ул. Христо Татарчев бр 117А, Припор


+ 389 78/308-866
+ 389 70/ 272-190


galanuts2015@gmail.com
galanuts2015@hotmail.com
sale@galanuts.mk
info@galanuts.mk

Социјални мрежи

Микс 4ри семиња

Новина во нашиот асортиман МИКС 4 СЕМИЊА Нутритивни вредности за 100 g:Енергетска вредност – 2280 kЈ / 552 kcal Масти – 44.7 гр Заситени масти – 5.4 гр Јаглени хидрати – 9.6 gгр Шеќери – 1.3 гр Влакна – 16.2 гр Протеини – 19.6 грg Сол – 37 мг Оваа комбинација од семиња е вистински извор на здравје. Семињата може да ги користете од 1-3 супени лажици самостојно, потопени во јогурт или млеко, или како додаток во покомплексен оброк. Често се користат и како состојка во разни печива, како лебови, колачи, крекери и слично. Овој микс од семиња, може да го додадете во житарки, житникаши, протеински шејкови, овошни и зеленчукови салати. Ајде да ги разгледаме сите елементи посебно. Составот на овој микс е: интегрален сусам од кој ни доаѓаат количествата на калиум, лупен сончоглед – кој е пак најголемиот носител на протеини, семките од тиквите од кои се добиваат омега 3 киселините кои се здрави за нашето тело и семките од ленот – ги застапуваат растителните влакна и витамините од групата Б. Едноставно кажано, микс во кој има сѐ што ви треба. ИНТЕГРАЛЕН СУСАМСо користење на интегралниот сусам во секојдневната исхрана, вие го заштитувате и јакнете организмот. Иако семките на сусамот се мали по маса, тие се полни со многу хранливи единици и се одличен извор на калциум за телото. Фактот дека во една лажица интегрален сусам има 88 мг калциум, доволно говори за здравјето кое се крие во него. СОНЧОГЛЕД ЛУПЕНСемките од сончоглед заземаат заслужна улога на супер храна. Витамини и корисни елементи присутни во составот на семки од сончоглед позитивно влијаат на нервниот систем, помагаат во справувањето со неврозите, депресивните состојби, ненадејните промени во расположението и минимизирање на негативните ефекти на стресот врз телото. Сончогледово семе – богат извор на витамин Е. Ова соединение е моќен природен антиоксидант кој ги штити клетките од дејството на слободните радикали, го забавува процесот на стареење, е одговорен за здравјето на мукозните мембрани и кожата. СЕМКА ОД ТИКВАПокрај тоа што семките од тиква го повишуваат нивото на ХДЛ (корисниот) холестерол, содржат и фитостероли, состојки кои го снижуваат ЛДЛ (штетниот) холестерол и до 13 проценти. Семките од тиква им се препорачуваат на дијабетичарите. Имаат висока содржина на железо и незаситени масти кои се корисни за срцето. Не само што состојките во овие семки успешно го регулираат нивото на инсулин во крвта, туку помагаат и во намалување на ризикот од дијабетес. Луѓето кај кои е забележан недостиг од цинк, треба да размислат за грицкање семки од тиква. Тие изобилуваат со цинк, минерал кој недостига кај луѓето со фрактури на коските. ЛЕНЕНО СЕМЕЛененото семе е богат извор на омега 3 масни киселини кои се докажан фактор во спречувањето на кардиоваскуларните заболувања и намалувањето на ризикот од срцев удар. Ова е особено значајно за вегетаријанците кои не консумираат риба. Во следниот блог- пост ви објавуваме неколку рецепти како природни алтернативи за неколкуболести за кои помага миксот од 4 семиња.

Read More