од просо е одлична состојка за разни јадења. Има пријатен и по малку сладок вкус и е соодветно за слатки и за солени рецепти. Брашното од просо исто така е и богат извор на витамини и минерали. Не содржи глутен и затоа е совршен за безглутенска исхрана и диета. Се употребува во леб, палачинки и разни видови мафини, како и за солени рецепти. Брашно од спелтаСпелта (Triticum spelta) е вид житарица што е блиска роднина со пченицата. Нивото на глутен во спелтата е многу ниско, а оваа житарка е стара уште од античките времиња и добро позната по своите нутритивни својства. Спелтата и брашното од спелта се супер храна особено во Шпанија, Обединетото Кралство и во други делови на Европа. Содржи хранливи материи, витамини, минерали и есенцијални органски соединенија кои ги нема во други житни култури и во пченицата, што го објаснува особениот интерес за спелтата. Брашно од хељдаХељдата е богата со витамини Б6, тиамин, магнезиум, манган, бакар, фосфор. Го помага процесот на варење на храната, помага за слабеење, да немате тегоби и да не се чувствувате надуени. Има антиоксиданси со кои помага да се намали крвниот притисок и да се спречи згрутчување на крвта. Користете го брашното често. Од него се прават супер леб, пити и пецива. Брашно од овесКако што можете да претпоставите, овесното брашно се прави со мелење цели зрна овес односно зоб. Многу хранливо и богато со лесно разградливи влакна. Исто така, ова брашно не содржи глутен, што е многу важно доколку сте алергични. Овесот има значително помалку јаглехидрати од другите житарки, па затоа се препорачува употреба на овесно брашно за исхрана. Тоа е значаен извор на влакна, витамини и минерали, добри масти и протеини.

Read More