341,00 ден–662,00 денPrice range: 341,00 ден through 662,00 ден
Сумак зачинот се добива само од сушени бобинки на специфичниот вид Rhus coriaria. Многу често, овој зачин се додава и во други мешавини од зачини, вкучително и во за’атар зачинот. Сумакот е многу чест зачин во кујните на Блискиот Исток, каде се употребува во повеќето рецепти кои вклучуваат месо и салати. Покрај специфичниот вкус кој го додава на различните рецепти, сè поголем број на студии даваат податоци за нови благотворни дејства на овој зачин. Корисните дејства, пред сè, се должат на неговата богата полифенолна и флавонидна содржина. Овие моќни антиоксидативни средства, можат да поттикнат намалување на нивото на холестерол и шеќерот во крвта, па дури и да ги намалат болките во коските.