Црното семе или Nigella Sativa Seeds вообичаена состојка која се наоѓа во индискaта кујна. Но, дали знаете дека можат да направат чуда за вашата коса? Семињата од Nigella Sativa се широко користени во подготовката на многу маски за коса и регенератори достапни на пазарот. Овие семиња имаат антиинфламаторни соединенија и хранливи материи кои се неопходни и корисни за вашата коса. За да ги внесете како дел од вашата рутина за нега на коса, можете да ги претворите во масло за коса. Подолу прочитајте како да направите масло од црно семе користејќи само неколку состојки. Црното семе има антиинфламаторни соединенија кои ја намалуваат иритацијата од вашиот скалп. Воспалението на скалпот доведува до првут и други проблеми со косата кои дополнително доведуваат до опаѓање на косата. Преполно со хранливи материи, црното семе е одлично за вашата коса. И ги дава потребните хранливи материи и го зголемува растот на косата. Со подобрување на здравјето на фоликулите на косата, ова масло го зголемува целокупното здравје на вашата коса. Со тоа не само што се зголемува растот на вашата коса, туку и го спречува опаѓањето на косата. Маслото од црно семе има линолеинска киселина која го спречува побелувањето на косата. Маслото од црно семе има омега 3 и тоа помага во зголемување на циркулацијата на крвта што дополнително го поттикнува растот на косата. Како да направите масло од црно семе дома?Потребни ви се: 1 лажица црни семки 1 лажица семки од тилчец/пискавец 200 мл кокосово масло 50 мл рицинусово масло Начин на подготовка:Ставете ги во блендер или мелница за кафе црното семе и семките од тилчец и сомелете ги во прав. Ставете го овој прав во стаклен сад. Додадете го кокосовото и рицинусовото масло и измешајте. Затворете го садот и ставете го на сончева светлина. Чувајте го 2 до 3 недели. Продолжете да го мешате маслото на секои два дена и по 2-3 недели процедете го. Нанесете го ова масло на вашата коса еднаш или двапати неделно за најдобри резултати. Како да користите масло од црно семе за коса:Маслото од црно семе е разновиден производ кој се користи за различни намени. Еве неколку начини на кои можете да го користите маслото од црно семе за коса: За третирање на првут, нанесете неколку капки масло од црно семе на скалпот. Можете исто така да го измешате со неколку капки масло од чајно дрво, за кое е познато дека е соодветно за лекување на првут. За да спречите оштетување на косата од штетните сончеви зраци, нанесете неколку капки масло од црно семе на косата, особено на врвовите. За да ја смирите иритацијата, измешајте неколку капки масло од црно семе и масло од лаванда и нанесете ги на скалпот и косата. Заедно тие можат да обезбедат смирувачки ефект и да спречат иритација. Совети за нанесување масло од црно семе:Еве неколку совети што треба да ги имате на ум кога нанесувате масло од црно семе на вашата коса: • Најдобро е да го користите маслото навечер, бидејќи може да направи вашата коса да изгледа мрсно кога се нанесува во текот на денот.• Ако имате здрава коса, додадете неколку капки масло од црно семе во вашиот регенератор за дополнителни придобивки.• Ако имате густа или груба коса, можете да употребите малку повеќе масло во косата. Погрижете се да не користите премногу, бидејќи тоа може да направи вашата коса да изгледа мрсно.• Друг начин да го користите маслото од црно семе е да го нанесете на вашата влажна коса наместо серум. И кокосовото масло и семките од тилчец се одлични за вашата коса. Тие ги спречуваат проблемите како опаѓање на косата и проретчување на косата. Кога користите масло од црно семе со други масла, може да биде навистина тешко да го отстраните од вашата коса. Користете добар шампон за да ја измиете темелно вашата коса.
Nigella sativa е мало црно семе кое потекнува од цветно растение од семејството Ranunculacea. По потекло од југозападна Азија и Медитеранот, сега расте низ Индија, Блискиот Исток и Европа. Нигела сатива со векови се користи во хербалната медицина за лекување на одредени здравствени состојби, вклучувајќи астма, бронхитис и воспаление. Долго време се користи и како конзерванс за зачини и храна. Во изминатата деценија, американски и арапски научници од реномирани истражувачки институти започнаа, користејќи современи методи, да ја анализираат оваа неверојатна билка. Претходните студии покажаа дека црното семе не делува директно на одделни органи, туку делува на целото тело преку имунолошкиот систем и прочистува преку дебелото црево, па придобивките се повеќекратни. Со зголемен стрес, конзумирање на средства за уживање, недостаток на движење, еднострана или погрешна исхрана, го уништуваме нашиот имунолошки систем. Современото имунолошко истражување потврдува дека редовната употреба на масло од црно семе има превентивно дејство против социјални болести како што се некои видови на рак, затнати артерии, ревматски заболувања, појава на катаракта на очите. Незаситените полномасни киселини, кои се содржани во црното семе, се потребни како градежни блокови за ткивните хормони. Тие го стимулираат метаболизмот и варењето на храната. Покрај тоа, тие го регулираат холестеролот и овозможуваат здрав метаболизам. Значи, тие се од големо значење за кожата и косата. Ефекти и делување Црното семе е безопасно и ефикасно и може да го користи скоро секој. Неговите ефекти се постигнуваат со упорна употреба. Ако се користи правилно и со правилна доза, тоа нема да предизвика никаква иритација или несакани ефекти. Црното семе може да се користи во третманот на Diabetes Mellitusa и дијабетес предизвикан од алергии, но се препорачува третманот да се спроведува под надзор на лекар, бидејќи дериватите на црното семе го намалуваат нивото на шеќер во крвта. Употребата на овој лек не се препорачува за бремени жени, додека на децата им се препорачува да консумираат половина од пропишаната доза. Исто така, пациентите со трансплантација на органи не треба да го користат маслото. Семето помага во спречување на астма, крвен притисок и одредени видови на рак. Се верува дека ова се должи на тимокинонот, активна состојка во екстрактот од масло од Nigella sativa која има антиинфламаторни, анти-тусивни, антихипертензивни, антидијабетични, антибактериски и антиканцерогени својства. Астма и алергии Природната супстанција на маслото од црно семе има потенцијал да ги ублажи симптомите на астма со проширување на бронхиолите за да овозможи проток на воздух во белите дробови. Nigella sativa има влијание и врз алергискиот ринитис. При назална конгестија, течење и чешање на носот и кивање, Nigella sativa помага во намалување на симптомите. Висок крвен притисок Nigella sativa има антихипертензивни својства, кои помагаат во намалување на крвниот притисок. Рак Во некои студии за клетките на ракот на човечките гради, мочниот меур, грлото на матката, простатата и бубрезите кои откриле дека Nigella sativa има потенцијал во борбата против ракот. Истражувањата покажале дека тимокинонот го инхибира размножувањето на клетките на ракот и во некои случаи, ги убива канцерогените клетки. Други болести и тегоби Некои студии сугерираат дека Nigella sativa може да има потенцијал во лекувањето на Алцхајмерова болест и висок холестерол. Други популарни намени вклучуваат: Воспаление Кашлица Дигестивни проблеми Мигрена Ревматичен артритис Поленска треска Подобрени ментални перформанси Егзема Чир на желудникот Метаболичен синдром Хепатит Ц Напади Контрацепција Зголемување на протокот на мајчиното млеко Менструални нарушувања
Кога ќе се спомене просото, поголемиот дел од луѓето помислуваат на храна за птиците, односно за папагали. Сепак, можеби и не е толку познато, но оваа хранлива и вкусна жaитарка која може да живее и на не толку богати почви, се употребувала од луѓето уште од почетоците на човековата цивилизација. Освен што е доста хранлив избор (витамини, минерали итн) просото не содржи глутен што го прави погодна храна и за оние со целијакија. Во зависност од начинот на подготовка, просото може да биде кремасто, како пире од компир, но и со поцврста површина и мека внатрешност, како оризот. Тоа го прави погодно за низа различни рецепти. Постојат повеќе видови од оваа житарка, односно повеќе бои и облици, но по нашите продавници најчесто можеме да го најдеме излупеното просо со жолта боја. Најчесто се користи во земјите во развој низ Африка и Азија, но во последно време и кај нас се користи доста често. Во продолжение, 4 причини зошто јадењето просо треба да биде уште почесто, но и кои лица треба да го избегнуваат. 1) Богат нутритивен, но и антиоксидативен извор Просото е пред сé скробна храна, богата со минерали и витамини. Во 174g просо се содржат: ◦ 207kcal ◦ 41g јаглехидрати ◦ 2,2g растителни влакна ◦ 6g протеини – просото обезбедува најмногу есенцијални аминокиселини од било која друга житарка. Аминокиселините се градбени единици за протеините, а есенцијални се оние кои телото не може само да ги продуцира, па мораат да бидат внесени преку исхраната. ◦ 1,7 масти ◦ 31% од Дневните Потреби за бакар ◦ 25% од ДП за фосфор ◦ 19% од ДП за магнезиум ◦ 24% од ДП за витамин Б2 ◦ 31% од ДП за витамин Б3 ◦ 29% од ДП за витамин Б6 ◦ 17% од ДП за витамин Б5 ◦ 8% од ДП за витамин Б9 ◦ 13% од ДП за калциум – најголема содржина на калциум од сите житарки. ◦ 6% од ДП за железо Просото е богато и со фенолни антиоксиданти, особено ферулична киселина и катехини. Антиоксидантите се прва линија на одбрана од процесите на хронична инфламација во организмот, предизвикани од оксидативниот стрес. Борбата на организмот со оксидативниот стрес, кој е предизвикан од слободните радикали е од особено значење за намалувањето на хроничните воспалителни процеси, кои пак се вбројуваат помеѓу главните ризик-фактори за повеќе хронични заболувања Феруличната киселина повеќето студии ја поврзуваат со побрзото заздравување на раните, со заштитата на здравјето на кожата, но даваат податоци и за нејзините силни антиоксидативните својства. Катехините генерално делуваат на заштитувањето од труењата со тешките метали, преку врзувањето со нив во крвотокот. Сепак, треба да се знае дека концентрацијата на антиоксидантите зависи од бојата на просото, оние потемните имаат поголеми количества. 2) Просото е добра храна за здравјето на срцето Освен што ова својство се должи на антиоксидативниот ефект, просото е од помош за срцевото здравје и на неколку други начини. На пример, тоа е добар извор на магнезиум, минерал кој е значаен во регулирањето на крвниот притисок, а во студиите се покажал и како намалувач на ризикот од срцев удар, особено кај луѓето со некакви срцеви заболувања. Просото е добар извор и на растворливи растителни влакна и одредени протеини, што може да делува на намалување на нивоата на холестерол, но и на маснотиите во крвта. Знаеме дека високиот процент на холестерол и триглицериди во крвта е помеѓу најзначајните ризик-фактори, кога станува збор за кардиоваскуларните заболувања. Дополнително, просото содржи фитонутриенти наречени лигнани, кои од користната цревна микрофлора се трансформираат во соединенија(најголемиот дел ентеролактони), кои освен што можат да имаат антиканцерогено дејство, делуваат заштитувачки и во однос на срцевото здравје. 3) Корисна храна и за дијабетичарите, но и за слабеење, дигестивно здравје Како што веќе споменавме, просото е одличен избор на растворливи растителни влакна и нескробни полисахариди – два типа на недигестибилни јаглехидрати кои ја помагаат контролата на шеќерот во крвта. Растителните влакна го намалуваат гликемискиот индекс на храната, односно брзината на преминување на глукозата во крвта е успорена. Дополнително, се врзуваат со водата во стомакот и промовираат чувство на ситост и се одлична храна за корисната цревна флора. Овие факти се корисни, покрај за процесот на слабеење и здравјето на корисната микрофлората, за луѓето со дијабет. Исто така, споменавме дека просто (како и повеќето полнозрнасти житарки) е богат извор и на магнезиум, минерал кој делува како кофактор за преку 300 ензими, вклучително и ензимите кој имаат улога во метаболизмот на глукозата и инсулинската секреција или лачење. Сé поголем број студии укажуваат дека освен што полнозрнастите житарки го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни заболувања, тие го намалуваат и ризикот од дијабет тип 2. 4) Добра храна за превенирање од создавањето на жолчни камчиња Одредени студии покажуваат резултати според кои просото и останатата храна богата со нерастворливи и растворливи растителни влакна, можат да им помогат на жените да ги избегнат непријатните симптоми, однсно појавувањето на жолчните камчиња. На пример, една студија спроведена на околу 70 илјади жени, вели дека оние кои консумирале храна богата со фибер (било кој вид), имале за 13% намален ризик од развивање на жолчни камчиња, во споредба со оние кои не консумирале храна богата со растителни влакна. Нерастворливите влакна пак, се покажале како намалувачи на ризикот и до 17%. Истражувачите сметаат дека ова дејство на фиберот се должи, не само на неговото дејство во однос на побрзото придвижување на хранта во дигестивниот тракт, односно добрата цревна перистатика, туку и на неговото намалувачко дејство во однос на лачењето жолчни киселини. Плус на тоа, подобрената инсулинска сензитивност и подобрениот вкупен липиден профил, кој исто така е можен со поголема консумација на растителни влакна, игра одредена улога. Кои лица треба да го избегнуваат просото? Просото содржи компоненти наречени гоитрогени кои студиите ги поврзуваат со нарушувањето на нормланата функција на тироидната жлезда. Сепак, според истражувања, потребни се доста големи концентрации од гоитрогените за да се покажат несакани ефекти! Повеќето несакани ефекти се забележани кај пациентите со недостаток на јод. Исто така, готвењето на храната со гоитрогени, значително ги деактивира. Исклучок од ова е просото. За него, истражувачите велат дека може да биде штетно кај луѓето со проблеми со тироидната